06/06/2026
Што е апи комора?
Апи комората е објект изграден од природен материјал во кој се наоѓаат неколку пчелни семејства. Тоа е природна неинвазивна метода која овозможува собирање на природните ресурси од кошиците на пчелите. Апи комората претставува една мала лабораторија во која испаруваат етеричните масла од пчелните производи и овозможува да се користат лековитите својства на истите на природен начин.
Што е апи терапија?
Апи терапија е вдишување на воздухот од кошницата на пчелите со помош на висококвалитетни маски и со тоа во исто време се вдишуваат аеросолите од медот, прополисот, поленот, пергата, восок, матичната млеч и пчелиниот отров. Апи терапијата се користи стотици години во алтернативната медицина.
Зошто се користи апи терапијата?
Воздухот во кошницата ги стимулира органите за дишење, желудачно цревниот, кардиоваскуларниот и нервниот систем. Овој тип на терапија има успешни ефекти во лечење при респираторни проблеми како што е астма, бронхитис, белодробни заболувања, проблеми со дишните патишта, алергии, инфекции, главоболки, мигрена, стрес, депресија и воопшто го подобрува имуниолошкиот систем.