Центар за јавно здравје Кочани

Центар за јавно здравје Кочани Официјална фејсбук страница на ЈЗУ Центар за јавно здравје Кочани

26/08/2026

🍂 ПОЧЕТОК НА УЧИЛИШНАТА ГОДИНА
Септември е на прагот, децата се враќаат во градинките и училиштата, повторно поминуваат многу време заедно во затворени простории – и многу брзо започнуваат течење на носот, кашлица, покачена температура...
Особено родителите на децата кои првпат тргнуваат во градинка често прашуваат:
„Можеме ли некако да го подготвиме детето за оваа година да биде помалку болно?“
Веднаш една важна работа:
👉 Не постои сируп, витамин или додаток во исхраната кој ќе создаде „штит“ околу детето и ќе ги спречи вообичаените инфекции во колективот.
Но, постојат работи што можеме да ги направиме.
1. Вратете го добриот ритам на спиење
Ако во текот на летото се легнувало подоцна, сега е добро постепено да се врати редовниот ритам. Квалитетниот сон е важен дел од нормалното функционирање на детскиот организам.
2. Исхраната треба да е едноставна и разновидна
Разновидна исхрана соодветна на возраста, овошје, зеленчук и доволно течности. На здравото дете не му е потребна цела полица со препарати за „зајакнување на имунитетот“.
3. Стекнување на навики кои навистина го намалуваат ширењето на инфекциите
Миење на рацете по користење на тоалет, пред јадење и по дување на носот. Кашлање и кивање во лактот или во марамче. Да не се делат шишиња, прибор за јадење и други предмети кои завршуваат во устата.
4. Прифатете дека детето сепак ќе се разболува
Малите деца во колектив можат да имаат повеќе респираторни инфекции во текот на годината, особено во првите години од посетувањето градинка. Тоа само по себе не значи дека детето има „слаб имунитет“.
5. Кога детето навистина е болно – нека остане дома
Температура, лоша општа состојба, повраќање, дијареја или неможност за нормално учество во активностите се знаци дека на детето му се потребни одмор и опоравување, но и дека треба да се заштитат другите деца.
❤️ Најдобрата подготовка за сезоната на инфекции не е „зајакнување на имунитетот“ преку ноќ.
Тоа се добри секојдневни навики, доволно сон, соодветна исхрана, хигиена – и реално очекување дека инфекциите, особено по првото вклучување во колектив, едноставно се дел од детството.

12/08/2026

ЈАВНОЗДРАВСТВЕНИ ПРЕПОРАКИ ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЦАТА НАД 65 ГОДИНИ ПРИ ВИСОКИ
ТЕМПЕРАТУРИ

Високите температури претставуваат зголемен здравствен ризик за лицата
над 65 години.
Избегнувајте изложување на директно сончево зрачење во најтоплиот период
од денот (11-17 часот) и престојувајте во пријатно разладени простории.
Внесувајте доволно течности и не чекајте да почувствувате жед.
Редовно земајте ја пропишаната терапија и не ја менувајте без
консултација со лекар.
Одржувајте редовен контакт со семејството и блиските, особено доколку
живеете сами.
Прочитај повеќе:
https://www.iph.mk/mk/news/index/1805

12/08/2026

ЈАВНОЗДРАВСТВЕНИ ПРЕПОРАКИ ЗА РАЗЛАДУВАЊЕ НА ЗАТВОРЕНИ ПРОСТОРИИ ПРИ
ТОПЛО ВРЕМЕ

Одржувајте ја температурата во просторијата околу 25 °C и избегнувајте
прекумерно разладување.
При голема разлика меѓу температурата во затворениот простор и
надворешниот воздух, најмалку 15 минути пред излегување постепено
приспособете се на повисоката температура.
Во текот на денот држете ги прозорците затворени кога надвор е потопло,
а проветрувајте навечер, во текот на ноќта и рано наутро, кога
надворешниот воздух е посвеж.
Ограничете го директното сончево загревање со ролетни, капаци или завеси
и исклучете ги светлата и електричните уреди што непотребно создаваат
топлина.
Вентилаторите користете ги како дополнителна мерка за разладување кога
температурата во просторијата е под 35 °C; при повисоки температури не
треба да бидат единствениот начин за разладување.
Прочитај повеќе на:
https://www.iph.mk/mk/news/index/1806

