Топ Едукатор Здравствен Клуб

Топ Едукатор Здравствен Клуб Pharma консалтинг!

Pharma Market Access! Продажна, маркетинг и менаџмент едукација! Здравственa, Welness & Fitness едукација! Книга 50=100!

ТВ Интервју на  Канал 24 – Промоција на новата книга „50 поголемо од 100“Летото е најголемата илузија: „топло е, значи з...
11/06/2026

ТВ Интервју на Канал 24 – Промоција на новата книга „50 поголемо од 100“

Летото е најголемата илузија: „топло е, значи здрави сме“. А реалноста? Лето = дехидратација, стомачни инфекции, труење со храна, сончаница, изгореници и убоди од инсекти.

Во „50>100“ го ставив правилото што спасува од паника: превенција, не импровизација.
📌 Твојот „мини план“ за здраво лето:
✅ вода + електролити (ОРС кога треба)
✅ сонце со дисциплина (12–17ч не е време за „јунаци“)
✅ храна без ризик (мајонези, кремови и лошо чувана храна = не)
✅ пробиотик пред/за време/после патување – особено кај деца и луѓе со чувствителен стомак

Летото не бара паника - бара подготвеност.
📘 „50>100“ е практичен водич што од пациент ве прави партнер во здравјето.

https://stranica.mk/product/50-zdravstveni-soveti-za-prvite-100-godini-od-zhivotot-ii-del/

#50поголемоод100 #ТопЕдукатор #ЗдравственСовет #ЗдравЖивот #Лето #Превенција

https://www.youtube.com/watch?v=fnaZ0wPAkcY

50 поголемо од 100 е втор дел од прирачникот за здрав животен стил ...

Селенот е клучен микронутриент за силен имунитет, антиоксидативна заштита и нормална функција на тироидната жлезда. Особ...
05/06/2026

Селенот е клучен микронутриент за силен имунитет, антиоксидативна заштита и нормална функција на тироидната жлезда. Особено е важен кај лица со тироидни нарушувања, ослабен имунитет и зголемен оксидативен стрес. #ЗдравственСовет #Топедукатор

📘 „50>100“ ги има насоките — јасно, практично и применливо. Нарачај на линкот– https://stranica.mk/.../50-zdravstveni-so...
31/05/2026

📘 „50>100“ ги има насоките — јасно, практично и применливо. Нарачај на линкот– https://stranica.mk/.../50-zdravstveni-soveti-za-prvite.../

#50поголемоод100 #ТопЕдукатор #ЗдравственСовет #Детокс #ЗдравЖивот

Планината има една моќ што градот ја нема —
ти го смирува умот, ти го прочистува телото и те потсетува колку малку ни треба за да се чувствуваме подобро.

Во денови на spa, detox и тишина, уште еднаш станува јасно: здравјето не е луксуз.
Тоа е избор што го правиме секој ден.

А добриот избор секогаш почнува со знаење.

Затоа и книгата „50>100“ не е само книга.
Таа е потсетник дека грижата за себе не треба да започне кога ќе се појави проблем — туку многу порано, со свесност, дисциплина и правилни навики.

Детоксот не е само за телото.7
Понекогаш ни треба детокс и од стрес, од брзање, од лоши рутини и од занемарување на сопственото здравје.

Планина. Мир. Знаење.
Совршена комбинација за нов почеток.

#ТопЕдукатор #50над100 #ЗдравЖивотенСтил #ПланинскиМир #Здравје

Q&A: Кога и како да користиме CBD препарати?Најкраткиот и најважен одговор е:не по тренд, туку по потреба. Не на своја р...
26/05/2026

Q&A: Кога и како да користиме CBD препарати?

Најкраткиот и најважен одговор е:
не по тренд, туку по потреба. Не на своја рака, туку со правилна проценка.

CBD препаратите денес се сѐ почесто присутни во разговорите за wellbeing, релаксација и квалитет на живот. Но добрата препорака не започнува со прашањето „што е популарно?“, туку со прашањето: кому, кога и зошто навистина му е потребен производот?

Кога има смисла да се разгледа CBD?
✅ кога постои изразена психофизичка напнатост,
✅ кога лицето бара поддршка за релаксација и баланс,
✅ кога има нарушен квалитет на сон,
✅ кога е потребен индивидуален, внимателен пристап, а не шаблонска препорака.

Како да се користи?

* со јасно дефинирана цел
* со внимание на составот и квалитетот на производот
* со проверка дали лицето користи друга терапија
* со реални очекувања, а не со верување дека постои „чудотворно решение“

Да бидеме јасни:
CBD не е за секого, ниту е замена за медицинска проценка кога постои посериозен проблем.
Тој може да има свое место како дополнителна поддршка — но само кога зад препораката стојат знаење, безбедност и одговорност.

Фармацевтот и здравствениот професионалец тука имаат клучна улога: не само да препорачаат производ, туку да помогнат пациентот да разбере кога има смисла, како правилно се користи и што реално може да очекува.

