14/08/2024
🍯🐝Веќе традиционално и оваа година „МЕДЕН РАДОВИШ“- манифестација на која пријавените излагачи во периодот од 16,17 и 18 август 2024 година ќе бидат дел од регионални туристички промотивни денови во градот Радовиш на локација-централно градско подрачје на Плоштадот Св. Спасо Радовишки. Манифестацијата е предвидена пред деновите каде се одбележува чествувањето на патронот и заштитник на градот - Св.Спасо Радовишки.
📌 Локација: Плоштад Св. Спасо Радовишки
Отварање на манифестацијата Петок 16.08.2024 год. од 19.00 часот.
🔖 Oваа година манифестацијата ќе биде збогатена со дополнителни програмски содржини и изложувачи на здрави еколошки производи. Излагачи на оваа традиционална манифестација ќе бидат: Производители на мед и производи од мед, производители на други земјоделски производи, производители на локална храна и специјалитети и НВО што работаат во областа на туризмот.
🌀 Со особена чест и задоволство Ве покануваме да бидете дел од Манифестацијата „Меден Радовиш“ и чествувањето на патронот и заштитник на градот - Св.Спасо Радовишки.