24/03/2026
🧪 Лицата со дијабетес имаат двојно поголем ризик за срцеви заболувања или мозочни удари, отколку лицата што не боледуваат од дијабетес. Болестите на срцето понекогаш се опишуваат како “тивка“ состојба – затоа што често воопшто и да нема симптоми – се додека не се случи срцев или мозочен удар. Според American Heart Association и иницијативата на Американската асоцијација за дијабетес (ADA) постојат многу начини да го заштитите своето срце и секако да го намалите ризикот од срцеви заболувања, a за лицата со дијабетес е од особена важност да преземат превентивни мерки за заштита на срцето.
🧪🧪 GLP – 1 (супстанци кои имаат афинитети кон рецепторите поттикнувајќи ја нивната физиолошка активност) се видови лекови кои што се препорачуваат на лицата со дијабетес тип 2, а заради намалување на нивото на шеќерот во крвта и на телесната тежина, како и заради заштита од можни срцеви и мозочни удари кај оние луѓе што боледуваат од срцеви болести.
🧪🧪🧪 Кои GLP-1 агонисти постојат?
Rybelsus (Novo Nordisk, таблета за орална примена – еднаш дневно)
Bydureon (AstraZeneca,инјекција, еднаш неделно)
Ozempic (Novo Nordisk, инјекција, еднаш неделно)
Trulicity (Lilly, инјекција, еднаш неделно)
Victoza (Novo Nordisk, инјекција, еднаш дневно)
Lyxumia (Sanofi, инјекција, еднаш дневно)
Byetta (Lilly, инјекција, два пати дневно)
Прочитајте повеќе на следниот линк 👇👇👇
Агонистите на GLP - 1 (супстанци кои имаат афинитети кон рецепторите поттикнувајќи ја нивната физиолошка активност) се видови лекови кои што се препорачуваат на лица....