12/08/2026
По ваша молба да снимам како изгледа еден мој ден во исхраната, го направив ова видео. На стори ви покажав малку повеќе -оброци од два дена, а овде ви објаснувам зошто ги комбинирам токму вака.
Подолу ги имате состојките и приближните нутритивни вредности за секој оброк. 👇
ПОЈАДОК
2 јајца – омлет со 1 лажица масло
3 лажици урда
1 кафена лажичка мелен лен
1/4 краставица
200 g лубеница
≈ 420–450 kcal , 24–26 g протеини , 2–3 g влакна
КАФЕ
Кафе со околу 50 ml млеко
≈25 kcal | ≈1,5 g протеини, 0 g влакна
УЖИНА
100 ml јогурт 3,2%
1 супена лажица псилиум
4 лажици боровинки
≈ 100–115 kcal , 3,5–4,5 g протеини, 5–7 g влакна
РУЧЕК
170 g лосос
1 голема шака зелена салата
4 лажици морков и цвекло
6 лажици варен наут
Сос: ½ лажица маслиново масло, 2 лажици јаболков оцет и малку лук
≈ 540–580 kcal, 40–44 g протеини, 9–11 g влакна
ПО ТРЕНИНГ
3 полни супени лажици урда
1 резне диња
≈ 110–130 kcal, 10–12 g протеини, ≈1 g влакна
ВКУПНО ЗА ДЕНОТ: ≈1.300 kcal | ≈80–88 g протеини | ≈17–22 g влакна
Нутритивните вредности се приближни и може да варираат зависно од точната грамажа, брендот и составот на производите, како и од начинот на подготовка.
Денес калорискиот внес беше понизок, но сепак имав солиден внес на протеини и влакна. Утре можеби ќе внесам повеќе калории зависно од активноста, апетитот и обврските. Не мора секој ден да биде ист – важна е целокупната слика низ деновите и неделите.
А сега кажете ми: дали вие внимавате да имате протеини, влакна и добар волумен во секој оброк? И дали сакате уште вакви видеа од мене, со реални дневни оброци и идеи?
Вероника❤️