14/04/2022
"Но, јас веќе користам WHEY и можам да купам многу поголемо пакување и поефтино, зошто HERBALIFE е толку скап, нели е тоа исто?" - едно од најчестите прашања кои ми ги поставуваат, па сега ќе ја објаснам разликата.
WHEY е англиски назив за сурутка и се однесува на ПРОТЕИН кој е еден од макронутриентите. Иако е важен за човекот, не може да биде третиран како комплетен оброк, туку само како ДОДАТОК во исхраната (а тоа е само додаток на куќниот буџет бидејќи и понатаму треба да купиш/јадеш/направеш 5 оброци). Најчесто се користи после тренинг или за да се подобри составот на палачинки,колачи,каши и сл.
👇👇👇👇👇👇👇
Ф1 шејк од HERBALIFE е деклариран како ЗАМЕНСКИ ОБРОК (што значи дека не е дополнителен трошок бидејќи ЗАМЕНУВА 1-2 оброци во денот и тоа оние најкритичните појадок/вечера). Во себе ги содржи сите МАКРО и МИКРО нутриенти (па и протеин,помеѓу останатото) и не е врзан само за спорт, спортисти, градење мускулна маса, туку може да се вклопи во сечија прехрана, со цел да се олесни секојдневието-наместо да готвиш цел ден или пак да прескокнуваш оброци и посегнеш по глупости кога си во гужва, си матиш шејк во 1 мин. и имаш ОБРОК кој е високоХРАНЛИВ И НИСКОКАЛОРИЧЕН. Баш поради таквите мерки на хранливост и калории дава одлични резултати и за слабеење, бидејќи тоа е речиси невозможно со класичната исхрана. Го одржува на нормално ниво шеќерот во крвта (има низок гликемиски индекс) а со тоа допринесува и чувство на ненадуеност, ја намалува потребата за благо, дава одлична енергија, го подобрува варењето, го зајакнува имунитетот, топи маснотии и го зацврстува телото. Не содржи глутен ниту лактоза. Го има во неколку одлични вкусови и може да се направи на многу начини - ретко како смути, густо како пудинг, во форма на палачинки, вафли, топло или ладно, со млеко или вода...сето тоа го објаснуваме на нашите клиенти во групата за поддршка! ;)
ЗАКЛУЧОК- и едното и другото е супер, но никако НЕ МОЖЕ да се споредува