👉 Според вас, што е најважно кај CBD препаратите: правилната индикација, квалитетот на производот или доброто советување?

#ТопЕдукатор #Фармацевт #ЗдравственСовет

Nyd de videoer og den musik, du holder af, upload originalt indhold, og del det hele med venner, familie og verden på YouTube.

Холестеролот денес веќе не е „болест на старите“. Го гледаме кај луѓе во доцните 30-ти и раните 40-ти – и најчесто не за...
23/05/2026

Холестеролот денес веќе не е „болест на старите“. Го гледаме кај луѓе во доцните 30-ти и раните 40-ти – и најчесто не затоа што „таква им е генетиката“, туку затоа што стилот на живот го диктира резултатот: нездрава храна, цигари/алкохол, слаба физичка активност и хроничен стрес.

И тука доаѓа најважната поента од „50>100“:
Статините не се „првиот чекор“. Тие се чекор кога ризикот е реален – а шансата да ги одложиш е во дисциплината.
📌 Кратко, практично:
✅ Холестеролот е липид што се создава во црниот дроб и се внесува преку животинска храна; во умерени количини е корисен (клетки, хормони, витамин Д).

🚨 Проблемот е кога е покачен → води кон атеросклероза и поголем ризик за кардиоваскуларни компликации.
Во темата обработувам и нутритивна поддршка што се користи во пракса: црвен ориз (инхибиција на синтеза), артичока (стимулира разградба), поликозанол (LDL↓, TG↓, HDL↑) и холин (метаболизам на липиди + функција на црн дроб).

Прашање за вас (искрено): кога последен пат ги проверивте липидите?
Ако мислите дека сте „во форма“, тоа не е доказ — направете лабораториски анализи.

📘 „50>100“ ги има насоките — јасно, практично и применливо. Нарачај на линкот– https://stranica.mk/.../50-zdravstveni-soveti-za-prvite.../

#50поголемоод100 #ТопЕдукатор #ЗдравственСовет #Холестерол #ЗдравЖивот

Системското воспаление не е „тивок“ проблем.Тоа е состојба која полека го исцрпува организмот и често стои зад хроничен ...
19/05/2026

Системското воспаление не е „тивок“ проблем.
Тоа е состојба која полека го исцрпува организмот и често стои зад хроничен замор, болка, нарушен имунитет и намален квалитет на живот.

Во најновиот #ТопЕдукатор видео совет зборуваме за потенцијалната улога на CBD препаратите како поддршка кај системски воспалителни процеси — со фокус на современиот пристап, научната перспектива и важноста на индивидуализираниот третман.

📌 CBD не е „магично решение“, туку дел од поширок концепт:
✔️ здрава исхрана
✔️ контрола на стрес
✔️ квалитетен сон
✔️ физичка активност
✔️ стручен медицински совет

Денес, здравјето бара информирани одлуки — не импровизации.

🎥 Погледнете го видеото и дознајте повеќе за современиот пристап кон воспалителните процеси и поддршката на организмот.

#ТопЕдукатор #Здравје #Воспаление

Nyd de videoer og den musik, du holder af, upload originalt indhold, og del det hele med venner, familie og verden på YouTube.

16/05/2026

Една од најчестите „тивки“ приказни што ги гледаме во пракса е оваа: човек се чувствува „добро“, а со години живее со висок крвен притисок – без симптоми, сè додека не се појави компликација. Токму затоа хипертензијата е опасна: долготрајни вредности над 140/90 mmHg (или над 130/90 mmHg кај дијабетичари) го оштетуваат срцето, мозокот, бубрезите и очите и го зголемуваат ризикот од инфаркт и мозочен удар.
Една поента што сакам да остане запаметена:
✅ Генетиката не е пресуда, но стилот на живот е Ваша одлука!
Контрола на сол (до ~3 г/ден), 30 минути движење дневно, нормална телесна тежина, управување со стрес, без цигари и помалку алкохол – ова се „лекови“ што немаат рок на траење.
И уште една асертивна порака за сите пациенти:
💊 Ако ви е воведена терапија – не ја прекинувајте затоа што „ви е подобро“. Хипертензијата се враќа. Дисциплина + редовно мерење = контрола.
📌 Прашање за вас: Кога последен пат го измеривте притисокот? (Денес е добар ден.)
📘 „50>100“ ги има насоките — јасно, практично и применливо. Нарачај на линкот– https://stranica.mk/.../50-zdravstveni-soveti-za-prvite.../

#50поголемоод100 #ТопЕдукатор #ЗдравственСовет #Хипертензија #ЗдравЖивот

Полидозни или монодозни препарати?Не е прашање само на форма — туку на правилен избор за вистинскиот пациент.Монодозните...
12/05/2026

Полидозни или монодозни препарати?
Не е прашање само на форма — туку на правилен избор за вистинскиот пациент.

