Inner Dance by Maja Marija

Inner Dance by Maja Marija Holistic& Energo Healing & Education
Sovetnik za licen razvoj, transformacija i otkrivanje na sopstveniot potencijal

🌿 4 ЧЕКОРИ КОН СЕБЕ 🌿Еднодневен ретрит – повлекување во Охрид29 август 2026 | 16:00 – 22:00 часот📍 Хотел Тино СПА, Св. С...
18/08/2026

🌿 4 ЧЕКОРИ КОН СЕБЕ 🌿
Еднодневен ретрит – повлекување во Охрид
29 август 2026 | 16:00 – 22:00 часот
📍 Хотел Тино СПА, Св. Стефан – Охрид

Понекогаш не ни треба да заминеме далеку за да се вратиме кон себе. Ни треба само да застанеме.
Да го оставиме надворешниот свет на неколку часа и да си дозволиме простор во кој не мора ништо да правиме, ништо да докажуваме и никому ништо да даваме.
Само да бидеме.

Од таа потреба се роди „4 ЧЕКОРИ КОН СЕБЕ“ – еднодневно повлекување во Охрид, создадено како простор за забавување, присутност, внатрешно слушање и повторно поврзување со себе.
Охрид, водата, природата и просторот на Хотел Тино СПА ќе бидат нашата позадина за едно попладне и вечер посветени на тебе.

Што значи повлекување?
Не значи бегство од животот.
Туку свесно повлекување од секојдневието за повторно да го чуеш она што се случува во тебе.
Неколку часа во кои можеш да го спуштиш товарот што го носиш.
Да се отвориш.Да почувствуваш.Да освестиш.Да отпуштиш.
И да направиш простор за нешто ново.
Можеби за нов увид.
Можеби за одговор.
Можеби само за тишина.
А можеби за нешто што воопшто не си го очекувала.
Средба со себе. ❤️
________________________________________

🌿 ШТО ЌЕ ПРАВИМЕ?
Ова нема да биде само време во кое ќе разговараме и ќе слушаме.
Ќе поминеме низ четири внимателно поврзани чекори, создадени како едно целосно патување – од телото, преку здивот и енергијата, кон подлабоко внатрешно искуство и на крај кон интеграција и релаксација.
Секој пријавен учесник ќе добие целосна агенда на програмата, со распоред и содржина на сите процеси.

① Соматски TRE вежби
Ќе започнеме од телото.
Преку TRE – Tension & Trauma Releasing Exercises, едноставни соматски вежби кои му овозможуваат на телото постепено да ја ослободува насобраната напнатост.
Без форсирање и без потреба нешто да постигнеме.
Преку движењето и свесното присуство му даваме простор на телото да го активира својот природен механизам на отпуштање.

② Воден процес – здив, енергија и подготовка за InnerDance
По работата со телото ќе продолжиме со воден процес во кој преку здив, внимание и енергетска работа постепено ќе се движиме од надворешното кон внатрешното.
Ќе создадеме простор за забавување, освестување и продлабочување на контактот со телото.
Овој процес е замислен како мост кон InnerDance – постепено отпуштање на контролата, смирување на умот и отворање кон она што телото и внатрешниот свет сакаат да ни го покажат.
Не мора ништо да форсираш.
Само следи го здивот.
Следи го чувството.
И дозволи му на телото полека да те одведе таму каде што зборовите повеќе не се потребни.

③ InnerDance - Од таа состојба продолжуваме во InnerDance – длабоко патување навнатре преку музика, звук, движење и телесно чувство.
Не треба да знаеш да танцуваш. Не постои правилен начин.
Само дозволи му на телото да го пронајде својот ритам.
Кога умот ќе престане да контролира, телото понекогаш почнува да зборува на својот јазик.
Може да се појават чувства, сеќавања, увиди или едноставно едно длабоко чувство на присутност.
InnerDance е простор во кој не мораш да знаеш каде одиш – само да му дозволиш на телото да те одведе.

