16/07/2026
Здружението за лица со посебни потреби ПРОГРЕС – Куманово, со поддршка од Општина Куманово, ќе го реализира проектот „Отворени срца, еднакви можности“, насочен кон поттикнување на социјалната инклузија, дружењето и активното учество на децата со попреченост во заедницата.
Преку рекреативни, забавни и едукативни активности, проектот има за цел да создаде можности за нови пријателства, развој на социјалните вештини и активно вклучување на децата во различни активности.
Во рамки на проектот ќе се реализираат:
🌳 Инклузивен излет во природа
🎨 Креативни и едукативни работилници
🎵 Забавни и рекреативни активности
🤝 Активности за дружење, соработка и инклузија
Заедно можеме да изградиме заедница во која секое дете ќе има можност да се развива, да се дружи и да биде активно вклучено во општеството. ❤️💙💚
За подетални информации јавете се на тел.бр.
031/443-555
072/232-422
072/272-358