26/05/2026
🌍✈️ На 13.05.2026 година, во прекрасниот Сопот, Полска, на брегот на Балтичкото Море, се одржа овогодинешната d.HOLIDAY конференција, која обедини професионалци и организации посветени на подобрување на квалитетот на живот на дијализните пациенти. 🇵🇱🌊
🤝 На настанот присуствуваа d.HOLIDAY координатори од Диаверум, претставници на здруженија на пациенти, туристички агенции и претставници на здравствени системи од различни земји, со заедничка цел - создавање подобри и подостапни можности за патување на пациентите на дијализа. 💙
🇲🇰 Македонија беше претставена од нашиот d.HOLIDAY координатор Анета Стамкова, а на покана на организаторите присуствуваше и претставник од македонското здружение на бубрежно болни, НЕФРОН - Здружение на граѓани. 👏
💡 Конференцијата беше одлична можност за вмрежување, размена на искуства и презентација на Диаверум алатките кои им овозможуваат на пациентите полесно и побезбедно патување низ светот. 🌎✈️
🧠📲 Промоцијата на kidney.com, новиот асистент со вештачка интелигенција за бубрежно здравје на Diaverum (моментално достапен во ОАЕ, Франција, Германија, Португалија и Велика Британија, а ќе следат и дополнителни пазари), кој претставува вистинска поддршка за пациентите, исто така привлече посебно внимание.
💪 Диаверум продолжува активно да инвестира во иновации, меѓународна соработка и решенија кои овозможуваат пациентите да живеат поквалитетен, послободен и поисполнет живот, без ограничувања. 💙