20/09/2026
Вредни како и секогаш и мораме оти ги чекате своите нарачки: денеска дупла доза лутеница (блага). На инсистирање на нашата Ана Милошевска од Куманово го објавуваме рецептот за лутеницата. * ЛУТЕНИЦА*. 1. 10 кг.црвени пиперки,печени,лупени и исечкани. Не го сечкајте на премногу ситни парчиња оти при готвењето дополнително се уситнува; 2. 5кг. .црвени домати 🍅,лупени, извриени; 3. 1 литар зејтин. 4. 250мл.вински оцед; 5. 250гр. шекер; 6. лук, магдонос и сол по вкус. Ако ја сакате во лута варијанта , додавате и лута, везена пиперка. Тоа се заедно во тенџере,на оган и мешајте умерено. Кога се згусти сосот е готово. Почитувани без разлика дали имате време по рецептов да си ја подготвите лутеница или ќе си нарачате од кај нас посакуваме да Ви биде наздравје! Не ни замерувајте сите кои што често барате, а ние не стигнуваме да ви пишуваме рецепти оти навистина сме презафатени. А и за размена на рецепти и слично, си постојат групи за тоа. Ви благодариме за разбирањето!