Центар за вежби Здравје и Хармонија- Битола

  • Home
  • Macedonia
  • Bitola
  • Центар за вежби Здравје и Хармонија- Битола

Центар за вежби Здравје и Хармонија- Битола Вежби за здрав, хармоничен и исполнет живот.

Внимателно одбрани и искомбинирани вежби, техники и методи за негување и унапредување на севкупното здравје на човекот. Релаксација, зголемување на еластичноста и подвижноста на телото.

04/09/2026

Нова сезона, нова енергија🍀

🌿 Летна јога во Градскиот парк Ова лето зад нас се 12 прекрасни јога часови под отворено небо и повеќе од 170 присуства....
26/08/2026

🌿 Летна јога во Градскиот парк

Ова лето зад нас се 12 прекрасни јога часови под отворено небо и повеќе од 170 присуства. 🧘‍♀️💚

Некои лица ни се придружуваа одново и одново, други за првпат – а секој час носеше нова енергија, дружење и заеднички моменти.

Благодарна сум на секој што беше дел од нашите летни јога средби. До следното дружење! 🌿

Се спремаме за час🍀
20/08/2026

Се спремаме за час🍀

05/08/2026

🌿 ЈОГА И ПЛАНИНА – Прв циклус 🏔️Започнавме со еден чекор и една идеја – да излеземе од секојдневието и да си подариме вр...
05/07/2026

🌿 ЈОГА И ПЛАНИНА – Прв циклус 🏔️

Започнавме со еден чекор и една идеја – да излеземе од секојдневието и да си подариме време за себе.

Четири средби. Четири теми. Четири можности да застанеме, да вдишиме и да се потсетиме на она што навистина е важно.

✨ Свесност – да бидеме присутни. 🍂 Опуштање – да го оставиме зад себе она што нè оптоварува. 🙏 Благодарност – да го препознаеме богатството што веќе го имаме. 🌱 Интеграција – мирот и силата од планината да ги понесеме во секојдневниот живот.

Ова не беа само планинарења, ниту само часови по јога и дишење.

Ова беа заеднички чекори, искрени разговори, тишина што лекува, насмевки што поврзуваат и мигови во кои природата нè потсети колку малку ни е потребно за да се почувствуваме целосно живи.

Од срце ви благодарам на сите што бевте дел од ова патување. Вашата доверба, присутност и отвореност ја создадоа магијата на „Јога и планина“.

Ова не е крај. Ова е само крај на првиот циклус.

Патувањето продолжува... 🌿💚

#ЈогаИПланина #Медитација

👉 И покрај што прогнозата не ни беше наклонета, ние РЕШИВМЕ да имаме час! И? Бидна!🍀 Имавме преубав час во паркот, возду...
01/07/2026

👉 И покрај што прогнозата не ни беше наклонета, ние РЕШИВМЕ да имаме час! И? Бидна!
🍀 Имавме преубав час во паркот, воздухот беше свеж и со идеална температура. Кога се сака, сѐ се може😊
Следен час во вторник од 19 ч. Придружете ни се, искуството е незаборавно😊

"Кога помислувам на Бог, најнапред мислам на еден бескраен хоризонт. Потоа пред мене се појавува тивка шумска патека. Ги...
28/06/2026

"Кога помислувам на Бог, најнапред мислам на еден бескраен хоризонт. Потоа пред мене се појавува тивка шумска патека. Ги чувствувам безбројните бои на цветовите и опојниот мирис на мајчината душица, горскиот босилек, нането и липата.

Кога размислувам за Бог, мислам на величествените планински врвови и на бескрајно различните залези на сонцето. Мислам на бистрите шумски извори, на песната на птиците, на тишината што зборува повеќе од сите зборови, на некој овчар со своето стадо овчички, на една неподнослива леснотија на постоењето, убавина...

Кога размислувам за Бог, не мислам само на небото. Мислам на животот во неговата најчиста убавина. Зашто секоја тревка, секој цвет, секој здив на ветрот и секој зрак светлина сведочат за Неговото присуство.

И тогаш разбирам дека Бог не е далеку. Тој е насекаде околу нас – и во секоја креација која е создадено со љубов.

Природата е лек - Божји лексилиум 🙂"
Симеон Стефковски

Пред да објавам слики за денешниов ден на планина го начекав овој текст кај еден пријател од социјалните мрежи и го позајмив оти овие реченици го опшуваат токму тоа што го доживеавме денес. Нашата трета средба со планината беше посветена на благодарноста. На сѐ што имаме, а го земаме здраво за готово. Ама планината е секогаш тука да не потсети 🍀 До следната средба!

Денес го славиме Меѓународниот ден на јогата – ден посветен на древната практика која нè потсетува дека здравјето е мног...
21/06/2026

Денес го славиме Меѓународниот ден на јогата – ден посветен на древната практика која нè потсетува дека здравјето е многу повеќе од отсуство на болест и оваа година се одбележува под мотото "Јога за здраво стареење" или " Yoga for healthy aging".

Со текот на годините, нашето тело се менува, но потребата за движење, виталност и внатрешен мир останува иста.
Јогата ни помага да ја зачуваме флексибилноста, силата и рамнотежата, да го смириме умот и да го намалиме стресот. Таа нè учи да дишеме посвесно, да се движиме со почит кон сопственото тело и да го прифатиме секој период од животот со благодарност и достоинство.
Здравото стареење не значи само додавање години на животот, туку додавање живот во годините. Со секој свесен здив, со секое движење и со секој момент на присутност, градиме подобро здравје, поголема радост и подлабока поврзаност со себе.
Нека овој ден биде потсетник дека никогаш не е доцна да започнеме да се грижиме за себе. Јогата е патување што нè придружува низ сите животни доба, носејќи ни сила, мир и хармонија.

Среќен Меѓународен ден на јогата!

Address

Димче Лахчански бб
Bitola
7105

Opening Hours

Monday 18:00 - 21:00
Tuesday 18:00 - 21:00
Wednesday 18:00 - 21:00
Thursday 18:00 - 21:00
Friday 18:00 - 21:00

Telephone

077873448

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Центар за вежби Здравје и Хармонија- Битола posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Business

Send a message to Центар за вежби Здравје и Хармонија- Битола:

Shortcuts

Share