27/03/2026
📢 ИЗВЕСТУВАЊЕ ДО СИТЕ ПАЦИЕНТИ
Ги информираме сите пациенти кои се лекуваат кај нас дека Град Скопје доделува еднократна финансиска помош за онколошки пациенти.
👉 Ве замолуваме да го отворите линкот подолу и детално да ја прочитате објавата со сите информации и услови.
♥️ Заедно, кога е најпотребно!
Почитувани,
Во моменти кога животот носи најтешки предизвици, нашата човечност се мери со тоа колку сме подготвени да подадеме рака. Токму затоа, водени од искрената грижа и одговорност кон нашите сограѓани, продолжуваме со конкретни мерки за поддршка на најранливите.
Во рамки на Програмата за активности во областа на социјалната, детската и здравствената заштита на Град Скопје за 2026 година, обезбедуваме еднократна парична помош за онколошките пациенти - како мал, но значаен чекор кон олеснување на нивното секојдневие и борба.
📍Право на оваа помош имаат лица со живеалиште на подрачјето на Град Скопје (општините: Аеродром, Бутел, Гази Баба, Ѓорче Петров, Карпош, Кисела Вода, Сарај, Центар, Чаир и Шуто Оризари).
За остварување на правото, потребно е да се достави:
- барање за еднократна финансиска помош
копија од важечка лична карта
- документ од надлежен орган или институција што ја потврдува состојбата (дијагноза или отпусна листа)
- копија од трансакциска сметка (лична на барателот)
- потврда дека барателот спаѓа во категоријата онколошки пациент
- документацијата да не е постара од 6 месеци од поставување на дијагнозата
Барањето, заедно со целокупната документација, се поднесува преку Архивата на Град Скопје, во затворен плик со назнака: ,,Сектор за јавни дејности - Комисија за доделување еднократна финансиска помош за онколошки пациенти“.
🫵 Ова, почитувани, е порака дека никој не е сам.
Дека зад секоја борба стои некој кој верува, сочувствува и помага.
Дека и во најтешките денови, постои рака што ќе ве поддржи и надеж што не згаснува.
Заедно сме посилни.
fans