12/04/2024
Со задоволство ви најавуваме дека д-р Гордана Кипроска, специјалист гинеколог акушер, станува дел од нашиот тим во ПЗУ “Дијагностички Центар”.
Д-р Кипроска има богато искуство и многу достигнувања во својата кариера. Некои од нејзините значајни активности и достигнувања вклучуваат:
Избрана за Асистент на катедрата за Гинекологија и Акушерство во Скопје во 2003 година.
Учество на теоретски курс за Ултразвучен скрининг помеґу 11-12,6 гестациски недели, организиран од Организациата за Фетална Медицина, одржан во Будва, Црна Гора во 2005 година.
Проект менаџер на проектот Превенција на ХВ вирусна инфекција како етиолошки фактор на цервикалниот карцином, Хоуп проект, Министерство за здравство, Република Северна Македонија во 2007 година.
Сертификат за 3D/2D Ултразвук во Обстетриција и Гинекологија, организиран од Ian Donald, Интер универзитет за Медицински Ултразвук во 2012 година.
Професионална обука за Колпоскопија организиран од EFC Европска Федерација за Колпоскопиа и патологија на долен генитален тракт, Охрид, РС Македонија во 2013 година.
Презентер на предавање на тема Бременост и важност на Витамини и суплементи во тек на бременоста, организиран од Pfarma S, Прага, Република Чешка во 2017 година.
Сертификати од професионално учество на вебинари организирани од FMF, Здружение на Фетална Медицина, во областа на Неуросонографија, Интраутерини интервенции, пре имплантциони генетски тестиран РТ, Ултразвук во тек и по породување во 2021 година.
Учесник на бројни конгреси од домашен и интернационален карактер како автор на 15 и коавтор на повеке од 30 научни трудови.
Добредојдовте во тимот, д-р Кипроска! 🎉