28/12/2022
На 01.01 од 11:00 ќе правиме 108 поздрави на сонцето (Surya Namaskar)
Зошто 108?
Има многу извори и текстови кои пишуваат за оваа бројка - пресметки, мистицизам зошто 108 се смета за посебна бројка во повеќе полиња: математика, религии, уметност, наука, духовност..
Сметаат дека е “nature’s secret code” во фибоначи секвенцата; растојанието меѓу земјата и сонцето е 108 дијаметри на сонцето; во срцевата чакра се соединуваат 108 енергетски канали; во будизмот мантрите се повторуваат 108 пати; има 108 Упанишади; 54 санксрит букви со машки и женски квалитет (108); Тибетанците имаат 108 свети книги; во астрологијата има 12 знаци x 9 планети; во 108 бројот 1 е квалитетот на има, 0 на нема, 8 на бесконечност...
Бројките сме ги измислиле за да ја измериме нашата конечност во бесконечното време, универзален јазик со кој го потврдуваме нашето постоење.
Новата година е уште еден круг околу сонцето, во овие денови имаме искрени намери дека би можеле да сме подобри како луѓе, да сме здрави во срцата и во умот.
Сонцето е нашата ѕвезда, и со поздравите ќе направиме еден ритуал за добредојде на новата година.
Часот е отворен, може да дојде кој сака. Ако некој снема сила на средина - ќе се одмори во child’s pose и ќе се приклучи, не е толку страшно како што изгледа :))
Важна е намерата и отвореното срце, само така може да се видиме и слушнеме како луѓе ❤️