Неуроклиник-Центар за здрав раст и развој на деца, адолесценти и возрасни.

  • Home
  • Macedonia
  • Skopje
  • Неуроклиник-Центар за здрав раст и развој на деца, адолесценти и возрасни.

Неуроклиник-Центар за здрав раст и развој на деца, адолесценти и возрасни. Contact information, map and directions, contact form, opening hours, services, ratings, photos, videos and announcements from Неуроклиник-Центар за здрав раст и развој на деца, адолесценти и возрасни., Disability service, Јуриј Гагарин 60/1-1, Козле, Скопје, Skopje.

Среќен роденден, Неуроклиник. 🤍Искрено да бидам, никогаш не сум правела големи прослави за овој ден. Не затоа што не ми ...
11/09/2026

Среќен роденден, Неуроклиник. 🤍

Искрено да бидам, никогаш не сум правела големи прослави за овој ден. Не затоа што не ми е важен, туку затоа што отсекогаш сум верувала повеќе во квалитетот отколку во помпезноста.

Некако, секогаш ми било поважно овој ден да го поминеме со нас — со клиентите, колегите и сите луѓе кои се дел од оваа приказна.

Но, годинава се случија многу работи и сакам барем вака да го одбележиме.

Од еден сон — денес до 13 луѓе.

До тим. До простор. До семејства. До партнерства. До приказна која одамна веќе не е само моја, туку е наша и ваша.

И пред сè — огромна благодарност до нашите клиенти.

До секој кој ни ја дал својата доверба и ни дозволил да бидеме дел од неговата приказна, раст и развој. До секое дете, млад човек, возрасен и семејство со кое сме чекореле низ некој дел од животот.

Без вас, Неуроклиник немаше да биде ова што е денес. 🤍

Голема благодарност до Елена Стојановска, која последните две години верува во нас и отвора врати кои не се отвораат лесно.♥️

Голема благодарност до мојот Димитар.
За тоа што секогаш можам да се потпрам на него. За сè што носи со мене и за сè што прави за да можам да го издржам и овој пат.
Многу од ова немаше да можам сама. 🤍

Голема благодарност до сите фирми, организации и соработници кои застанаа до нас и помогнаа идеите да станат реалност.

И, секако, до мојот тим.

До еден резилиентен, емпатичен и посветен тим, кој знае да остане заедно и кога е тешко, да расте низ предизвиците и секој ден повторно да избере да биде тука.

Неуроклиник денес е многу повеќе од еден сон.

И продолжуваме да го градиме. Заедно.

Среќен роденден, Неуроклиник. 🤍

🗣️ ЛОГОПЕДСКИ РАЗГОВОРИЗа говорот, јазикот и комуникацијата — но и за сите оние прашања што родителите си ги поставуваат...
10/09/2026

🗣️ ЛОГОПЕДСКИ РАЗГОВОРИ

За говорот, јазикот и комуникацијата — но и за сите оние прашања што родителите си ги поставуваат секојдневно.

„Дали е рано?“
„Дали ќе помине само?“
„Зошто зборува, а сепак тешко го разбирам?“
„Дали треба да одиме на логопед?“
„Како можам да му помогнам дома?“

Не секоја тешкотија значи нешто страшно.
Но секоја загриженост заслужува да биде слушната и разгледана.

Во Логопедски разговори ќе зборуваме едноставно, стручно и без непотребно плашење — за да можеме подобро да ги разбереме децата и да знаеме кога и како да им дадеме поддршка.

📍 Следете ја серијата „Логопедски разговори“ од Neuroclinic.

Денес трчавме со срце, рака под рака. 🏃‍♀️🏃‍♂️🤍За некого, можеби, само уште една трка.За нас — уште еден ден во кој наши...
09/09/2026

Денес трчавме со срце, рака под рака. 🏃‍♀️🏃‍♂️🤍

За некого, можеби, само уште една трка.
За нас — уште еден ден во кој нашите деца беа таму каде што припаѓаат.

Меѓу луѓе.
Меѓу насмевки.
Меѓу сите оние моменти што треба да бидат достапни за секое дете.

Секој има свое место, свој глас и своја сила. 🤍

Голема благодарност до организаторите за поканата, за прекрасната атмосфера и за тоа што создадовте место во кое нашите деца можеа да трчаат, да се радуваат и да бидат свои.

Господине Министер .velkovski ве повикувамe да дојдете и да ја видите оваа инклузија одблизу.

Ние макотрпно се бориме таа да стане реалност. Сега ни требаат луѓе кои ќе застанат до нас и ќе помогнат ова што денес го гледаме да стане секојдневие за секое дете. 🤍

08/09/2026
Иницијативата „Поддржи и ти“ започна од релацијата дефектолози–студенти.Денес, „Поддржи и ти“ е целодневен престој. Наше...
04/09/2026

Иницијативата „Поддржи и ти“ започна од релацијата дефектолози–студенти.

Денес, „Поддржи и ти“ е целодневен престој. Наше големо семејство. 🤍

А ова се нашите драги студенти — некои од нив со нас уште од претходните години.

Некои веќе дипломираа, а денес се наши колеги и дел од тимот.

И тоа е она што особено нè радува: што заедно растеме, учиме и создаваме заеднички професионален пат.💛

Благодарност до Институтот за дефектологија при Филозофскиот факултет за соработката, довербата и можноста заедно да создаваме простор во кој знаењето се претвора во искуство, а искуството во идни колеги. 🤍

Секое дете не треба да научи да зборува на ист начин. Треба да добие можност да биде разбрано. 🤍Комуникацијата не е само...
19/08/2026

Секое дете не треба да научи да зборува на ист начин. Треба да добие можност да биде разбрано. 🤍

Комуникацијата не е само зборови – таа е начин детето да се поврзе, да побара, да покаже, да сподели и да биде слушнато.

Затоа во Дневниот престој не ги мериме само резултатите.Ги забележуваме чекорите.И ги славиме. 🤍Маринела | Дневен престо...
18/08/2026

Затоа во Дневниот престој не ги мериме само резултатите.

Ги забележуваме чекорите.
И ги славиме. 🤍

Маринела | Дневен престој ПОДДРЖИ И ТИ. 🎈

Работата со деца ме научи дека понекогаш најважниот чекор е оној што однадвор изгледа најмал.☺️
17/08/2026

Работата со деца ме научи дека понекогаш најважниот чекор е оној што однадвор изгледа најмал.☺️

Можеби најдобро ќе разбереме што значи инклузија кога ќе престанеме да ја гледаме само како збор на хартија.Кога ќе почн...
14/08/2026

Можеби најдобро ќе разбереме што значи инклузија кога ќе престанеме да ја гледаме само како збор на хартија.
Кога ќе почнеме да ја гледаме низ секојдневието на децата, низ довербата на родителите и низ луѓето кои секој ден работат да имаат еднакви можности.

Address

Јуриј Гагарин 60/1-1, Козле, Скопје
Skopje
1000

Website

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Неуроклиник-Центар за здрав раст и развој на деца, адолесценти и возрасни. posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Shortcuts

Share