④ Звучна купка
По сите процеси ќе се препуштиме на звучна купка.
Звукот, вибрацијата и звучните инструменти ќе создадат простор за длабока релаксација и интеграција на сето она низ што сме поминале.
Нема што да правиш.
Нема што да постигнеш.
Само легни, затвори ги очите и дозволи звукот да те носи.
Од движење – кон тишина.
Од активност – кон отпуштање.
Од надворешниот свет – назад кон себе.
________________________________________
⑤ ТВОЈАТА ОДЛУКА - А петтиот чекор?
Тој е само твој. Твојата одлука да застанеш.
Да си дозволиш еден ден без брзање, без обврски и без потреба постојано да бидеш тука за сите други. Да си дозволиш време за себе.
Да кажеш: „Сега сум јас на ред.“
Затоа што понекогаш најголемиот чекор кон себе не е уште едно знаење, уште еден процес или уште еден одговор.
Туку едноставно — да си дозволиш да бидеш со себе. 🌹
Петтиот чекор не го водам јас.
Го правиш ти.
________________________________________

🌬️ СПЕЦИЈАЛЕН ГОСТИН – ВИКТОР ПЕТРОВСКИ
Како специјален гостин на ретритот ќе ни се придружи Виктор Петровски, долгогодишен практичар на Преродно дишење (Rebirthing Breathwork), кој ќе води посветена сесија со здивот како дополнување и продлабочување на целокупниот процес.
________________________________________

🌸 ЕДНО ЦЕЛОСНО ИСКУСТВО
Она што го прави ова повлекување посебно е начинот на кој различните методи се надоврзуваат еден на друг.
Не се работи за неколку одделни техники, туку за едно целосно искуство кое јас го креирав и го водам низ моите знаења, искуства и долгогодишна работа со телото, енергијата, свеста и звукот.

Телото се буди и отпушта.
Здивот и енергијата го продлабочуваат контактот со себе.
InnerDance ја отвора внатрешната слобода.
Звукот нè враќа во тишина и интеграција.

Ќе се движиме.Ќе дишеме.Ќе чувствуваме.Ќе освестуваме.Ќе отпуштаме.И потоа ќе застанеме.Ќе легнеме.Ќе ги затвориме очите. И ќе му дозволиме на звукот да го заокружи она низ што сме поминале.
________________________________________
🌹 КОЈ ГО ВОДИ РЕТРИТOТ?
Ретритот го води Маја Марија Милан – холистички советник, енерготерапевт и фасилитатор на трансформација, со долгогодишно искуство во работа со телото, енергијата, свеста и различни методи на личен развој.
Во својата работа ги поврзува знаењата и искуствата од TRE, InnerDance, енерготерапевтски практики, звучни процеси и телесно ориентирани пристапи, создавајќи простор во кој секој човек може да го следи сопствениот процес без притисок и без потреба да биде нешто поинакво од она што е.
Ова повлекување е креирано како една целина, во која секој процес природно се надоврзува на следниот.
________________________________________
🌊 ЗОШТО ЕДНОДНЕВНО ПОВЛЕКУВАЊЕ?
Затоа што знам дека не секој може да си дозволи да замине на неколку денови.
Но можеби секој од нас може да си дозволи еден ден.
Еден ден без брзање.
Еден ден без улогите што секојдневно ги носиме.
Еден ден во кој нема да бидеш ничиј/а мајка/татко партнер/ка, вработен/а, организатор/ка, поддршка за сите други...
Туку само ти.
Да застанеш.
Да забавиш.
Да дишеш.
Да почувствуваш.
Да слушнеш што ти треба.
И можеби да се сетиш на нешто што во брзината на секојдневието си го заборавила.
Како е да бидеш со себе.
________________________________________
🌿 ОХРИД – ЕДНО ОД МОИТЕ МЕСТА НА ВРАЌАЊЕ
Охрид за мене има посебно значење.
Тоа е градот од кој го носам своето потекло и едно од местата на кои секогаш се враќам.

Другото е Ртањ, а во негова близина е Грофивија во Планинице – местото каде што во 2022 година го реализирав мојот прв ретрит и каде што оваа година повторно ќе се вратам во септември.

Вода и планина. Охрид и Планинице.
Два различни простори, а истиот повик – да се вратиме кон себе. 🌹
________________________________________
🌸 ПРИЈАВУВАЊЕ И РАЗМЕНА НА ЕНЕРГИЈА
Своето место можеш да го резервираш со пополнување на формуларот преку линкот https://forms.gle/b5Xnd8VJtJvftBzg9
По пополнувањето на формуларот ќе ги добиеш сите потребни информации за начинот на уплата.

РАНА ПРИЈАВА – до 23 август
Размена на енергија: 4.444 денари

ПРИЈАВИ ПО 23 АВГУСТ
Размена на енергија: 5.555 денари

✨ Бројот на места е ограничен.

Местата се пополнуваат по принципот:
„Кој прв ќе се пријави – прв ќе го обезбеди своето место.“

Затоа, ако почувствуваш дека ова е твојот момент, резервирај го своето место навреме.
Не мора да знаеш однапред што ќе се случи во тебе.
Не мора да доаѓаш со конкретно прашање.
Не мора да знаеш што бараш.

