21/12/2021
Aloe First
Смирувачки спреј за кожа со Алое
ОПИС И СВОЈСТВА
Aloe First е прекрасен додаток за секоја аптека за прва помош. Оваа исклучителна формула за кожата е првиот заштитен слој против кожни инфекции и воспаленија. Создаден со висок процент на стабилизиран Алое Вера Гел, Aloe First содржи и други одбрани состојки, поради што е незаменлив производ за разни кожни проблеми.
Пчелниот прополис ги зголемува природните антибиотски својства на Алое Вера Гелот.
Алантоинот е материја што ја заштитува кожата и се среќава во мноштвото растенија, вклучувајќи ја и надворешната кора на листовите на Алоето.
Единаесет внимателно избрани растителни екстракти, познати по своите благотворни својства, се додадени за уште поголем ефект.
Алоето и билките се спојуваат во еден природен смирувачки спреј, кој е погоден за употреба кај кожни инфекции како што, се црвенило, плускавци, рани од исекувања и контузии. Лесен е за употреба дури и кога допирот со кожата е многу болен, Aloe First лекува лесни исекувања и изгореници од сонце. Aloe First е со балансиран pH и има смирувачко дејство дури и кај најчувствителната кожа. Смирува и кај тропски лишаи.
Aloe First може да се прска и врз косата, со цел да ја заштити од штетните ултравиолетови зраци на сонцето. Се користи во фризерски салони пред да се прави трајна фризура, со цел да се спречи сушењето на косата како резултат на нејзиното третирање со разни препарати. Во козметичките салони Aloe First дејствува особено смирувачки после депилација на нозете.
Aloe First е посебен производ кој по своето делување е ненадминлив во својата категорија.
СОСТАВ
Стабилизиран Алое Вера Гел, дестилирана вода, алантоин, пропилен гликол, токоферол (природен витамин Е), полисорбат 20, имидазолидинил карбамид, метилпарабен, натриум цитрат, пчелен прополис, екстракт од невен, екстракт од бела ајдучка трева, екстракт од мајчина душица, екстракт од камилица, екстракт од глуварче, екстракт од еукалиптус, екстракт од божја круна (Passionflower), екстракт од жалфија, екстракт од ѓумбир, екстракт од боражина (Borage),екстракт од сандалово дрво.
ПРЕПОРАКА ЗА ДОЗИРАЊЕ
Рамномерно нанесете врз кожата за да ја смирите и навлажните.
ОСНОВНИ КАРАКТЕРИСТИКИ
Потребно е да биде присутен во секој дом.
Смирува при изгореници, црвенило, убоди од инсекти и плускавци.
Ја штити косата од сончевите зраци и од штетното влијание на хлорот.
Смирува тропски лишаи.
Ја заштитува косата пред правење на трајна фризура.