07/09/2026
Денес е светскиот ден на чистиот воздух.
‼️Според последните испитувања, Македонците дишат исклучително загаден воздух и се наоѓаат на прво место по смртност поврзана со аерозагадувањето во Европа, со над 4500 прерано починати граѓани. Секое деветто дете умира од последици од аерозагадување. Дополнително на смртноста се и хроничните заболувања кои се причина за болна, непродуктивна, многу економски скапа и несреќна нација.
🌳Додека останатите нации во светот прават сериозни исчекори и преземаат мерки за намалување на загадувањето по градовите, во Македонија иницијативи како Збогум Буково сеуште работат на анимирање на надлежните за препознавање на проблемот и конечно јавно заложување во насока намалување на негативните ефекти од загадувањето. Без комплетно соочување со овој проблем, нема да има вистински напредок.
⛵️Минатата зима Охрид неколку пати имаше позагаден воздух и од Скопје којшто во последните години се наоѓа меѓу најзагадените градови во светот. Волјата за менување на состојбата може да се демонстрира уште веднаш од локалната власт, а искреноста ќе биде препознаена од граѓаните кои се особено тренирани на препознавање на лажни ветувања. Конкретните мерки коишто Охрид треба конечно да ги преземе, меѓу другите се:
🔥 Сериозно преземање мерки за гасење на пожарите и горењето на ѓубриштето Буково. Ребаланс на буџетот со одделување повеќе финансии за приближно коректно управување со ѓубриштето, обезбедување на постојан доток на земја за покривање, конечно затворање на целата површина на ѓубриштето со заштитна мрежа и обезбедување постојан надзор за превенција на палењето. Изработка на противпожарен појас којшто нема да се разлеа на следниот дожд. Контрола врз достапот во ѓубриштето.
♻️ Убрзување на процесот на поставување систем за управување со отпад. Мрежа за селектирање на отпад низ целата општина, изградба на собирни центри, компостара и конечен план со конкретна временска и финансиска рамка за санација на Буково и преминување кон користење на регионалната депонија.
🏢Стопирање на неконтролираната урбанизација со која само во последните години Охрид се “збогати” со над 70 нови згради. Градбите придонесуваат за создавање на урбан лавиринт којшто оневозможува природно прочистување на воздухот, провев, со што делови од Охрид особено зимно време остануваат затнати со ефект на гасна комора.
🚜 Ефикасно и бескомпромисно работење на инспекциските служби при спроведување на обврските на градежниците за правилно, еколошко работење. Моментално камионите на градежните постројки излегуваат неизмиени и разнесуваат земја и прашина по улиците и во градскиот воздух.
🌱Казнивост според закон за непочитување на уделот на зеленилото при изградба на новите згради. За секоја зграда треба да се обезбеди минимален процент од вкупната површина којашто ќе биде зелена.
🚗Намалување на слободата на движење на автомобилите со спроведување на активности за контролирање и казнување на неправилното паркирање и возење и усвојување на концептот на улици создадени за пешаците. Со ослободување на јавните простори, тротоари, улици, забрана за движење на автомобили и нивно адаптирање за пешаците ќе се охрабрат граѓаните да ги остават автомобилите дома и оние дистанци кои може да се минуваат пешки да се поминат така.
🚴🏻♀️Изгадба на безбедна инфраструктура за користење на велосипед и други алтернативни начини за движење низ Охрид со што ќе се намали користењето на автомобилите, а со тоа и непосредното загадување на воздухот.
🌳Сериозен, не импровизиран, план за зголемување и негување на урбаното зеленило. Достапност на квалитетни зелени површини со дрвја и дрвореди. Дрвјата се белите дробови на градовите и целата планета, но за нивно одгледување се потребни средства, стручност и посветеност. Ве повикуваме да откриете колку дрвја се засадено во Охрид во последните 10 години, а колку се исечени. Стоп на праксата на сечење здрави дрвја и нивна замена со видови кои се без бенефит и за воздухот и за ефектите од климатските промени како екстремните временски услови.
🌊 Заштита на езерото со намалување на човечкиот негативен фактор. Охридското езеро е непроценлив природен ресурс којшто покрај другото учествува и во прочистувањето на околниот воздух и создавање на можност за природно проветрување.
🫧Обновување и заштита на Студенчишко блато. Блатата се најголемите и најефикасните складирачи на јаглерод диоксид.
#збогумзагадување
#збогумбуково
#збогумимауцкер
#светскиденначистиотвоздух
#133охриѓанимртвисекојагодина