Монодозните препарати нудат:
✅ прецизна доза
✅ поголема хигиена
✅ помал ризик од контаминација
✅ практичност кај чувствителни пациенти и деца.

Полидозните препарати пак, имаат свои предности:
✅ поекономична употреба,
✅ практичност за подолг период,
✅ погодност кога производот се користи редовно од ист корисник.
Но да бидеме јасни:
не постои “подобра” форма за сите.
Постои само посоодветна форма според потребата, возраста, начинот на употреба и безбедносниот аспект.
Во фармацијата, добриот совет не е само „што да се земе“,
туку и во каква форма да се земе.
Затоа, кога следен пат ќе бирате препарат, прашајте се:
дали приоритет е прецизноста и хигиената, или практичноста и економичноста?
👉 Според вас, во секојдневната пракса што е поважно: безбедноста на монодозните или практичноста на полидозните препарати?
#ТопЕдукатор #ЗдравственСовет #Фармација #Препарати

Nyd de videoer og den musik, du holder af, upload originalt indhold, og del det hele med venner, familie og verden på YouTube.

11/05/2026

Справување со здравствени проблеми после изолациски болести
Изолацијата остава траги — и кај телото, и во ‘’главата’’. А најчестата грешка е што луѓето мислат: „Ќе помине само од себе.“
⚠ Што оставаат изолациските состојби зад себе?
• физичка неактивност + зголемена тежина
• ослабен метаболизам + нарушена крвна слика
• анксиозност и несоница
• намален имунитет + повторливи инфекции
• проблеми со концентрација, вид и дигестија
✅ Како да го вратиш телото во нормала (паметно и системски):
1. 🧪 Лаборатории: крвна слика + глукоза + липиди + ензими на црн дроб + витамин Д
2. 🚶‍♂️ 30 минути дневно движење (прошетки, истегнување, домашен тренинг)
3. 🥗 Исхрана за регенерација: овошје/зеленчук + протеини + интегрални житарки + пробиотици
4. 🧬 Поддршка за метаболизам: црвен ориз, артичока/холин, омега-3, пробиотици + јаболков оцет
5. 😰 Сон и нервен систем: магнезиум + Б-комплекс + валеријана/маточина/пасифлора/шафран + мелатонин (ако треба)
6. 👁 Дигитална хигиена: лутеин/зеаксантин + витамини Ц и Е + омега-3 + лимит на екран
7. 💧 Имунитет: пробиотици, бетаглукани, вит. C и D, цинк, селен + 2–3 л вода дневно
📌 Пораката е проста: по изолација не ти треба „ново апче“, туку нов план.
📘 „50>100“ ги има чекорите — јасно, практично и применливо. Нарачај на линкот– https://stranica.mk/.../50-zdravstveni-soveti-za-prvite.../

#50поголемоод100 #ТопЕдукатор #ЗдравственСовет #Имунитет #Закрепнување #ЗдравЖивот

Несоницата не е ситница.Таа е тивок крадец на енергија, концентрација и квалитет на живот.Кога човек долго време не спие...
05/05/2026

Несоницата не е ситница.
Таа е тивок крадец на енергија, концентрација и квалитет на живот.

Кога човек долго време не спие добро, не страда само ноќта — страда и денот: замор, раздразливост, пад на фокус, нервоза и чувство дека телото никогаш не се „рестартира“.

Токму затоа, темата за примена на CBD при несоница бара сериозен и рационален пристап.
CBD не треба да се гледа како „магично решение“, туку како можна дополнителна поддршка кај лица со нарушен сон, особено кога проблемот е поврзан со напнатост, стрес и тешкотија да се постигне релаксација навечер.

Но да бидеме јасни:
✅ прво се бара причината за несоницата,
✅ се проценува дали има друга терапија или состојба,
✅ се поставуваат реални очекувања,
✅ и секогаш се работи на хигиена на сон: помалку екрани, помалку стимуланси, повеќе рутина.

Во пракса, најдобар ефект нема кога бараме „нешто за спиење“,
туку кога градиме услови за сон.

CBD може да има свое место — но само кога е дел од поширок, одговорен пристап кон здравјето.

👉 Според вас, што најчесто стои зад несоницата денес: стрес, екрани, лоша рутина или хроничен замор?

#ТопЕдукатор #Несоница #Сон #ЗдравственСовет

Nyd de videoer og den musik, du holder af, upload originalt indhold, og del det hele med venner, familie og verden på YouTube.

Address

Skopje
Skopje

Opening Hours

Monday 08:00 - 17:00
Tuesday 08:00 - 17:00
Wednesday 08:00 - 17:00
Thursday 08:00 - 17:00
Friday 08:00 - 17:00

Telephone

+38971593193

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Топ Едукатор Здравствен Клуб posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Business

Send a message to Топ Едукатор Здравствен Клуб:

Share