Доволно е да почувствуваш дека ти треба време за себе.
Еден ден.
Четири чекори.
Едно повлекување.
И можеби едно мало, но важно враќање кон себе. 🌹

29 АВГУСТ 2026
16:00 – 22:00 часот
Хотел Тино СПА, Св. Стефан – Охрид

4 ЧЕКОРИ КОН СЕБЕ
Еден ден за тебе.
Еден простор за тебе.
Едно патување кон себе. ❤️

Со љубов,
Маја Марија 🌹

ОХРИД — ЕДЕН ДЕН ЗА ВРАЌАЊЕ КОН СЕБЕ 🌊🌹Постојат места на кои не одиме само затоа што се убави.Туку затоа што во нив нешт...
18/08/2026

ОХРИД — ЕДЕН ДЕН ЗА ВРАЌАЊЕ КОН СЕБЕ 🌊🌹

Постојат места на кои не одиме само затоа што се убави.

Туку затоа што во нив нешто во нас се буди.

За мене, едно од тие места е Охрид.

Градот од кој го носам своето потекло.
Градот на водата, длабочината, тишината и спомените.

Можеби токму затоа секогаш кога се враќам во Охрид имам чувство дека не се враќам само во еден град.

Се враќам кон дел од себе.

И од таа потреба се роди идејата за едно поинакво, еднодневно повлекување.

Затоа што знам дека не секој може да си дозволи три или четири дена да замине од секојдневието.

Но можеби секој од нас може да си дозволи еден ден.

Еден ден во кој нема да бидеш ничија мајка, партнерка, професионалка, организаторка, поддршка за сите други...

Туку само ти.

Еден ден во кој ќе застанеш.

Ќе забавиш.
Ќе дишеш.
Ќе слушаш.
Ќе почувствуваш што се случува внатре во тебе.

И ќе си дозволиш да се повлечеш од надворешниот свет, за барем на кратко да се вратиш во својот внатрешен.

За мене, ретритот отсекогаш бил токму тоа — повлекување кон себе.
Не бегство од животот.
Туку пауза во која можеме да го слушнеме животот што се случува во нас.

Од моите бројни ретрити, духовни патувања и средби со различни учители, секогаш сум се враќала со нешто.

Некогаш со одговор.
Некогаш со ново прашање.
Некогаш со увид.
А секогаш — малку поинаква.

И затоа денес создавам простори во кои и другите можат да си дозволат таква средба со себе.

Оваа година мојот пат има убав ритам.
Во јуни Охрид веќе нè пречека.
Во август повторно се враќаме.

А во септември патот продолжува кон другото место кое има посебно место во моето срце — Ртањ, а во неговата близина Грофивија во Планинице, местото каде што во 2022 година го создадов мојот прв ретрит,2024 вториот и каде што овој септември ( 24-27.09.2026) повторно се враќам.

Вода и планина.
Две места.
Два различни начини на повлекување.
Но истиот повик: да се вратиме кон себе.

Затоа, ако чувствуваш дека ти треба еден ден без брзање, без улоги, без морање...
еден ден во кој ќе можеш само да бидеш...

Охрид те чека. 🌊

29 август — Охрид, Хотел Тино Спа Св.Стефан
Еднодневно повлекување

Дозволи си еден ден.
Не за да избегааш од животот.

Туку за да му се вратиш поприсутна, помирна и поблиску до себе.

Со љубов,
Маја Марија ❤️

10/05/2026

✨ *ЗА ПРВ ПАТ ВО ОХРИД — INNERDANCE & Звучна релакс купка* ✨

30 Мај | 19:30 – 22:00
📍 Хотел Тино Спа, Охрид

Вечер за длабоко отпуштање,
внатрешно будење
и поврзување со сопствената животна енергија 💫

InnerDance е искуство што не се објаснува…
туку се чувствува со целото тело и душа. ✨

Преку музика, енергија и звучна релакс купка,ќе си дозволиш длабока релаксација,ослободување од потиснати емоции и будење на сопствената животна енергија 🤍

Сесијата ја води
Маја Марија — сертифициран InnerDance Facilitator
и практичар по звучна масажа според Peter Hess® методата. ✨

⚠️ Бројот на места е ограничен на максимум 10 лица.

Доколку чувствуваш повик да бидеш дел од ова патување,
пријави се најдоцна до 20 Мај.

Местото се смета за резервирано по извршена уплата.
Детали за уплата добивате во DM,
а по уплатата следуваат и информации за подготовка и сè што е потребно за сесијата. 🌊

✨ Коментирај „InnerDance“
и добиј повеќе информации во порака 💫

08/05/2026

Полека тивко помина една година од мојата прва работилница.
Една година откако тивко зачекорив по патот на женското исцелување, будење и враќање кон себе.

