Аптеки ЕЛЕНА ФАРМ

Аптеки ЕЛЕНА ФАРМ Среќни и здрави🍀
💫АПТЕКИ ЕЛЕНА-ФАРМ💫Нов Дојран,Стар Дојран, Богданци,Гевгелија

Скролни до крај и види каде те чекаме!www.elenafarm.mk🍀 Среќни и здрави
08/09/2026

Скролни до крај и види каде те чекаме!

www.elenafarm.mk

🍀 Среќни и здрави

Честит празник!🍀 Среќни и здрави
07/09/2026

Честит празник!

🍀 Среќни и здрави

🎒 Училишните денови започнаа, а со нив се менува и секојдневието на децата.Повеќе време поминато со други деца, затворен...
05/09/2026

🎒 Училишните денови започнаа, а со нив се менува и секојдневието на децата.

Повеќе време поминато со други деца, затворени простории, нова рутина, постепена промена на температурите, но и присуство на сезонски алергени – септември носи повеќе промени на кои детскиот организам треба да се приспособи.

Затоа, овој период е добра можност да обрнеме малку повеќе внимание на секојдневните навики. 💚

👉🏻 Разновидната и балансирана исхрана, доволно сон и физичка активност остануваат основата.
👉🏻 Во периодот на зголемен контакт со други деца, може да се размислува и за соодветна поддршка на имунитетот.
👉🏻 Не заборавајте ја и носната слузница, особено при изложеност на полен, амброзија, прашина и грини.
👉🏻 А кога преку исхраната не се внесуваат доволно од одредени нутриенти, по потреба може да се размислува и за нивно дополнување.

Ви издвојуваме три различни производи со три различни намени – затоа што подготовката за училишните денови не се сведува само на „нешто за имунитет“. 🍯💧🥛

За избор на производ и соодветна употреба според возраста на детето, консултирајте се со нашиот фармацевтски тим. 💚

🍀 Среќни и здрави!

Искористете го овој попуст во аптеките или на www.elenafarm.mk 🛒🍀 Среќни и здрави
05/09/2026

Искористете го овој попуст во аптеките или на www.elenafarm.mk 🛒

🍀 Среќни и здрави

🎒 Се враќаме во училиште – среќни и здрави!Новата учебна година носи нови тетратки, нови предизвици, многу учење, но и п...
01/09/2026

🎒 Се враќаме во училиште – среќни и здрави!

Новата учебна година носи нови тетратки, нови предизвици, многу учење, но и повторно враќање во колектив. Затоа, овој септември издвојуваме две различни форми на нутритивна поддршка за најмалите. 💚

🧠 Doppelherz aktiv Kinder Omega-3 Syrup
За малите глави полни со големи идеи!
Омега-3 масната киселина DHA придонесува за одржување на нормалната функција на мозокот – особено важна нутритивна поддршка во период исполнет со учење, нови информации и секојдневни училишни обврски.

🛡️ Flonivin KIDS IMMUNO
Со враќањето во училишните клупи доаѓа и враќањето во колектив, па вниманието повторно го насочуваме кон имунитетот.

А кога зборуваме за имунитетот, не треба да ги заборавиме ниту цревата. Цревната микрофлора има важна улога во нормалното функционирање на имунолошкиот систем, па грижата за нејзината рамнотежа е важен дел од грижата за организмот.

📚 За полесен почеток на новата учебна година, двата производи во Елена Фарм ве очекуваат со 10% попуст до 06.09.2026!

🍀 Среќни и здрави

🦟 Убод од инсект – можете ли да препознаете од што е?Комарец, крлеж, болва, пчела, пајак… различните инсекти можат да пр...
26/08/2026

🦟 Убод од инсект – можете ли да препознаете од што е?

Комарец, крлеж, болва, пчела, пајак… различните инсекти можат да предизвикаат различни реакции на кожата. Но, важно е да знаете дека само според изгледот на промената не секогаш може со сигурност да се утврди што ве каснало или убодело.

Најчесто може да забележите:
👉🏻 црвенило околу местото
👉🏻 чешање или чувство на печење
👉🏻 локален оток
👉🏻 една или повеќе ситни црвени промени
👉🏻 групирани промени или промени распоредени во линија

На пример, каснувањата од комарец најчесто предизвикуваат чешање и мал локален оток, додека болвите и креветните стеници можат да остават повеќе ситни промени, понекогаш групирани или наредени една до друга.

По убод од пчела почесто се јавуваат болка, црвенило и оток на местото. Кај крлежот, пак, најважно е правилното и навремено отстранување и следење на местото во наредниот период.

А што да направите по убод или каснување? 🐝
👉🏻Не го чешајте местото, измијте го нежно и по потреба ставете ладна облога за да се намалат непријатноста и отокот. Во аптека постојат препарати што можат да помогнат при чешање и локална иритација – фармацевтот може да ве советува што е соодветно во конкретниот случај. 💚

⚠️ Доколку се појават отежнато дишење, отекување на лицето, усните или јазикот, вртоглавица, нагло влошување или силна реакција, потребна е итна медицинска помош.

И запомнете: реакцијата на кожата може да изгледа различно кај секого, а фотографијата е илустративна и не служи за поставување дијагноза.

📍 За совет при полесни локални реакции по убод или каснување од инсект, обратете се на нашиот стручем тим во Елена Фарм. 💚

🍀 Среќни и здрави

Го снемува од полиците веднаш штом ни пристигнува, и со право 🤭Кожата околу очите е потенка и почувствителна, па токму т...
24/08/2026

Го снемува од полиците веднаш штом ни пристигнува, и со право 🤭

Кожата околу очите е потенка и почувствителна, па токму таму најпрво се забележуваат знаците на дехидратација.

