12/08/2026
💙 ДИШИ МИРНО, СПИЈ БЕЗБЕДНО – ЗАЕДНО ЗА ПОКВАЛИТЕТЕН СОН И ПОДОБРО ЗДРАВЈЕ 💙
Работилница во рамки на проектот „Диши мирно, спиј безбедно“, посветена на подигање на свеста за опструктивната ноќна апнеа (слип апнеа), нејзиното препознавање и значењето на навременото реагирање.
Работилницата ја реализиравме со особено задоволство во присуство на:
👩⚕️ Прим. д-р Адријана Угриноска Пандева, специјалист педијатар, вработена во ЈЗУ Универзитетска клиника за респираторни заболувања кај децата – „Козле“, која со своето стручно знаење одговори на прашањата и дилемите на родителите и старателите.
🤟 Соња Кимова Делевска, толкувач на знаковен јазик, која придонесе информациите и разговорот да бидат пристапни и разбирливи за сите наши корисници.
Работната средба беше можност за заеднички разговор за следните чекори во проектот, но и многу повеќе од тоа.
💬 Родителите и старателите имаа можност директно да разговараат со специјалист педијатар, да поставуваат прашања и да споделат свои искуства и забелешки поврзани со спиењето и дишењето на нивните деца и блиски.
👥 И особено ни значеше што и самите корисници на активно учествуваа, поставуваа прашања, разговараа и имаа можност на свој начин да бидат дел од процесот на информирање и подигање на свеста.
За нас, ова е суштината на инклузијата – не само да зборуваме за лицата со попреченост, туку да зборуваме со нив, да ги слушнеме и да им овозможиме да учествуваат.
🌙 Слип апнеата често може да остане незабележана, а промените во квалитетот на сонот и дишењето можат значително да влијаат врз секојдневното функционирање и благосостојбата. Затоа, информираноста, препознавањето на можните симптоми и навременото обраќање кај стручно медицинско лице се особено важни.
Оваа работилница е само еден од чекорите во нашата заедничка работа. Продолжуваме со едукација, разговори, собирање информации и создавање пристапни начини за подобро информирање на семејствата.
🙏 Голема благодарност до Прим. д-р Адријана Угриноска Пандева за стручноста, отвореноста и времето посветено на нашите семејства.
🙏 Благодарност и до Соња Кимова Делевска за нејзината важна улога во обезбедувањето пристапност и комуникација.
💙 А најголема благодарност до нашите родители, старатели и корисници кои со своето учество покажуваат дека правото на информации, здравствена грижа и активно учество им припаѓа на сите.
Диши мирно. Спиј безбедно. Биди информиран. 🌙💙
#ДишиМирноСпијБезбедно
#СлипАпнеа
#ДауновСиндром
#ДозаСреќа
#Козле
#Инклузија
#ЗдравјеЗаСите
#Пристапност
#ЗаедноЗаПодоброЗдравје