02/08/2026
Што е задолжително да се прави на 2 август?
Еден од најпознатите обичаи е земање лажичка мед. Се верува дека медот носи здравје на денот на Свети Илија, па мајките често ги мачкаатна образите на своите деца за да ги одржат здрави и розови во текот на целата година
🐝🐝🐝🐝🐝🐝🐝🐝🐝🐝
Според верувањата, Свети Илија е најсушниот и најтоплиот дел од годината.
Во народот се вели дека по празникот Св.Илија полека одминуваат жештините и сонцето е поблаго. Старите велат дека на овој ден е добро да јадете мед за здравје.
Медот им се давал на децата, наутро, а некогаш обичајот бил мајките да ги намачкаат децата со мед за цела година да бидат здрави.