05/02/2023
Денес те запознаваме со линијата на био-сертифицирани производи за нега на твоето бебе која е нашироко користена во Италија, Франција, Германија, Швајцарија, а сега конечно е достапна и во Македонија.
Во продолжение следи опис нашите производи:
1.Шампон кој промовира раст и не го менува физиолошкиот pH. Штити, навлажнува и негува, благодарение на Маслото од Макадамија, ја прави косата свиленкасто мека. Формулиран е со екстракт од Вирак, со заштитни и антивоспалителни својства и Алое, со смирувачки и навлажнувачки својства. Мирисот е без алергени, идеален за чувствителна кожа на децата.
2.Шампонот против вошки е третман против вошки и гниди без хемиски агенси, врз основа на сулфур. Погоден е и за чувствителна кожа, благодарение на присуството на Алое, кое ги ублажува иритациите предизвикани од инсектите и го задржува физиолошкиот рН на косата и скалпот. Маслото од Ним врши моќна одбрана против гнидите, го спречува нивното созревање и развој. Задушувачкото дејство е зајакнато со етерично масло од лимон и екстракт од цимет, кои воедно го санираат и воспалението на скалпот.
3.Гелот за туширање е нежен и благодарение на меката пена обезбедува забавна и релаксирачка бања. Пријатниот мирис помага да се разбудат сетилата, промовирајќи ја благосостојбата на детето. Содржи Алое и екстракт од Вирак кој има антивоспалителни својства и Ехинацеја, која ја зајакнува кожната бариера на бебето.
4.Млекото за тело е идеално за деликатната кожа на новороденчињата, нежно ја навлажнува, оставајќи ја мека и интензивно негувана. Екстрактот од Овес помага правилно да се третира сувата кожа. Помага во враќањето на природната бариерна функција на кожата. Исто така идеално е за зоната на пелените. Збогатено е со Шеа, Пантенол и Алое, ова млеко има смирувачки и обновувачки својства.
5.Ултра нежниот бебешки клинсер од растително потекло, се базира на екстракти од Малоу и Камилица, со омекнувачки, емолиентни и смирувачки својства. Присуството на Алое Вера, со навлажнувачко и антивоспалително дејство, ефикасно ја штити кожата од иритација и црвенило. Грантира безбедна хигиена, почитувајќи ги малите и нивната деликатна рамнотежа, намалувајќи го ризикот од алергии и кожни иритации.