Инсулинска Порта

  • Home
  • Инсулинска Порта

Инсулинска Порта Инсулинска Порта

23/06/2026

⛱️ Започнува летната сезона, а со тоа и патувањата и годишните одмори.

🛣️ Планирате патување и имате дијабетес?
- Еве неколку совети од нас за безгрижно патување и успешно менаџирање на дијабетесот за време на патувањето.

#365ДенаСоДијабетес #ДијабетесМакедонија #Патување #Дијабетес

16/06/2026

ДИЈАБЕТЕС И ТЕХНОЛОГИЈА - повеќе од иновација, неопходност

Во новата епизода на „365 дена со дијабетес“ разговараме со 🥼 д-р Билјана Тодорова, ендокринолог од ЈЗУ УК за ендокринологија, дијабетес и метаболички нарушувања.

🔵 Откриваме факти за достигнувањата во менаџирањето на дијабетесот - CGM сензорите, closed loop системите, нивното влијание врз здравјето и квалитетот на живот, како и за тоа каде е Македонија 🇲🇰 на патот кон нивната достапност.

✅ Проследете ја епизодата и дознајте повеќе за современите технологии за дијабетесот и нивното значење.

#365ДенаСоДијабетес #Сензори

28/05/2026

КОЛКУ НАВИСТИНА ЗНАЕМЕ ЗА ДИЈАБЕТЕСОТ?

🌎 На глобално ниво 1 од 9 лица живее со дијабетес, а 1 од 3 лица е недијагностицирано.
🇲🇰 Во Македонија има 141.000 дијагностицирани лица со дијабетес.

🎙️ Излеговме на плоштад со неколку едноставни, но tricky прашања поврзани со дијабетесот.
✅ А, целта? - Да видиме колку граѓаните се информирани за дијабетесот и да потсетиме колку е важно повеќе да зборуваме јавно за состојбата и здравјето.

Ги очекуваме и Вашите одговори во коментар👇

#365ДенаСоДијабетес

16/05/2026

3️⃣6️⃣5️⃣ ДЕНА СО ДИЈАБЕТЕС ЗАПОЧНУВА СЕГА!

📢 Со голема желба, искреност и една важна цел - започнуваме со „365 дена со дијабетес“.

🔵 „365 дена со дијабетес“ е дигитален жив дневник посветен на реалниот живот со дијабетес, исполнет со искуства, едукација, практични совети, поддршка и приказни што секојдневно се живеат, а ретко се слушаат.

💙 Добредојдовте во приказната, се гледаме наскоро!

#365ДенаСоДијабетес

Покрај контрола на гликемијата и инсулинската терапија, дијабетесот има силно влијание и врз менталното здравје.📊 Лицата...
27/04/2026

Покрај контрола на гликемијата и инсулинската терапија, дијабетесот има силно влијание и врз менталното здравје.

📊 Лицата со дијабетес тип 1 имаат зголемен ризик од депресија и анксиозност, поради постојана самоконтрола и секојдневен психолошки товар.
⚠️ Стравот од хипогликемија, компликации и континуираната грижа создаваат хроничен стрес, а често се јавува и „diabetes distress“.

🔄 Психолошката состојба и гликемиската контрола се во двонасочна врска - едната директно влијае на другата.

👨‍👩‍👧 Дијабетесот го засега и семејството, кое живее со постојана грижа и емоционален притисок.

Повеќе на линкот во коментар👇🏻

Скринингот за ДМТ1 се базира пред сè на детекција на автоантитела насочени кон панкреасните островчиња. Присуството на о...
30/03/2026

Скринингот за ДМТ1 се базира пред сè на детекција на автоантитела насочени кон панкреасните островчиња. Присуството на овие автоантитела укажува дека автоимуниот процес веќе е започнат, дури и години пред појавата на симптоми.

Зошто е важен раниот скрининг?

Раното откривање на ДМТ1 има повеќе значајни придобивки:

– Намалување на ризикот од дијабетична кетоацидоза (DKA)
Лицата дијагностицирани преку скрининг имаат значително помала веројатност за развој на дијабетична кетоацидоза како прва манифестација при дијагноза на дијабетес мелитус тип 1;

– Подобра метаболна контрола
Раната дијагноза овозможува постепен и контролиран почеток на терапијата;

– Можност за интервенција и одложување на болеста
Денес постојат терапии (пр. имунотерапија како teplizumab) кои можат да го одложат почетокот на клиничкиот дијабетес кај високоризични лица;

– Подобра едукација и психолошка подготовка
Семејствата и пациентите имаат време да се подготват за живот со дијабетес.

Повеќе на линкот во коментар 👇👇👇

🧪 Лицата со дијабетес имаат двојно поголем ризик за срцеви заболувања или мозочни удари, отколку лицата што не боледуваа...
24/03/2026

🧪 Лицата со дијабетес имаат двојно поголем ризик за срцеви заболувања или мозочни удари, отколку лицата што не боледуваат од дијабетес. Болестите на срцето понекогаш се опишуваат како “тивка“ состојба – затоа што често воопшто и да нема симптоми – се додека не се случи срцев или мозочен удар. Според American Heart Association и иницијативата на Американската асоцијација за дијабетес (ADA) постојат многу начини да го заштитите своето срце и секако да го намалите ризикот од срцеви заболувања, a за лицата со дијабетес е од особена важност да преземат превентивни мерки за заштита на срцето.

🧪🧪 GLP – 1 (супстанци кои имаат афинитети кон рецепторите поттикнувајќи ја нивната физиолошка активност) се видови лекови кои што се препорачуваат на лицата со дијабетес тип 2, а заради намалување на нивото на шеќерот во крвта и на телесната тежина, како и заради заштита од можни срцеви и мозочни удари кај оние луѓе што боледуваат од срцеви болести.

🧪🧪🧪 Кои GLP-1 агонисти постојат?

Rybelsus (Novo Nordisk, таблета за орална примена – еднаш дневно)
Bydureon (AstraZeneca,инјекција, еднаш неделно)
Ozempic (Novo Nordisk, инјекција, еднаш неделно)
Trulicity (Lilly, инјекција, еднаш неделно)
Victoza (Novo Nordisk, инјекција, еднаш дневно)
Lyxumia (Sanofi, инјекција, еднаш дневно)
Byetta (Lilly, инјекција, два пати дневно)

Прочитајте повеќе на следниот линк 👇👇👇

Агонистите на GLP - 1 (супстанци кои имаат афинитети кон рецепторите поттикнувајќи ја нивната физиолошка активност) се видови лекови кои што се препорачуваат на лица....

Address


1000

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Инсулинска Порта posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

  • Want your business to be the top-listed Health & Beauty Business?

Share