Социјална услуга „Живеење со поддршка“ Здружение Велес

  • Home
  • Macedonia
  • Veles
  • Социјална услуга „Живеење со поддршка“ Здружение Велес

Социјална услуга „Живеење со поддршка“ Здружение Велес Contact information, map and directions, contact form, opening hours, services, ratings, photos, videos and announcements from Социјална услуга „Живеење со поддршка“ Здружение Велес, Medical and health, Veles.

Социјална услуга „Живеење со поддршка“ наменета за лица со попреченост која обезбедува независно живеење на корисниците во станбена единица со поддршка од страна на стручни лица и асистенти за поддржано живеење на територија на Општина Велес и Градско.

🌊 Летни денови, нови доживувања и спомени од Дојран ☀️💙Животот во мал групен дом не значи само поддршка во секојдневието...
02/09/2026

🌊 Летни денови, нови доживувања и спомени од Дојран ☀️💙

Животот во мал групен дом не значи само поддршка во секојдневието – значи и можност за дружење, нови искуства, патувања и активно учество во заедницата.

Дел од лицата кои живеат во малите групни домови овие денови уживаат во заслужен одмор во Дојран. 🌅

Прошетките покрај езерото, заедничките активности, смеата и времето поминато со пријателите создаваат моменти кои носат радост, чувство на припадност и убави спомени.

Ваквите искуства се многу повеќе од одмор. Тие се дел од животот во заедницата – живот во кој секој човек има право да избира, да доживува, да се дружи, да патува и да ужива. 💙

Затоа што попреченоста не треба да биде граница за убавите животни искуства.

Од Дојран испраќаме сончеви поздрави, насмевки и многу позитивна енергија! ☀️🌊🤗

#МалиГрупниДомови #ЖивотВоЗаедницата #Инклузија #ЕднаквиМожности #Дојран #ЗаедноСоздавамеСпомени

Министерство за труд и социјална политика

Заедницата е место за секого. 🤝Социјализацијата не е само дружење. Таа е чувство дека припаѓаме, дека сме видени, слушна...
13/08/2026

Заедницата е место за секого. 🤝

Социјализацијата не е само дружење. Таа е чувство дека припаѓаме, дека сме видени, слушнати и прифатени. За лицата со попреченост, можноста да бидат активен дел од заедницата има огромно значење за самодовербата, самостојноста и квалитетот на живот.

Кога едно лице има можност да учи, работи, создава пријателства, учествува во активности и едноставно да биде присутно во секојдневниот живот на својата средина, тоа не е привилегија – тоа е право.

Но, инклузијата не значи само да направиме место за некого. Таа значи да создадеме средина во која различностите се прифаќаат, а секој човек има можност да придонесува на свој начин.

И придобивката не е само за лицата со попреченост. Кога живееме, учиме и се дружиме заедно, целата заедница станува поотворена, похумана и побогата.

Да не градиме паралелни светови.
Да градиме еден свет во кој има место за сите. 💛

Министерство за труд и социјална политика

#Инклузија #Социјализација #ЛицаСоПопреченост #Припаѓање #ЕднаквиМожности #ЗаедницаЗаСите #ЖивеењеСоПоддршка #социјалнауслуга

🌸Во текот на месец јули, во нашите мали групни домови прославивме четири родендени – четири посебни поводи за радост, на...
28/07/2026

🌸Во текот на месец јули, во нашите мали групни домови прославивме четири родендени – четири посебни поводи за радост, насмевки и заеднички моменти.

🥳Родендените се многу повеќе од одбележување на уште една година. Тие се потсетник дека секој човек заслужува да биде виден, ценет и опкружен со внимание, грижа и љубов. За лицата со попреченост, ваквите прослави претставуваат можност да се почувствуваат прифатени, важни и дел од заедница која ги поддржува.

🎂Во атмосфера исполнета со смеа, торта, желби и дружење, заедно создадовме спомени кои остануваат во срцето. Токму овие мали, но значајни моменти го градат чувството на припадност, меѓусебна поврзаност и квалитетен живот во заедницата.

❤️На сите наши славеници им посакуваме добро здравје, многу среќа, исполнети денови и уште многу поводи за радост. Нека секој нов роденден носи нови насмевки, пријателства и убави моменти што ќе ги споделуваме заедно.

Министерство за труд и социјална политика

#среќенроденден #живеењесоподдршка #инклузија #рехабилитација #социјализација #среќа #радост #љубов #честитки #социјалнауслуга #поддршка

🌿 Со големо задоволство ја споделуваме телевизиската емисија во која беше претставено нашето здружение, нашата мисија и ...
21/07/2026

🌿 Со големо задоволство ја споделуваме телевизиската емисија во која беше претставено нашето здружение, нашата мисија и секојдневната работа што ја реализираме, како и одгледувањето и преработка на органски ароматични и лековити билки.

Оваа приказна е доказ дека преку труд, посветеност и заедничка визија можеме да создаваме нови можности за лицата со попреченост и да придонесуваме кон развој на социјалното претприемништво и вклученост на лицата со попреченост во општеството.

Ве покануваме да го погледнете видеото! 🪻🏵🌱

#класје #лековитибилки #лицасопопреченост #живеењесоподдршка #социјалнауслуга #интеграција #социјализација #рехабилитација

Enjoy the videos and music you love, upload original content, and share it all with friends, family, and the world on YouTube.

Живеењето во групен дома е клучен чекор во процесот на деинституционализација. Овој модел е одличен бидејќи овозможува х...
13/07/2026

Живеењето во групен дома е клучен чекор во процесот на деинституционализација. Овој модел е одличен бидејќи овозможува хуман живот во заедница, а не во затворени институции.

