Аутирај се

Аутирај се Аутирај се е платформа за споделување лични приказни на ЛГБТИ луѓето за сопственото аутирање кон другарите, родителите, семејството и поши

22/07/2020

Денес се сеќаваме на жртвите на криминалот од омраза, ден кој во Европа се означува откако на 22 јули 2011 беше извршен терористички напад врз група млади луѓе во Утоја, Норвешка.

Денес ја потсетуваме јавноста дека С-Фронт активно пријавува говор на омраза на интернет до Основното јавно обвинителство (ОЈО). Од декември 2016, па до денес, имаме поднесено 83 пријави за говор на омраза на интернет, од кои 5 се поднесени денес.

Во изминатиот период од 4 години, одбиени се само 6 од тие пријави. За останатите немаме добиено никакво решение, иако рокот за известување на ОЈО е до 6 месеци по поднесувањето на пријавата.

Апелираме до новата Влада на РСМ да направи увид и контрола во работата на ОЈО. Искуствата до сега кажуваат дека нивниот интерес за казнување и работење на пријави поврзани со говор на омраза кон ЛГБТИ+ лица не се од интерес. Во медиумите сме сведоци дека кога се работи за говор на омраза врз база на етничка припадност, пријавите се разгледуваат во рок од неколку дена. Срамно е да во 2020 сѐ уште немаме еднаков пристап до правда дури и во оваа институција.

Влада на Република Северна Македонија
#БезОмраза

Прочитајте повеќе и донесете информирана одлука! 👇🏻
12/07/2020

Прочитајте повеќе и донесете информирана одлука! 👇🏻

Официјално сте поканети на првиот Виртуелен Скопје Прајд! 🤩🥳 КОВИД-19 не ни дозволи да маршираме оваа лето, но затоа пак...
19/06/2020

Официјално сте поканети на првиот Виртуелен Скопје Прајд! 🤩🥳 КОВИД-19 не ни дозволи да маршираме оваа лето, но затоа пак не може да нѐ спречи да прославиме сите заедно онлајн! Погледнете ја нашата агенда и бидете во тек со активностите! 🏳️‍🌈

Благодарност до: Субверзивен фронт / Subversive Front, ЛГБТИ Центар за поддршка LGBTI Support Center, Коалиција Маргини, Заедно посилни, Медуза, Себе Сложувалка, Linda Socialista и Секси Маало 💝

☑️ Дали се идентификуваш како ЛГБТИ?☑️ Дали твоите права во рамките на образованието, пристапот до здравствени услуги, и...
23/04/2020

☑️ Дали се идентификуваш како ЛГБТИ?
☑️ Дали твоите права во рамките на образованието, пристапот до здравствени услуги, и на работното место се прекршени или загрозени периодов?
☑️ Како КОВИД 19 влијае на твоето ментално здравје?

❗️Ве молиме искрено да го одговорите анонимниот прашалник, отворено да ги споделите вашите перцепции, ставови, и искуства, и да ни помогнете во креирањето на соодветен одговор во кризи како сегашнава.
🏳️‍🌈🏳️‍⚧
#ОстаниДома #ЛГБТИ #КОВИД19

Писмена потврда за учество во истражувањето Ова истражување го спроведува Националната мрежа за борба против хомофобија и трансфобија и се прави со цел да ги утвр....

Доколку сакате да научите како да раскажувате приказни пред публика, да си ги унапредите вашите вештини за јавно говорењ...
07/11/2019

Доколку сакате да научите како да раскажувате приказни пред публика, да си ги унапредите вашите вештини за јавно говорење, и преку истиот процес да срушите предрасуди и стереотипи на луѓето, ѕирнете го повикот! 😍🔥

Имаш ли невообичаена или неконвенционална животна приказна? Оформи ја во алатка со која ќе ги срушиме предрасудите на оние кои не биле изложени на сличи животни пр....

 #ВиножитниСемејства  #Сликовници  #Хрватска
25/10/2019

#ВиножитниСемејства #Сликовници #Хрватска

1000 free picture books about children of same-sex parents

Денес е Меѓународниот ден на менталното здравје. Да не заборавиме дека ЛГБТИ младите се една од најголемите мети на були...
10/10/2019

Денес е Меѓународниот ден на менталното здравје. Да не заборавиме дека ЛГБТИ младите се една од најголемите мети на булинг во училиштата, и дека сè уште постои недостиг на поддршка и систем за одржување на менталното здравје - особено кај младите. Доколку ви треба помош, поддршка, или едноставно лице на кое сакате да му ги споделите проблемите, пишете ни порака! 💌

09/10/2019

Кратка презентација на наодите од проценката на потребите на членовите на ЛГБТК+ заедницата во Северна Македонија, со посебен фокус на дискриминацијата, рамн...

Дали знаевте дека може да ни пратите приказна за вашето аутирање или за тоа како ви се аутирал некој на следниот линк. Д...
21/01/2019

Дали знаевте дека може да ни пратите приказна за вашето аутирање или за тоа како ви се аутирал некој на следниот линк. Доколку имате приказна која сакате да ја споделите сторете го тоа! 🙌🌈

Фразалниот глагол „аутирај се“ значи разоткривање или обелоденување на сексуалната ориентација и/или родовиот идентитет на една личност - дали тоа било кон себе ....

„Tōkyō de Ville: Почетокот на мојата дрег персона започна уште од раните години кога ги облекував фустаните на баба ми и...
14/01/2019

„Tōkyō de Ville: Почетокот на мојата дрег персона започна уште од раните години кога ги облекував фустаните на баба ми и танцував. Јавно за прв пат во дрег се појавив кога имав осум години, на првоаприлска забава во моето основно училиште. Но, тогаш не знаев што претставува дрег. Кога започнав со шминка пред огледало постојано експериментирав, го истражував моето лице откривајќи каква шминка е соодветна за постигнување на посаканиот ефект на илузија односно слика од жена.“

На 26 декември, благодарајќи на ЛГБТИ Центарот за поддршка Скопје, имавме чест, задоволство и привилегија да го проследиме блескавиот настап на дрег колективот The Haus...

Прва приказна за 2019! 🎉🏳️‍🌈
07/01/2019

Прва приказна за 2019! 🎉🏳️‍🌈

Прв чекор кон слобода by autiraj.se | 6 January, 2019 | autiranje На крајот од 2018 година за прв пат се аутирав, и тоа два пати, прво на мојот најдобар другар, а потоа и на една од најблиск...

Последна колумна за 2018 година. Прочитајте, инспирајте се и пратете ваша! Се читаме во јануари, а до тогаш ви посакувам...
30/12/2018

Последна колумна за 2018 година. Прочитајте, инспирајте се и пратете ваша! Се читаме во јануари, а до тогаш ви посакуваме Среќна Нова година и Среќни празници!

Има ли виножито на крајот на овој суров свет? by autiraj.se | 29 December, 2018 | autiranje Од кога памтам за себе знам дека сум геј. Уште во основно кога моите машки соученици разговара....

Address

Скопје

Opening Hours

Monday 09:00 - 17:00
Tuesday 09:00 - 17:00
Wednesday 09:00 - 17:00
Thursday 09:00 - 17:00
Friday 09:00 - 17:00

Telephone

+38977733688

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Аутирај се posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Share