06/05/2026
Хомицистеин и здравјето на срцето
Зошто хомоцистеинот е важен?
ХОМОЦИСТЕИН
Хомоцистеинот е инфламаторна (воспалителна) аминокиселина која настанува како нуспродукт на метаболизмот на протеините. Оштетувањата на ѕидовите на артериите предизвикани од хомоцистеин се еден од главните фактори кои го покренуваат процесот на атеросклероза.
Постојат природни начини да се заштитиме од тоа.
Приказната за хомоцистеинот започна со извештајот на д-р Килмер МекКули од 1969 година дека покаченото ниво на хомоцистеин е поврзано со напредната атеросклероза и прерана смрт.
Тој откри дека децата, родени со генетско пореметување наречено хомоцистеинурија, кое доведува до тоа нивоата на хомоцистеин да бидат многу високи, често умираат многу млади поради напредната склероза во нивните артерии.
Но, дури во 1990-тите беше целосно уважено значењето на хомоцистеинот во развојот на срцевите заболувања.
Покаченото ниво на хомоцистеин доведува до засилено згрутчување кое го намалува дотокот на крв во важните делови на телото. Недостатокот на крв во срцето може да предизвика срцев удар, а намаленото снабдување на мозокот со крв го забрзува развојот на деменција и може да доведе до мозочни удари.
Високото ниво на хомоцистеин е исто така поврзано со згрутчувања во други важни делови на телото. Тоа ги вклучува и вените, во случаите на тромбоза на длабоките вени, или емболија на белите дробови.
Во некои проучувања, дури и умереното зголемување на нивото на хомоцистеин покажало поврзаност со зачестеноста на формирање на крвни згрутчувања.
Нивоата на хомоцистеин би требало да ги проверат сите кои имаат семејна историја на срцеви заболувања, шлог, дијабетес или когнитивна дегенерација (деменција). Исто така, сите на кои им е дијагностицирано некое од тие состојби би требало да ги следат своите нивоа на хомоцистеин.
Во ризичната група спаѓаат и оние кои имаат лична или семејна историја на алкохолизам или бубрежни заболувања.
Најдобриот начин да се проверат нивоата на хомоцистеин се лабораториските претраги кои се однесуваат на здравјето на срцето и кои вклучуваат мерење на Ц-реактивниот протеин, Lp(a) (липопротеин а – го блокира натриум аскорбат) и VAP тест (вертикален автопрофил на холестерол).
Како доаѓа до зголемување на нивото на хомоцистеин
Хомоцистеинот е метаболички нуспроизвод на метаболизмот на белковините, а посебно на метаболизмот на метионин.
Метионин се наоѓа во месото, плодовите од морето, млечните производи, јајцата, сусамот и бразилскиот орев.
Хомоцистеинот се метаболизира на два начини: реметилација и транссулфурација.
Реметилацијата бара фолати (Б9) и Б12 коензими, додека транссулфурацијата бара пиридоксал-5-фосфат, коензим Б6.
По правило околу 50% од хомоцистеинот се реметилизира, а остатокот од хомоцистеинот се транссулфурира во цистеин.
Цистеинот кој така се формира потоа се користи за производство на глутатион. Глутатионот е моќен антиоксиданс кој ги штити клетките од оксидативен стрес. Витаминот Б2 и магнезиумот учествуваат во метаболизмот на хомоцистеинот.
Ако во телото не постои доволно витамин Б6, Б12, фолати, Б2 и магнезиум, може да дојде до опасно зголемување на нивото на хомоцистеин.
Причини за зголемување на хомоцистеинот
Лошата исхрана со многу шеќери и јаглехидрати може да го намали нивото на клучните Б витамини и магнезиум.
Пореметувањето на рамнотежата на цревните бактерии доведува до лоша апсорпција на хранливите состојки, што исто така може да доведе до зголемување на нивото на хомоцистеин.
Генетските пореметувања, на пример оние кои предизвикуваат проблеми со апсорпцијата и користењето на фолати и витамин Б6, се често се среќаваат кај лица со покачено ниво на хомоцистеин.
Тестирањата на крвта кои покажуваат нивоа на хомоцистеин над 6,3 mmol/L (по американските стандарди) се индикација за лоша метилација и зголемен ризик од кардиоваскуларни болести. Во тој случај би требало да се воведат суплементи на метилирани форми на витамин Б, како што се метил-фолат, метил-Б12, Пиридоксал-5-фосфат, рибофлавин, триметилглицин, магнезиум и колин.
Препорачаните суплементи се исто така ПАБА, Н-Ацетил цистеин и алфа липоична киселина, тие помагаат во создавањето на глутатион и ги намалуваат нивоата на хомоцистеин. Про Колаген 19 кој содржи натриум аскорбат, лизин, пролин, глицин исто така помага во чистењето и обновата на крвните садови...
Висококвалитетните омега-3 масни киселини и заситените средноланчени масти од кокосовото масло се суштински важни за намалување на нивото на хомоцистеин.