30/09/2026
Денес нашата аптека беше исполнета со најубавата енергија и најискрените насмевки! 🌟✨
Ни гостуваа нашите најмили посетители — дечињата кои со голема љубопитност ѕирнаа во нашиот фармацевтски свет. Заедно истражувавме, се забавувавме и низ игра учевме колку се важни здравјето, здравите навики и грижата за себе. 🤍💊
Најголема радост е кога знаењето се пренесува на најмладите и кога професијата им се доближува со многу љубов. Вистинско уживање беше да бидеме нивни домаќини денес! 🎈