Panthenol + хијалуронски флуид за регијата околу очите комбинира:
👉🏻 хијалуронска киселина за интензивна хидратација и посвеж изглед
👉🏻 пантенол за смирување и нега на чувствителната кожа
👉🏻 лесна текстура што пријатно се нанесува без чувство на тежина

Одличен избор кога кожата околу очите изгледа уморно, суво и без свежина. Нанесете мала количина со нежно тапкање, без растегнување на кожата. 💙

🍀Среќни и здрави со аптеки Елена Фарм

Цело време слушате за совршената козметика од грчките благодати, а не сте имале смелост да ја пробате до сега? Ние ви да...
20/08/2026

Цело време слушате за совршената козметика од грчките благодати, а не сте имале смелост да ја пробате до сега? Ние ви даваме причина плус за да бидете похрабри во новиот избор - тоа е попуст од -30% на сите производи од KORRES.

Приказната со овој бренд би ја започнале со KORRES Greek Yoghurt – една од најпрепознатливите линии на KORRES, создадена околу состојка која Грците со генерации ја поврзуваат со нега: грчкиот јогурт.

Но, неговата предност не е само во хидратацијата.

Формулите од линијата се насочени кон микробиомот и кожната бариера – природниот систем кој ѝ помага на кожата да остане избалансирана, отпорна и смирена.

Со грчки јогурт и комбинација од пребиотски и пробиотски екстракти, Greek Yoghurt е особено интересен избор кога кожата е:
🤍 дехидрирана
🤍 чувствителна и лесно реагира
🤍 уморна и под стрес
🤍 со нарушено чувство на комфор

А најубавото? Не мора да ја менувате целата рутина за да ја запознаете линијата. Можете да започнете со производот што најмногу ѝ е потребен на вашата кожа – од нежно чистење и секојдневна хидратација, до маски, ноќна нега и нега на околуочната зона.

Ако досега не сте пробале KORRES, Greek Yoghurt е прекрасно место за почеток. 🤗

Побарајте ја линијата во Аптеки Елена Фарм или на www.elenafarm.mk и дозволете ни да ви помогнеме да го изберете производот според потребите на вашата кожа.

🍀 Среќни и здрави

Надополнете залихи, затоа што кожата на нашите најмили заслужува само најдобро!🎁 А, бидете спремни и за изненадувања 🤫ww...
18/08/2026

Надополнете залихи, затоа што кожата на нашите најмили заслужува само најдобро!

🎁 А, бидете спремни и за изненадувања 🤫

www.elenafarm.mk

🍀 Среќни и здрави

Мал водич за земање суплементи и нивната улога во организмот👇🏻💊 Б-комплекс – придонесува за нормален енергетски метаболи...
17/08/2026

Мал водич за земање суплементи и нивната улога во организмот👇🏻

💊 Б-комплекс – придонесува за нормален енергетски метаболизам и нормално функционирање на нервниот систем.

💊 Коензим Q10 – учествува во создавањето енергија во клетките и има антиоксидативна улога.

💊 Витамин K2 – придонесува за одржување на нормални коски и нормално згрутчување на крвта.

💊 Железо – придонесува за нормално создавање црвени крвни клетки и хемоглобин, транспорт на кислород и намалување на заморот и исцрпеноста.

💊 Креатин – помага во подобрување на физичките перформанси при краткотрајни, последователни активности со висок интензитет.

💊 Цинк – придонесува за нормална функција на имунолошкиот систем, одржување на нормална кожа, коса и нокти и заштита на клетките од оксидативен стрес.

💊 Магнезиум малат – магнезиумот придонесува за нормална функција на мускулите и нервниот систем, електролитна рамнотежа и намалување на заморот и исцрпеноста.

💊 Витамин D3 – придонесува за нормална функција на имунолошкиот систем, одржување на нормални коски и заби и нормална функција на мускулите.

💊 Омега-3 – EPA и DHA придонесуваат за нормална функција на срцето, а DHA придонесува и за одржување на нормална функција на мозокот и видот.

💊 Витамин C – придонесува за нормална функција на имунолошкиот систем, создавање колаген и заштита на клетките од оксидативен стрес, а помага и во апсорпцијата на железото.

💊 Пробиотик – содржи корисни микроорганизми; дејството и препорачаната употреба зависат од конкретните пробиотски соеви и производот.

💊 Магнезиум бисглицинат – магнезиумот придонесува за нормална функција на нервниот систем и мускулите и за намалување на заморот и исцрпеноста.

👉🏻 Потребата, дозата и начинот на употреба на суплементите се индивидуални. За правилен избор и комбинирање, консултирајте се со нашиот професионален тим во аптеки Елена Фарм 💚

🍀 Среќни и здрави

Address

Улица Маршал Тито бр. 59/б
Nov Dojran
1485

Opening Hours

Monday 08:00 - 21:00
Tuesday 08:00 - 21:00
Wednesday 08:00 - 21:00
Thursday 08:00 - 21:00
Friday 08:00 - 21:00
Saturday 08:00 - 19:00
Sunday 08:00 - 13:00

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Аптеки ЕЛЕНА ФАРМ posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Business

Send a message to Аптеки ЕЛЕНА ФАРМ:

Shortcuts

Share