29/09/2026
По иницијатива на Светската федерација за срце (WHF) денес се одбележува Светскиот ден на срцето, чија основна цел е подигање на свеста за болестите на срцето и крвните садови, како и поттикнување на луѓето за здрави животни навики. На овој ден, организациите, болниците и здравствените работници организираат различни активности, вклучувајќи бесплатни прегледи, едукативни работилници и низа кампањи со кои се подига свеста за превенцијата и рана дијагностика на извесни срцеви заболувања.
Луѓето да се информираат за ризиците од хипертензија, висок холестерол и дијабетес, и се поттикнуваат на редовна физичка активност, здрава исхрана и одржување на оптимална телесна тежина.
Во Галениум Фарм ќе најдете голем број на производи за поддршка на кардиоваскуларното здравје.