После многу лични искушенија, падови, болести и трансформации, сфатив дека сè што сум поминала имало една цел — да можам денес да бидам поддршка за други жени.

Во изминатата година се одржаа 7 работилници во Скопје, една во Бар – Црна Гора, а наскоро и седмата по ред во Белград.
Низ нив поминаа повеќе од 30 жени и заедно создадовме едно тивко, длабоко и свето сестринство — простор каде секоја жена е видена, разбрана и прифатена.

И токму затоа, после неколкумесечна пауза, го отворам новиот циклус на работилници во Скопје:

✨ „Тивко будење на моќта “ ✨ како еднодневни ретрити со нови и подлабоки содржини.

Ако си една од оние жени кои чувствуваат дека е време да ја пробудат својата моќ…
да ја разбудат својата животна енергија…
и конечно да се вратат кон себе —

📩 Пиши ми во DM за повеќе информации.

Со Љубов и Светлина,🩷✨️
Маја Марија

„Има моменти кога жената не е уморна од животот…туку од тоа што предолго се обидува да биде некоја што не е.“Од тоа да д...
07/05/2026

„Има моменти кога жената не е уморна од животот…
туку од тоа што предолго се обидува да биде некоја што не е.“

Од тоа да држи сè под контрола.
Да биде силна.
Достапна.
Смирена.
Разбрана.
Доволна.

А внатре…
тишина што боли.

Телото никогаш не лаже.
Тоа зборува кога ти молчиш.
Преку стегањето во градите.
Преку тежината во матката.
Преку солзите што не излегле.
Преку заморот што сон не го лечи.

И колку повеќе се оттурнуваш од себе,
толку повеќе животот те повикува да застанеш.

Да се почувствуваш.
Да се слушнеш.
Да се вратиш во своето женско тело — не како обврска, туку како дом.

Матката не е само орган.
Таа е простор каде жената ги чува своите неискажани приказни.
Таму остануваат стравовите, напуштањата, потиснатата тага, вината, срамот…
но и огромната сила, сензуалност, интуиција и креативна енергија што чека повторно да протече.

И затоа оваа работилница не е „уште еден настан“.
Ова е повик.

Повик до жената што чувствува дека е време да престане да преживува…
и да започне вистински да се чувствува жива.

На 17 мај од 10:00 часот, во рамките на The Fourth Woman, ќе создадеме безбеден и длабок простор за ослободување на телото и поврзување со енергијата на матката.

Ќе дишеме.
Ќе отпуштаме.
Ќе се движиме.
Ќе се враќаме кон себе — слој по слој.

Не ти треба совршена верзија од себе за да дојдеш.
Не треба ни да „знаеш“ што ти е.

Доволно е само да почувствуваш дека нешто во тебе тивко вели:
„Време е.“ 🤍

Ако го чувствуваш овој повик, напиши во коментар:
✨ The Fourth Woman ✨

и ќе ти ги испратам сите детали во DM.

17 Мај | 10:00 -17.00
The Fourth Woman
Работилница за ослободување на телото и будење на женската енергија

Со Љубов 🩷
Маја Марија

05/05/2026

Наскоро… ✨

Ако додека го гледаш ова почувствува нешто…
застани за момент.

Не е случајно.

Нешто во тебе се буди.
Нешто што сака повеќе нежност, повеќе вистина, повеќе тебе.

Ова е повик…
за враќање во твоето тело,
во твојата енергија,
во твојата женственост.

И не мора да го разбереш веднаш.
Доволно е да го почувствуваш.

Остани блиску… 💫
Наскоро повеќе информации .... 🥰

01/05/2026

„Ако првпат слушаш за Innerdance…
ова не е класичен танц.

Не треба да знаеш чекори.
Ниту да имаш искуство.

Се работи за процес каде што лежиш,
слушаш специјално креирана музика…
и му дозволуваш на телото да реагира природно.

Кај некои луѓе се појавува движење,
кај други длабока релаксација…
или чувство на ослободување.

Сѐ што се случува — е во ред.

Целта не е да „направиш“ нешто,
туку да си дадеш простор
да се поврзеш со себе.

Едноставно.
Без притисок.

Ако си љубопитен/на…
ова може да биде убаво искуство за тебе.“

Со Љубов 🩷
Маја Марија
Сертифициран InnerDance Facilitator

Address

Skopje
Skopje
1000

Website

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Inner Dance by Maja Marija posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Shortcuts

Share