18/05/2026
Секој од нас во одредени периоди од годината се соочува со промени во телото за кои се запрашуваме дали станува збор за сезонски вирус, бактериска инфекција или обична алергија. 🤔
👉🏼 Разликите можат да бидат суптилни, но препознавањето на симптомите е клучно:
✔️ вирусите обично предизвикуваат треска, кашлица и замор, постепена појава на симптомите, благо покачување на температурата до 38 °C и проѕирен секрет од носот;
✔️ бактериите често водат до поинтензивни воспалителни процеси, нагла појава на симптомите со температура над 38 °C и густ секрет од нос кој може да бие зелен и/или жолт;
✔️ a алергиите се карактеризираат со чешање, кивање, насолзени очи и зачестена реакција на специфични алергени.
Дополнителна анализа на крв или брис од грло и нос може точно да покаже кој е причинителот, за да се даде соодветна терапија. Така, симптомите што се слични кај различни состојби нема да се толкуваат погрешно. Важен параметар е и CRP (Ц-реактивен протеин), кој обично е значително зголемен кај бактериски инфекции.
Важно е што е можно порано да ги препознаеме овие разлики за да можеме да си помогнеме на природен начин, да ги намалиме непријатните симптоми и, ако е потребно, да побараме стручна лекарска помош и соодветна терапија. 🧑🏼⚕️
На овој начин можеме да го заштитиме нашето здравје и да реагираме навреме, без непотребна паника.