29/05/2025
ЧАЈ ОД СЛАДОК ПЕЛИН:
Една супена лажица сува билка прелијте со 250 мл млака вода (40 степени), поклопете да отстои 15 минути, па процедете и консумирајте. Вака приготвениот чај има нешто помалку лековито дејство од она што се натопува преку цела ноќ, но ако ви брза направете го вака. Со чајот од сладок пелин можете да ги измивате очите при јадеж, кожа и лице при алергии.
Инаку, при берење на слаткиот пелин треба да се обрати внимание да биде одгледана во незагадена околина, и да биде во полн ек на цветање, на сончево време. Се чуви под сенка на проветно место, никако на сонце. Правилно исушената билка има нежно зеленкаста боја.
Напомена: не се препорачува за бремени жени.
Во народните верувања се сметал за билка која носи среќа и љубов, па бил опејуван во многу народни песни. Гранчиња Артемисија се ставале под пазувите во неделите и за празниците. Меѓутоа со развојот на модерната медицина, слаткиот пелин отишол во заборав. Повторно го воскреснаа кинеските научници на чело со Ту Јују која доби Нобелова награда за медицина.
Артемисинин се користи како: антивирусно, антибактериско, антиканцерогено, антипаразитско, антигабично, антиинфламаторно и антималариско средство. Артемисинот е единствен признат лек кој може целосно да ја излекува маларијата. Покрај артемисин, слаткиот пелин во себе содржи и доста лековити состојки кои во синергија се одлични за човековото здравје. Се издвојуваат најважните: кверцетин, лутеолин, камфор, бета-ситостерол, карвакол.
Слаткиот пелин не е замена за медицински лекови, туку додаток на лекувањето. Слаткиот пелин нема контраиндикации. Сепак, препорачливо е да се прави пауза од време на време. За интензивен третман потребни се 2 mg артемисинин од сладок пелин по килограм телесна тежина.
Телото многу брзо го троши артемисининот и речиси е неопходно да се земаат дополнителни количини во различни форми во текот на денот. Количината на артемизинин се преполовува на секои 40 минути. Тоа значи дека два часа по консумирањето, во организмот нема повеќе корисни компоненти на слаткиот пелин. Интензивниот третман трае 10 недели и се пијат 2 најмногу 3 шољи чај на ден, потоа се прави пауза од 7 дена .