23/03/2026
Само 95 денари ацетилсалицилна киселина
#КАРДИОСПИР100 - необична приказна
Со унапредување на медицината и фармацијата се направени многу лекови кои ја поттиснуваат или намалуваат употребата на "старите" лекови. Ова не случајот само за еден лек. Имено, Ацетилсалицилната киселина т.е Кардиоспир 100...кој повеќе од 1 век е број 1 во третман на многу заболувања но и како превентива.
Историјата на Ацетилсалицилната киселина датира уште од 1897 година, но нејзината употрба датира уште од античко време.
Во почетокот се добивала како екстрат од кората на белата врба и се употребувала при трески, висока телесна температура, ревматични болки, главоболкии мигренозни болки. Недостаток на лекот бил што пациентите се жалеле на болки во стомакот. После многу истражувања, денеска ја имаме прекрасната формула на Кардиоспир 100 мг која не предизвикува гастрични тегоби.
Оваа магична супстанција, гордост на нашата фармација е водечки антиагрегатен и антивоспалителен лек и се користи за многу други заболувања, како и за превенција на кардиоваскуларни заболувања, ангина пекторис, инфаркт на миокард, ревматски артрит, артеросклероза и многу други.