Пчеларство Ѓорѓиевски

Пчеларство Ѓорѓиевски Здрави навики и намирници-клуч за здрав живот!
100% ПРИРОДЕН МЕД од најчистите предели во нашата држава. Пробајте и уверете се!

Еве само неколку причини зошто треба редовно да консумирате МЕД И МЛЕКО:1. Заедно помагаат во варењето на храната!Медот ...
25/05/2020

Еве само неколку причини зошто треба редовно да консумирате МЕД И МЛЕКО:
1. Заедно помагаат во варењето на храната!
Медот има пробиотички својства. Го стимулира растот и развојот на „добри“ бактерии во дигестивниот тракт. Од друга страна, јаглехидратите и олигосахаридите во медот, исто така, влијаат на множењето на „добри“ бактерии. Сето ова влијае на проблеми со запек, грчеви во стомакот, надуеност и други „штетни“ бактерии. Ако пиете млеко со мед секое утро, ќе ја зголемите отпорноста на вашето тело, особено поради јаглехидратите кои го стимулираат и зајакнуваат метаболизмот.

2. Медот има можност да делува како транспортер на хранливи материи на секој дел од вашето тело. Исто така, помага при апсорпција на калциум и ефикасно спречува болести, како што се остеопороза и артритис.

3. Ако имате проблеми со несоница, чаша топло млеко и мед е идеален избор. Медот помага во контролата на инсулинот, а мозокот ослободува повеќе триптофан, кој потоа се претвора во серотонин - хормон кој, меѓу другото, ви помага да заспиете.

4. Ако имате проблеми со сува кашлица или чувствувате симптоми на настинка, поткренете го вашето тело со овој пијалок.

01/05/2020

Љубов, даровите на природата и мноооогу труд и работа на нашите пчелки 🐝🐝🐝
Честит 1ви Мај, Меѓународниот ден на трудот !

Нека Христовото воскресение донесе мир во душата, здравје, среќа и благосостојба на сите православни христијани ! Христо...
18/04/2020

Нека Христовото воскресение донесе мир во душата, здравје, среќа и благосостојба на сите православни христијани ! Христос Воскресе - Навистина Воскресе! ✨🙏

13/04/2020

Зуењето што се слуша додека пчелата лета, е резултат на мавтањето на нејзините 4 крилца. Дури 11.400 пати во минута 🐝

Доколку често го користите медот, направете ги овие мали опити во вашата “домашна лабораторија“ за да бидете сигурни дек...
08/04/2020

Доколку често го користите медот, направете ги овие мали опити во вашата “домашна лабораторија“ за да бидете сигурни дека вие и вашето семејство конзумирате природен и здрав мед.
°Ставете малку мед на хартиена салфета. Ако се направи влажна дамка околу медот и почне да се шири, тоа е знак дека медот е разреден.
°Натопете парче бајат леб во мед. После 8-10 минути, доколку медот е природен, лебот треба да е се уште со цврста конзистенција и не треба да омекне.
°При матење на природен мед со една жолчка од јајце, жолчката ќе изгледа како варена, односно како крем или пудинг.
°Природниот мед после ставање на вода формира топка на дното, односно не се раствора веднаш, додека фалсификуваниот мед веднаш почнува да се раствора, што лесно се забележува при набљудување на допирната површина меѓу медот и водата уште при самото ставање на медот во водата.
°Само природниот мед кристализира.

Mедот храна која може ви го продолжи животниот век!Легендата вели медот е храна на боговите. Денеска е тешко да се замис...
05/04/2020

Mедот храна која може ви го продолжи животниот век!
Легендата вели медот е храна на боговите. Денеска е тешко да се замисли животот без мед.
Неколку факти за медот:
1. Природна слатка течност која е направена од нектарот на цветовите, собран од пчелите.
2. Бојата, вкусот и слаткоста на медот зависи од кој тип цвет е собран.
3. Содржи преку 90 скапоцени состојки, меѓу кои најважни се етеричните масла, билните бои и киселините.
4. Здрава алтернатива на природниот шеќер.
5. Добро затворен мед има неограничен рок на траење
6. Кристализацијата е нормален процес кој не влијае на неговиот квалитет. Ставете ја теглата во топла вода и повторно ќе добиете течен мед.
7. На температура над 41 степени медот ги губи лековитите својства.

Хранливи вредности на медот:
1. Медот како производ на пчелите е на границата меѓу храна и лек.
2. Главната состојка се шеќерите, од кои најзначајни се фруктоза, гликоза, сахароза.
3. Медот многу брзо се апсорбира во организмот.
4. Во својот состав има ензими, аминокиселини, етерични масла , витамини и минерали (витамин Б1, Б2, Б5, Б6, Ц, Д, К, од минерали натриум, калиум, калциум, фосфор, магнезиум, железо , цинк, јод, бакар , хром) и други состојки.

Лековито дејство на медот:
1. Пред сѐ претставува извор на енергија бидејќи е лесно се вари и се препорачува кај спортисти, ја зголемува издржливоста, а го намалува заморот на мускулите.
2. Медот е одличен антиоксиданс. Трудниците кои во текот на својата бременост конзумирале мед раѓале поздрави и повитални деца. Кај малите деца се препорачува мед по првата година.
3. Ги олеснува симптомите на грип и настинка, болестите на респираторниот систем, како што се синуси и воспаление на грлото.
4. Врз раните има дејство на антисептик, ја намалува болката, а исто така го извлекува отровот при убоди на инсекти.
5. Ако се изгорите веднаш нанесете веднаш мед. Така ќе спречите да се создаде меур, а кожата ќе ви зарасне без лузни.
6. Облози од мед помагаат при кожни проблеми, како што е испукана кожа, осипи, јадеж.
7. Медот помага и при тврда столица, гастритис, чир на желудникот
8. Го подигнува нивото на железо и ги намалува маснотиите во крвта
9. Го прочистува телото
10. Познато е неговото благотворно дејство кај проблеми со очите, коњуктивит и др.

Различни видови мед имаат различно дејство.
1. Шумскиот мед е особено корисен кај децата за подобар раст и развој. Исто така се препорачува кај анемични и слаби лица, трудници, доилки, стари и изнемоштени лица, физички и умствени работници, спортисти и др.
2. Ливадскиот мед се препорачува кај алергии и за јакнење на имунитетот. Исто така се препорачува кај кардиоваскуларни и срцеви заболувања, како и за невролошки болести.
3. Саќето и медот од липа ги олеснуваат тегобите на дишните органи при настинка, но липовиот мед не се препорачува кај болните со срцеви проблеми.
4. Темниот мед од костен ја поттикнува циркулацијата, ја регулира работата на желудникот, цревата, црниот дроб и жолчката, се препорачува кај анемии, го остранува уморот, ги јакне мускулите и имунитетот на организмот.
5. Багремов мед се користи при проблеми со крвните садови, тврда столица. Исто така делува смирувачки, помага и при несоница, нервоза и напнатост.
6. Боров мед помага при искашлување кај болните од бронхитис и астма.

Address

Delcevo
2320

Telephone

+38978413988

Website

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Пчеларство Ѓорѓиевски posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Share