Волонтерскиот Центар Гевгелија нуди програма за волонтирање на млади 15-29 години, со цел промоција на волонтеризмот и стекнување на работни вештини.
Програмата ќе го промовира волонтерството, ке им помогне на волонтерите да стекнат работно искуство, заедно со вредни знаења и вештини кои не само што ќе го збогатат нивното CV туку ќе ги направат самите подобри кандидати за работа. Исто така, ќе им
помогне во утврдување на нивната идна професија. Се надеваме дека овој проектот ќе влијае и на невработеноста на младите во Гевгелија, во прилог на обезбедување на места за волонтирање.
Во првата фаза на проектот е да се регрутираат потенцијалните волонтери, како и организации и бизниси кои сакаат да ги користат овие волонтери. Веќе Фондацијата Аполонија и ЗЕДМ Сложувалка имаат склучено меморандум со 10 партнер организации, повеќето од јавен но има и претставници од приватен сектор.
Втората фаза вклучува обезбедување на простор и собирање материјали за Волонтерскиот Центар. Фондацијата Аполонија има нови канцелариски простории, кои ќе може да се користат за Волонтерскиот Центар. Локалната библиотека „Гоце Делчев“ исто така понуди простор за одржување на некои настани како работилниците за обука. Материјали се обезбедени преку донација од Фондацијата Аполонија, Корона Интернационал и грант добиен од USAID, преку SPA програма за мали проекти.
Третата фаза е отворање на центарот на 28 Фебруари 2014 година, промовирање на целите и задачите на истиот, и активностите кои во рамките на овој Волонтерски Центар ќе се одвиваат во текот на 2014 година. Финалната фаза вклучува поврзување на волонтери и компании и следење на процесот на нивна интеграција и успех во организациите. Оваа фаза исто така ќе вклучи одржување на седум семинари преку кои ќе се развие секој волонтер професионално, со теми, вклучувајќи пишување на CV / Resume , пишува мотивационо писмо, користење на интернет за да најдат работа и обука на работното место, како да се справиме со стресот на работното место, јавно говорење, Пишување и менаџирање на проекти. Оваа фаза ќе продолжи во текот на годината, а ќе има 4 циклуси од по 4 месеци, со повторувања на работилници, но и со наоѓање на нови волонтери.