Главните придобивки вклучуваат:
🍀Поттикнување на самостојноста
🍀Подобра социјализација
🍀Чувство на вистински дом
🍀Поквалитетна здравствена заштита

Овој пристап е потврден како најдобра практика за еднаков третман и борба против дискриминацијата.

#живеењесоподдршка #социјализација #интеграција #рехабилитација #лицасопопреченост #социјалнауслуга #заштита #самостојност #хуманживот

🌱 Билкарите речиси секогаш меѓу најдобрите лековити билки ја класифицираат жалфијата. И според најстрогите критериуми, т...
26/06/2026

🌱 Билкарите речиси секогаш меѓу најдобрите лековити билки ја класифицираат жалфијата. И според најстрогите критериуми, таа може слободно да ја понесе титулата за најлековита билка во светот.

✅ Модерната наука докажа дека жалфијата има антибактериско и антигабично дејство, смирува, освежува и ве закрепнува, помага во борбата против болки и високата температура, може да го намали нивото на глукоза во крвта, што ја чини корисна и за дијабетичарите.

💚 Нашите насади со жалфија во групните домови претставуваат повеќе од земјоделска активност. Тие се пример за социјално претприемништво, инклузија и грижа за природата. Секој лист од жалфијата носи порака за можностите, трудот и придонесот на лицата со попреченост во заедницата.

#живеењесоподдршка #жалфија #лековитибилки #социјалнаинклузија #инклузија #лицасопопреченост #рехабилитација #љубов #грижа #социјалнауслуга

✅ Минатата недела во Велес успешно се одржа трибината посветена на унапредувањето на правата на пациентите и можностите ...
22/06/2026

✅ Минатата недела во Велес успешно се одржа трибината посветена на унапредувањето на правата на пациентите и можностите што ги нуди Комисијата за унапредување на правата на пациентите на Општина Велес со фокус кон лицата со попреченост.

🤝Трибаната ја слушаа дел од корисниците и вработените од услугата “Живеење со поддршка”.

🤝Настанот, организиран од Здружението на лица со церебрална парализа и други попречености - Велес, во партнерство со „Порака“ - Неготино и „Еко-живот“ - Кавадарци, овозможи отворен дијалог, размена на информации и дискусија за механизмите за заштита на правата од областа на здравствената заштита.

♿ Заедно продолжуваме да работиме кон создавање на поинклузивно, поправедно и подостапно општество во кое правата и достоинството на лицата со попреченост се почитуваат и унапредуваат.

📍Настанот се реализираше во рамките на проектот „Соочување со предизвиците и стигматизацијата“, поддржан од програмата Цивика Мобилитас, финансиски поддржана од Владата на Швајцарија, а спроведувана од МЦМС, НИРАС од Данска и ФЦГ од Шведска.

Министерство за труд и социјална политика

#инклузија #праванапациентите #лицасопопреченост

Дел од минатонеделните активности во малите групни домови.Заедно пишуваме, боиме, решаваме математика, вежбаме, береме ч...
11/06/2026

Дел од минатонеделните активности во малите групни домови.
Заедно пишуваме, боиме, решаваме математика, вежбаме, береме чај и си раскреваме.
Се посветуваме и работиме на психичка и на физичка гимнастика.
Со поддршка, грижа и љубов растеме заедно.
🫶🌸🍀🎼☀️❤️

#заедно #живеењесоподдршка #интеграција #рехабилитација #социјализација #социјалнауслуга #љубов #грижа #поддршка

Министерство за труд и социјална политика

🧠Зачувувањето на постојните и развојот на нови вештини кај лицата со попреченост се клучни за нивната самостојност, подо...
28/05/2026

🧠Зачувувањето на постојните и развојот на нови вештини кај лицата со попреченост се клучни за нивната самостојност, подобар квалитет на живот и социјална инклузија. 🔍

🌸 Зачувувањето и развојот на вештините за пишување и цртање кај лицата со попреченост е од клучно значење за нивната лична, социјална и професионална реализација. Овие активности не се само начин на изразување, туку моќни алатки кои директно влијаат на квалитетот на нивниот живот.

🌟 Клучни придобивки:

✅Моторен развој и координација: Финото моторичко планирање преку пишување и цртање помага во одржување и подобрување на координацијата меѓу очите и рацете.

✅Когнитивна стимулација: Креативниот процес ја подобрува концентрацијата, меморијата и просторната перцепција.

✅Емоционална експресија: Цртањето и пишувањето овозможуваат канализирање на емоциите, намалување на стресот и зголемување на самодовербата.

✅Инклузија и комуникација: Преку пишаниот збор или визуелната уметност, лицата со попреченост добиваат глас и можност да ги споделат своите идеи и доживувања со светот.

#социјализација #рехабилитација #инклузија #живеењесоподдршка #вештини #лицасопопреченост #социјалнауслуга

🎼Музиката е нешто што го следи човекот низ времето, таа е важна компонента во неговото развивање на индивидуално и социј...
22/05/2026

🎼Музиката е нешто што го следи човекот низ времето, таа е важна компонента во неговото развивање на индивидуално и социјално ниво.

🔍Истражувањата покажале дека убавата музика и пријатните тонови можат да придонесат и за намалување на физичката, не само на менталната болка!

☀️Музиката го подобрува расположението. Музиката има моќ да ве натера да танцувате дури и кога не ви е до танцување, да се смеете кога сте тажни!

Министерство за труд и социјална политика

#музика #живеењесоподдршка #Музикотерапија #Социјализација #интеграција #Поддршка

Address

Veles
1400

Website

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Социјална услуга „Живеење со поддршка“ Здружение Велес posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Shortcuts

Share