01/08/2026

Светска недела на доењето 1-7 Август

Мајчиното млеко не е само храна – тоа е жива, биолошки активна течност, единствено прилагодена на потребите на новороденчето. Богато е со антитела, ензими, хормони и други заштитни фактори, обезбедува оптимален раст и развој, го зајакнува имунолошкиот систем и го намалува ризикот од респираторни и гастроинтестинални инфекции, алергиски заболувања, дебелина, дијабетес и други хронични состојби во подоцнежниот живот. Во исто време доењето придонесува за подобар когнитивен развој и создава силна емоционална врска помеѓу мајката и детето.
Придобивките од доењето се значајни и за мајката.
Доењето го поттикнува закрепнувањето по породувањето, го намалува ризикот од рак на дојка и јајници, дијабетес тип 2 и кардиоваскуларни заболувања, и има позитивно влијание врз психичкото здравје и благосостојбата на мајката.
Секоја мајка која има можност да дои заслужува поддршка, охрабрување и точна едукација.
Доењето не е само личен избор – тоа е заедничка одговорност на семејството, на здравствените работници и на општеството. Создавањето средина во која мајките ќе се чувствуваат сигурно, прифатено и поддржано е клучно за успешното доење.
По повод Светската недела на доењето, да ја подигнеме свеста за бројните придобивки, да ги охрабриме идните и сегашните мајки да дојат кога тоа е возможно и безбедно, но истовремено да изградиме општество во кое секоја мајка ќе биде поддржана, а не осудувана.
Здравиот почеток на животот започнува со знаење, поддршка и љубов.
Да го промовираме доењето, да ги поддржиме мајките и да инвестираме во поздрави генерации.

ЈАВНОЗДРАВСТВЕНИ ПРЕПОРАКИ ЗА ЛЕТНИ ПАТУВАЊАИнформирајте се за здравствените ризици во земјата каде што патувате и прове...
01/08/2026

ЈАВНОЗДРАВСТВЕНИ ПРЕПОРАКИ ЗА ЛЕТНИ ПАТУВАЊА

Информирајте се за здравствените ризици во земјата каде што патувате и проверете дали ви се потребни вакцинација или профилактична терапија.

Заштитете се од комарци и инсекти; носете соодветна облека и престојувајте во здравствено безбедни простории.

Бидете внимателни при активности на вода и следете ги препораките на надлежните служби.

Заштитете се од високите температури – избегнувајте сонце од 11 до 17 часот и внесувајте доволно течности.

Во случај на појава на здравствени проблеми за време или по патувањето, навремено обратете се кај лекар.

Прочитајте повеќе на:

https://www.iph.mk/mk/news/index/1795

31/07/2026

Високите температури се погодни за размножување на микроорганизми во храната, поради што особено внимание треба да се посвети на начинот на купување, транспорт и чување на лесно расипливите производи.
Препорачуваме да се избегнува купување храна со оштетена амбалажа (нагмечена, надуена или напукната), разладените или замрзнатите производи да се купуваат на крајот од пазарењето, а лесно расипливата храна, како месото, млекото и јајцата, да не се чуваат долго време во автомобили и во други транспортни средства. Да се избегнува купување разладена или замрзната лесно расиплива храна, која се чува надвор од ладилник или замрзнувач. Разладената храна да се чува на температура пониска од 5 степени, а храната што треба да се зготви термички да се обработи на температура повисока од 60 степени. Овошјето и зеленчукот пред употреба темелно да се измијат под млаз вода, месото, млекото и јајцата термички добро да се обработат. По подготовката, изладена, храната да се чува во фрижидер
Во објектите за брза храна да се избегнуваат додатоците што не стојат во ладилник, како што се мајонез, кечап, крем-салати, сосови, преливи.
Доколку сметате дека храната не е безбедна, не ризикувајте – фрлете ја.

