Dr Gorica Laser Centar

Dr Gorica Laser Centar Pzu Dr Gorica dermatoveneroloska ordinacija
Candela laser centar

Д-р.Горица Ласер Центар ги нуди сите дерматолошки услуги.
Имаме најсовремени апарати за дијагностика и третман на кожата.
Единствено кај нас е најмоќниот и најдобриот ласер за епилација (Трајно отстранување на влакна), Candela Gentle max Pro. Резултатите се видливи при првиот третман!
Горди сме на нашиот тим и низата на успешни приказни!
Работиме во две смени наизменично:
Прва: 09.00 -16.00 часот
Втора: 14.00-20 часот

👣 Често се случува да се појави проблем со враснат нок – со професионален третман и корекција со протеза, проблемот може...
23/08/2026

👣 Често се случува да се појави проблем со враснат нок – со професионален третман и корекција со протеза, проблемот може да се надмине.
☝️Враснатиот нок не е само естетски проблем – може да предизвика болка, црвенило, оток, воспаление и непријатност при одење.
Нашиот професионален пристап започнува со детален преглед и проценка на состојбата на ноктот, I/а започнуваат со навремена и професионална нега. 👣✨
✨️Јавете се на:
📞02/30 93 222
071/ 23 42 35
📧[email protected]
🚦Рузвелтова 51-3/14,Скопје

#ВраснатНокт
#ласерскаепилација #дргорица

Што со  кожа која се лупи после сончање? ☀️☝️Лупењето е знак дека кожата претрпела оштетување од UV-зрачењето и ги отстр...
19/08/2026

Што со кожа која се лупи после сончање? ☀️

☝️Лупењето е знак дека кожата претрпела оштетување од UV-зрачењето и ги отстранува оштетените површински клетки. Не ја „симнувајте“ кожата со раце, пилинг или триење – оставете ја природно да се обнови.

💧 Што да направите?
• Негувајте ја со нежни, хидратантни и смирувачки препарати.
• Избегнувајте киселини, ретиноиди, груби пилинзи и топла вода додека трае лупењето.
• Не ја кинете кожата што се одвојува – тоа може да предизвика иритација и инфекција.
• Продолжете со SPF 30–50, бидејќи новата кожа е особено чувствителна на сонце.
• Доколку има силно црвенило, болка, плускавци или оток, потребна е консултација со дерматолог.

✨ Кожата после сончање не треба да се „излупи“ – треба да се смири, хидрира и заштити додека природно се обновува.

☝️Доколку не можете сами да се справите или приметите некои промени кои не ви се допаѓаат задолжително закажете консултација кај нашата Д-р Горица Дачевска.
✨️Јавете се на:
📞02/30 93 222
071/ 23 42 35
📧[email protected]
🚦Рузвелтова 51-3/14,Скопје

#ОштетенаКожа
#дргорица #ТретманНаКожа

🌊☀️ НЕКА МОРЕТО БИДЕ ВАШИОТ ЛЕТЕН SPA – НО СО ПАМЕТНА РУТИНА!Додека го користите својот годишен одмор а се наоѓате покра...
13/08/2026

🌊☀️ НЕКА МОРЕТО БИДЕ ВАШИОТ ЛЕТЕН SPA – НО СО ПАМЕТНА РУТИНА!

Додека го користите својот годишен одмор а се наоѓате покрај море, поведете повеќе грижа за себе и својата кожа. Генерално на кожата не и се потребни 10 различни производи. Бара чистота, хидратација, заштита и малку одмор.
🤍
✨ 1. Лицето – оставете ја тешката пудра дома!
Жештината, потта и морската вода се доволни предизвици за кожата. Наместо тешки слоеви шминка, одберете лесна рутина: нежно чистење + хидратација + SPF 30–50 со широк спектар. Сонцето е главниот фактор за фотостареење и оштетување на кожата.

🏖️ 2. Песокот? Да, но НЕ како груб пилинг!
Уживајте во природното чувство на песокот под нозете, но немојте намерно да ја триете кожата со него. Грубите физички ексфолијанси можат да предизвикаат иритација и микроповреди, особено по сончање.
👉 Пилингот оставете го за дома и правете го нежно, кога кожата не е изложена на интензивно сонце.

🥒 3. Направете „cool down“ за лицето
По плажа, наместо агресивни домашни маски, изберете нешто едноставно и нежно. На пример: ладна, чиста компреса или маска со колоидна овесна каша и вода/нежен хидратантен производ. Овесот е меѓу состојките кои дерматолозите ги наведуваат како погодни за смирување на чувствителна кожа.
❌ Прескокнете лимон, сода бикарбона и груби „DIY“ пилинзи – природно не значи автоматски и безбедно.

🧴 4. После секое капење – повторно SPF!
„Водоотпорен“ не значи дека кремата останува засекогаш. SPF се обновува најмалку на секои 2 часа, а задолжително и по пливање или потење.

🌤️ 5. Сончајте се паметно, не до изгорување!
Барајте сенка, носете шешир и очила со UV заштита и избегнувајте најсилно сонце. Важно: не постои „безбедно потемнување“ – секое потемнување е знак дека кожата реагира на UV оштетување.

