За Manhattan Cosmetics:
Секогаш во тек со времето, со постојано проширување на својата палета на производи и импресивни лимитирани колекции – ете тоа е „Manhattan“, бренд за љубители на мода од сите генерации. Нежен или екстравагантен изглед, блескав сјај или мат шминка? Без разлика дали станува збор за специјална прилика или за секојдневна шминка која ќе трае со часови во текот на работниот д
ен – со огромниот избор на декоративна козметика од овој бренд, секоја дама може да го истакне својот уникатен стил. Мотото на Manhattan е “Истакни се себеси”.
За остварување на „магична“ доза на индивидуалност на секоја дама, Manhattan користи специјален рецепт во кој главна состојка е разновидноста на производите. Блескави палети на сенки за очи, лак за нокти со сјаен, бисер или мат ефект, кармин и сјај за усни, маскара за уште поинтензивни трепки, камена или течна пудра за лице - дамите можат да изберат повеќе различни производи во грижата за совршен изглед секој ден. Постигнувањето на разновидност и богатство на стилови кое е силната страна на Manhattan, брендот помина низ процес на повеќегодишен развој.
Приказната започнува во 1964 година кога во првиот каталог на германската компанија Dr. Scheller Cosmetics AG се појавува првиот производ Manhattan. Следат години на брз развој и стекнување на сѐ поголема популарност. Во 1983 година, иновативната серија Manhattan Clearface го привлекува вниманието со антибактериски производи погодни за проблематична кожа. Следните години, покрај растот и развојот на Manhattan производите, компанијата Dr. Scheller започнува да развива и линија на природни производи за нега на лице и тело. Низ годините, производите Manhattan стануваат еден од најчестите избори за декоративна козметика, не само во Германија, туку и во целиот свет. И покрај промената на сопственичката структура на Manhattan, традицијата за развој на лимитирани линии и сезонски производи продолжува до денес.
Првиот нов сопственик се појавува во 2005 година. Тогаш руската компанија Kalina International, со седиште во Лозана, Швајцарија, e новиот мнозински акционер на веќе светски познатиот бренд Manhattan. Пет години подоцна, германскиот бренд за декоративна козметика преминува во сопственост на француската компанија и светски лидер во козметичката индустрија Coty. Како глобален играч, со силно присуство во над 130 земји, за Coty, сопствеништвото на германскиот бренд е целосно оправдан и коректен потег. Како што вели извршниот директор Бернд Бритс, „тоа е природно продолжување на нашата стратегија да понудиме добро балансирано портфолио на брендови што претставуваат водечки производи ширум светот“. Според Бернд, фактот дека Manhattan е долгогодишен бренд со производи со висок квалитет, несомнено ќе ја надополни постојната понуда во каталогот на Coty.
Широката палета на декоративната козметика Manhattan е исклучително популарен со децении наназад, заземајќи водечка позиција во светски рамки. Совршени основи за шминка, иновативни формули за чистење на лицето, сенки за очи, кармини, лакови или маскари со специјално изработени четки за совршено акцентирање на убавината на изгледот - денес над 70% од жените ширум светот го знаат и веруваат во брендот Manhattan. И тоа не е изненадувачки податок затоа што Manhattan знае што сакаат дамите. Инспириран од најновите модни трендови и животен стил, германскиот бренд за козметика постојано воведува нови и модерни бои, нуди специјални лимитирани серии и развива актуелни сезонски производи. На тој начин, секоја дама создава индивидуален изглед и ја истакнува сопствената лична убавина, во чекор со модата.
Основните принципи за сите продукти на Manhattan Cosmetics – врвен квалитет и достапна цена, овозможуваат желбите на секој потрошувач да бидат остварени!