Send a message to learn more

29/07/2026

ХИВ ТЕСТИРАЊЕ ВО ЦЕНТАР ЗА ЈАВНО ЗДРАВЈЕ КОЧАНИ
Грижата за вашето здравје започнува со навремено тестирање.
Доколку лицето има потреба или желба, тестирањето може да се спроведе анонимно и доверливо, во согласност со важечките препораки и со почитување на приватноста.
За повеќе информации и закажување, обратете се во Центарот за јавно здравје.
✅ Анонимно
✅ Доверливо
✅ Брзо и едноставно
Дознајте го вашиот ХИВ статус навреме. Раното откривање овозможува навремена грижа и придонесува за зачувување на здравјето.

24/07/2026

1.Дали и колку ЦЈЗ - Кочани е надлежен за испитување на јавните водоводи во регионов? Контролата и мониторингот на јавните водоводи во Република Македонија се регул....

ПРЕВЕНЦИЈА НА ЗАБОЛУВАЊА КОИ СЕ ПРЕНЕСУВААТ ПРЕКУ ХРАНА  И ВОДАЛетниот период и високите температури го зголемуваат ризи...
15/07/2026

ПРЕВЕНЦИЈА НА ЗАБОЛУВАЊА КОИ СЕ ПРЕНЕСУВААТ ПРЕКУ ХРАНА И ВОДА

Летниот период и високите температури го зголемуваат ризикот од појава на заболувања кои се пренесуваат преку храна и вода. Поголемиот дел од овие заболувања можат да се спречат со правилна хигиена, безбедно ракување со храната, соодветно чување и подготовка на храната и употреба на безбедна вода за пиење
Кои се најчести заболувања кои се пренесуваат преку храна и вода?
Заболувањата кои се пренесуваат преку храна и вода се предизвикани од бактерии, вируси, паразити или нивни токсини, кои навлегуваат во организмот со консумирање на контаминирана храна или вода со инфективни или токсични агенси.
Најчести заболувања се:
Салмонелоза (Salmonella enteritidis) – најчесто се јавува по консумирање на недоволно термички обработени јајца, месо, млеко или млечни производи.
Акутна алиментарна интоксикација (Staphylococcus aureus) – настанува по консумирање на храна која подолго време била изложена на несоодветна температура, особено во летниот период, кога високите температури овозможуваат побрзо размножување на бактеријата и зголемено производство на ентеротоксини во храната од животинско потекло.
Кампилобактериоза (Campylobacter jejuni) – најчесто се пренесува преку сирово или недоволно печено пилешко месо и други производи од животинско потекло, непастеризирано млеко и контаминирана вода.
Инфекции со Escherichia coli особено ентерохеморагична инфекција (EHEC) – преку недоволно обработено месо, како и преку контаминирано свежо млеко, овошје и зеленчук.
Шигелоза и тифусна треска (Shigella spp., Salmonella typhi) – се пренeсуваат преку загадена вода, контаминирана храна и нечисти раце.
Хепатитис А – се пренесува преку загадена вода, свежо овошје, зеленчук или школки од загадени води.
Норовируси и ротавируси – предизвикуваат гастроентеритис и се шират преку загадена храна, вода, смрзната храна и преку контакт со контаминирани предмети/површини или заразено лице.
Амебијаза и џардијаза – паразитарни инфекции кои најчесто се пренесуваат преку загадена вода, мраз, недоволно измиено овошје и зеленчук или сирова храна.
Листериоза најчесто се пренесува преку консумирање на непастеризирано млеко и млечни производи, недоволно термички обработено месо, сувомесни производи, чадена риба, свеж зеленчук и овошје и друга готова храна чувана подолго време во несоодветни услови. Можен е пренос на бактеријата преку директен контакт со инфицирани животни, нивни секрети или контаминирана почва и ѓубриво.
Кои се најчестите симптоми?

Најосетливи на труење со храна се децата, постарите лица, трудниците и лицата со ослабен имунитет. Најчести симптоми кои може да се јават после консумирање на храна и вода со сомнителна здравствена исправност се: повраќање, дијареја (проливи), треска, главоболка и вртоглавица, болка во мускулите, нарушена ресорпција на хранливи материи, болки и грчеви во стомакот, како и придружни инфекции на други органи.

Кога да побарате помош?