🌜6. Вечерта – исплакнете го денот од кожата
🚿Откако ќе се вратите од плажа: туш со млака вода, нежно средство за чистење и потоа богата хидратација на целото тело, најдобро додека кожата е сè уште малку влажна. Хидратантниот производ помага да се задржи водата во кожата.

🥥 7. И најважно – хидратација одвнатре!
Вода, свежо овошје, зеленчук и лесни оброци се совршен летен сојузник. Кожата не се „хидрира“ само со крем – целото тело заслужува доволно течности.

🌊 МОРСКА ФИЛОЗОФИЈА ЗА КОЖАТА:
Помалку шминка - Повеќе свежина.
Помалку агресивни пилинзи - Повеќе нежност.
Помалку „сакам да потемнам“ - Повеќе „сакам да ја зачувам кожата“.
И секогаш – SPF! ☀️🧴
Нека ова лето морето ви донесе одмор…
а правилната рутина – здрава, негувана и убаво заштитена кожа. 🤍🌊

✨ РАДИОФРЕКВЕНТЕН ЛИФТИНГ НА ЛИЦЕ ✨За само 1 час до посвеж, позатегнат и поцврст изглед на кожата! 💆‍♀️🔥 Видливо подобру...
11/08/2026

✨ РАДИОФРЕКВЕНТЕН ЛИФТИНГ НА ЛИЦЕ ✨

За само 1 час до посвеж, позатегнат и поцврст изглед на кожата! 💆‍♀️
🔥 Видливо подобрување на тонусот и еластичноста
✨ Затегнување и освежување на кожата
💧 Подобар и посвеж изглед на лицето
⏱️ Третманот трае само 60 минути
🎁 ПРОМОТИВНА ЦЕНА: само 1.000 денари!
📩 Резервирајте го вашиот термин и подарете ѝ на кожата заслужен glow! ✨
071/234-235

🌞Во ови  топли летни денови телото губи повеќе течности преку потењето, па затоа редовната хидратација е навистина важна...
08/08/2026

🌞Во ови топли летни денови телото губи повеќе течности преку потењето, па затоа редовната хидратација е навистина важна.

💦 Доволно вода помага за нормална функција на организмот, одржување на енергијата и правилна терморегулација.

✨ А кожата? Добрата хидратација ѝ помага да ја одржи својата природна бариерна функција и да изгледа посвежо и поеластично. Сепак, водата не е замена за хидратантна нега и SPF заштита.

🌿 Не чекај да ожеднеш – пиј вода редовно во текот на денот!

#Хидратација #ЛетнаНега #ЗдраваКожа #НегаНаКожа

08/08/2026

❤️ Vi blagodaram na site za cestitkite .
Denes se raduvam na site vashi poraki I vi posakuvam dobro zdravje i ubavini.

✨️Денеска на нашата докторка и е роденден 🎉Среќен роденден Д-р.Горица Дачевска. Ви посакуваме се најдобро, Вие сте најпр...
06/08/2026

✨️Денеска на нашата докторка и е роденден 🎉
Среќен роденден Д-р.Горица Дачевска. Ви посакуваме се најдобро, Вие сте најпрекрасната личност и професионалец во работата❤️
Gorica Dacevska

❤️Ве сакаат вашите вработени!✨️

04/08/2026

Почитувани
Поради користење на годишен одмор
ПЗУ ДР Горица нема да работи
Од 04.08.—-07.08.2026.

🇲🇰 Среќен Илинден!Денеска на 2 Август ви посакуваме убав, мирен и исполнет продолжен викенд.Додека уживате во сонцето и ...
02/08/2026

🇲🇰 Среќен Илинден!

Денеска на 2 Август ви посакуваме убав, мирен и исполнет продолжен викенд.

Додека уживате во сонцето и природата, не заборавајте и на вашата кожа – користете крем со заштитен фактор, внесувајте доволно течности и по изложување на сонце нанесете хидратантна нега.

Лубеницата, праската и дињата не се само вкусно освежување – тие се вистински сојузници за здрава и сјајна кожа.🍉 Лубени...
31/07/2026

Лубеницата, праската и дињата не се само вкусно освежување – тие се вистински сојузници за здрава и сјајна кожа.
🍉 Лубеница – богата со вода, витамин C и ликопен, ја хидрира кожата и помага во заштитата од оксидативен стрес предизвикан од сонцето.
🍑 Праска – содржи витамини A, C и E кои придонесуваат за создавање колаген, подобра еластичност и помладешки изглед на кожата.
🍈 Диња – изобилува со бета-каротен и витамин C, кои ја поттикнуваат регенерацијата на кожата и ѝ даваат природен сјај.
✨ Убавата кожа започнува однатре – секое парче свежо овошје е чекор кон поздрава и поблескава кожа!

Address

Ruzveltova 51-3/14
Skopje
1000

Opening Hours

Monday 09:00 - 20:00
Tuesday 09:00 - 20:00
Wednesday 09:00 - 20:00
Thursday 09:00 - 20:00
Friday 09:00 - 20:00

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Dr Gorica Laser Centar posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Business

Send a message to Dr Gorica Laser Centar:

Shortcuts

Share