26/05/2026
Не можеме да бидеме среќни, слободни и исполнети, а постојано да бидеме згрбавени, стегнати и затворени.
Кога сме долго време под стрес, загрижени или во состојба на преживување, телото почнува несвесно да се затвора:
• рамената одат напред
• вратот се стега
• градниот кош се затвора
• дишењето станува плитко
На тој начин нервниот систем постојано добива порака дека опасноста сѐ уште постои.
Со тек на време оваа положба станува нормална, а телото заборава како изгледа вистинската опуштеност.
Но добрата вест е дека телото и мозокот комуницираат во двата правци.
Кога свесно ќе го исправиме држењето на телото, ќе ги опуштиме вратот и рамената и ќе почнеме да дишеме подлабоко, телото испраќа нова порака кон мозокот:
„Безбедно е.“
Затоа во MBT Системот не работиме само на телото или само на умот.
Работиме истовремено на:
✅ свесноста
✅ движењето
✅ дишењето
✅ емоционалното ослободување
✅ внатрешниот фокус
Кога телото се отвора, дишењето се продлабочува, а нервниот систем полека учи дека повеќе не мора постојано да биде во состојба на тревога.