Доколку почувствувате некои од наведените симптоми и се сомневате на користење на храна или вода со сомнителна исправност, обратете се кај вашиот матичен доктор или во најблиската здравствена установа. Следете ги советите од стручните лица, во меѓувреме хидрирајте се со исправна вода, одмарајте и земете симптоматска терапија.

Кои се најчести ризици?

Чувањето на веќе подготвената храна на собна температура, особено во топлите летни месеци, овозможува брзо размножување на инфективните агенси и лачење на нивни токсини и е најчеста причина за настанување на заболувањата кои се пренесуваат преку храна.
Во летните месеци и во ситуации кога има нарушување на стабилноста на водоснабдителниот систем пратен со повремен недостаток на чиста вода, се зголемува ризикот од појава и ширење на болести кои се пренесуваат преку загадена храна и вода. Високите температури ја забрзуваат контаминацијата и размножувањето на микроорганизмите, а недостигот на чиста вода ја отежнува личната хигиена, подготовката и чувањето на храната.

ПРЕВЕНТИВНИ МЕРКИ:

1. Одржувајте чистота

· Мијте ги рацете со вода и сапун најмалку 20 секунди:

₋ пред подготовка на храна;

₋ пред јадење;

₋ по допирање сирово месо и јајца;

₋ по користење тоалет.

· Одржувајте ги чисти работните површини и кујнскиот прибор.

· Заштитете ја храната од инсекти и глодари.

2. Одделете ја сировата од приготвената храна

· Користете посебни даски и ножеви за сирово месо и за готова храна.

· Чувајте ги сировото месо и живината во затворени садови во фрижидер.

3. Добро термички подгответе ја храната

· Месото, живината, јајцата и морските плодови треба термички темелно да се обработат.

· Храната треба да достигне внатрешна температура од најмалку 70 °C.

4. Чувајте ја храната на безбедна температура

· Не оставајте подготвена храна на собна температура повеќе од 2 часа.

· Во летни услови (>32 °C), храната не треба да стои надвор повеќе од 1 час.

· Чувајте ја ладната храна на температура под 5 °C.

· Чувајте ја топлата храна на температура над 60 °C.

5. Користете безбедна вода и безбедни суровини

· Користете здравствено исправна вода за пиење.

· Мијте ги овошјето и зеленчукот со безбедна вода.

· Избегнувајте нечиста вода за спорт, риболов и капење.

· Користете пастеризирано млеко и млечни производи.

· Проверувајте го рокот на употреба на храната.

· Не консумирајте храна со променет мирис, вкус или изглед.

Посебни препораки при високи температури

· Избегнувајте купување храна од нерегистрирани продавачи.

· При патување носете храна во ладилници или термо-кутии.

· Не консумирајте мраз од непознато потекло.

· При прекин на водоснабдувањето или сомнеж за загадување на водата, употребувајте превриена или флаширана вода.

Обврски на лицата кои ракуваат со храна и надлежните служби

Лицата кои подготвуваат, ракуваат, чуваат или дистрибуираат храна во ресторани, угостителски објекти, јавни кујни и други објекти за исхрана треба редовно да се обучуваат за безбедност на храната и доследно да ги применуваат принципите на хигиенскиот минимум и добрата хигиенска практика.

Вработените кои работат со храна треба редовно да вршат санитарно-здравствени прегледи, согласно важечките прописи.

Да се обезбеди континуирана ветеринарно-санитарна контрола на животните и производите од животинско потекло, вклучувајќи контрола при одгледување, колење, преработка, складирање, транспорт и промет, со цел да се гарантира безбедноста на храната и да се намали ризикот од заболувања што се пренесуваат преку храна.
БЕЗБЕДНАТА ХРАНА И БЕЗБЕДНАТА ВОДА СЕ ОСНОВНИ ПРЕДУСЛОВИ ЗА ЗАЧУВУВАЊЕ НА ЗДРАВЈЕТО.
СО ПРИМЕНА НА ЕДНОСТАВНИ ХИГИЕНСКИ МЕРКИ И ПРАВИЛНО РАКУВАЊЕ СО ХРАНАТА, НАЈГОЛЕМИОТ ДЕЛ ОД ЗАБОЛУВАЊАТА КОИ СЕ ПРЕНЕСУВААТ ПРЕКУ ХРАНА И ВОДА МОЖАТ УСПЕШНО ДА СЕ СПРЕЧАТ.

