16/06/2011
Душеци “Magniflex” Hotel Line
Magniflex Hotel Line се двострани душеци, произведени во Италија, изработени од Verflex® и по Oeko-Tex® стандард, вакуумирани во ролна, 100 % еластичност при враќањето во првобитната форма, исклучително квалитетни, со гаранција од 10 години.
Вакумираните во форма на ролна душеци “Magniflex” се познати не са...мо по малите габарити, коешто ги прави полесни за транспорт и похигиенски, но и со неверојатните квалитативни карактеристики и долгиот живот. Тоа е резултат од иновативни разработки со еколошки чисти материјали, како што е Verflex®.
Verflex® е комбинација од распенет на водена основа полиуретан и два вида полиетери, од коишто едниот допринесува за добивање на оптимална тврдина на душеците зголемувајќи ги неговите ортопедски својства, а другиот ја обезбедува нивната издржливост и недеформација. Структурата, којашто содржи внатрешно соединети микроклетки, е респираторна и дише, што ја прави исклучително хигиенска и терморегулациона. Таа материја ја презема и ја испушта влагата од човечкиот организам (0.4 литра на ноќ).
И покрај процесот на вакуумирање, којшто вклучува преминување на душекот низ преса со притисок од еден тон, намалувајќи му го волуменот до 90%, душекот којшто ги содржи овие материјали се возвраќа целосно. Откако ќе се отпакува, душекот веднаш ги добива своите форма, густина и димензии, гарантирани од 100% еластичното возвраќање на материјалите.
Душеците “Magniflex” исто така се изработени по стандардот Oeko-Tex®. После цела низа на строги тестови, тој сертификат е даден на “Magniflex”, за да покаже дека ниту во крајниот продукт, ниту во процесот на производство не се користат токсични материјали и алергени.