12/09/2026
Траума, зависност, тага, терапија, соочување, без цензура....смрт, живот, пронаоѓање.
Кога некој сака да се сработи себе си, кога навистина постои личност која сака да постане достоен човек пред сé за себеси, па потоа за своите деца и за луѓето кои ја сакаат, си ја пишува домашната задача искрено како што сме се договориле📖
Само со вистинска домашна задача се доаѓа до исцеление; само со искрен разговор помеѓу клиент и терапевт се доаѓа до контекс за домашната и само терапевт кој си ги знае клиентите, на лично и човечно ниво може да ги поведе кон длабоко исцеление.
И додека клиентот е на својот Пат, понекогаш се случува толку длабок "аха" момент, се случува Yūgen и Душата почнува сама да го води Патот и да пишува зборови кои го превземаат водството од терапевтот и продолжуваат сега двете сами, но не осамени 🤍💛
Од една таква домашна се роди една книга, еден патепис на кој сум многу горда како спирито-психотерапевт и учител🙏
Драга Елена, ти благодарам и јас тебе што сакаше да се видиш, спознаеш и наново да се сотвориш себе📖
Нејзиното дело, книгата
"Меѓу редовите на Душата" може да ја најдете кај мене, во книжарниците Матица и Или-Или🤗
🤍Елена:
"Постојат рани што времето не ги затвора. Само ги учи да молчат".
🤍 "Оваа книга е за тие тивки гробишта во нас. За она што умрело, а никогаш не нé напуштило. За вистините што не се изговараат - туку се пронаоѓаат."