Светски ден на дебелината - 4 Март 2026До 2035 година, се очекува половина од светската популација - околу 4 милијарди л...
04/03/2026

Светски ден на дебелината - 4 Март 2026
До 2035 година, се очекува половина од светската популација - околу 4 милијарди луѓе -да живее со прекумерна тежина или дебелина.
Ова не е само проблем на возрасните.
Дебелината кај децата брзо расте, а стапките кај децата на училишна возраст се зголемуваат речиси петкратно од 1975 година, особено во земјите со ниски и средни приходи.
Дебелината во детството често продолжува и во зрелоста, зголемувајќи го ризикот од сериозни незаразни болести како што се дијабетес, срцеви заболувања и некои видови на рак. Сиромаштијата, стигмата, нееднаквиот пристап до образование и здравствена заштита, ограничената достапност до здрава храна и средини кои не поддржуваат здрав живот, сите тие влијаат врз ризикот и резултатите во текот на животот.
Речиси 3 милијарди луѓе, вклучувајќи над 400 милиони деца на училишна возраст, веќе живеат со прекумерна тежина или дебелина - бројка за која се предвидува да достигне 4 милијарди до 2035 година.
Наодите од студијата на Европска иницијатива за следење на дебелината кај децата (COSI) покажуваат сериозни предизвици поврзани со исхраната и телесната тежина кај децата од 6 до 9 - годишна возраст во Македонија.

Телесна тежина
31,2% од децата имаат зголемена телесна тежина, а 13,7% од нив живеат со дебелина – што е над просекот на Eвропскиот регион, 25% и 11%, соодветно.
Зголемената телесна тежина и дебелината е почеста кај момчињата во споредба со девојчињата.

Навики во исхраната
Само 25% од децата секојдневно јадат свежо овошје – ова е најниската дневна консумација на овошје во целиот Европски регион.
20% консумираат свеж зеленчук секој ден – што, исто така, е меѓу најниските нивоа во Европа.
Солени грицки консумираат 40% од децата – најмногу во однос на државите вклучени во COSI студијата во Европскиот регион.
Повеќе од половина (51%) од децата редовно консумираат слатки грицки три или повеќе дена во неделата.

Физичка активност

40% од децата поминуваат повеќе од два часа дневно пред екрани (телевизија или електронски уреди).
63,3% од децата пешачат или возат велосипед до училиште; кај оние што живеат на растојание до 2 km, оваа навика ја практикуваат дури 89%.
94% од децата секојдневно имаат најмалку еден час активна игра со умерен до силен интензитет.
48,2% активно спортуваат или танцуваат повеќе од два часа неделно.
Големо мнозинство, 88,6%, спијат најмалку 9 часа навечер.

Социјални фактори и перцепција на родителите

Децата со зголемена телесна тежина и дебелина живеат во семејства чиишто родители имаат низок или среден степен на формално образование.
Децата кои практикуваат навики коишто поддржуваат здравје живееле со родители коишто имале повисок степен на образование.
Постои ниска свесност кај родителите за препознавање на зголемената телесна тежина и дебелината кај нивните деца. За повеќе од половина од децата коишто живеат со зголемена телесна тежина и/или дебелина, родителите перципирале дека телесната тежина на нивните деца е во препорачани граници на „нормална телесна тежина“

Дебелината како проблем треба да се разбере, а не да се стигматизира. Со давање приоритет на превенцијата од најраните години и обезбедување на еднаков пристап до здравствена грижа, можеме да ја промениме оваа состојба.
Светскиот ден на дебелината 2026 година е повик за акција за секој еден од нас.
Заедно, можеме да ја промениме приказната за дебелината.
д-р Елена Тортевска Данилов

Address

Милан Зечар бр. 21
Kocani
2300

Opening Hours

Monday 07:00 - 15:00
Tuesday 07:00 - 15:00
Wednesday 07:00 - 15:00
Thursday 07:00 - 15:00
Friday 07:00 - 15:00

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Центар за јавно здравје Кочани posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Business

Send a message to Центар за јавно здравје Кочани:

Shortcuts

Share