06/06/2026
ЧАЈ ОД ГЛУВАРЧЕ
🌼🌼🌼🌼🌼🌼🌼
Глуварчето често се смета за плевел, а всушност е исклучително лековито растение.
Во народната медицина се користи со децении за ублажување и лекување на многу здравствени заболувања и најчесто се конзумира како чај.
Сите делови на растението се користат за правење чај, а коренот од глуварче е толку силен што може да се користи и како замена за кафе.
ЗОШТО ДА ПИЕТЕ ЧАЈ ОД ГЛУВАРЧЕ?
1. Дејствува како диуретик
Доколку чувствувате надуеност, чајот од глуварче може да ви помогне бидејќи го подобрува исфрлањето на вишокот течности од телото.
2. Го зајакнува здравјето на црниот дроб
Глуварчето помага при чистење на црниот дроб. Црниот дроб може да предизвика проблеми со кожата, на овој начин ја подобрувате работата на црниот дроб, и со то го раубавувате својот тен.
3. Учествува во борбата против ракот
Најновите истражувања покажуваат дека екстрактот од корен од глуварче може да се бори против клетките на ракот, што значи дека ве штити од рак, а исто така може да делува и на клетките на ракот.
4. Спречува инфекции на уринарниот тракт
Во комбинација со мечкино грозје, коренот и листот од глуварче можат да спречат инфекции на уринарниот тракт.
5. Го подобрува варењето
Чајот со корен од глуварче може да има многу позитивни ефекти врз дигестивниот систем. Историски гледано, се користел за подобрување на апетитот, го подобрува варењето на храната.
6. Помага при губење на тежината
Истражувањата покажаа дека екстрактот од глуварче може да поттикне и губење на маснотии.
ПОДГОТОВКА:
Цветовите од глуварчето потопете ги во вода, оставете да провријат на тивок оган околу 15 минути. Чајот може да се подгови и од исушени листови: во врела вода додајте една лажица листови од глуварче, поклопете ги и оставете да отстојат 10-15 минути. Потоа процедете го и испијте го чајот.
Уживајте!
Благословени💎❤🙏