13/05/2026
ЈОГА СЕМИНАР од 11 - 14 јуни 2026, хотел Молика, Пелистер
БИДЕТЕ ЕДНО СО ИЗВОРОТ НА ЖИВОТОТ
„Ние не сме луѓе кои имаат духовно искуство, туку духовни битија кои имаат човечко искуство.“
ПРОГРАМА:
ТЕОРИЈА – ПРЕДАВАЊА:
Шаткармас – техники за телесна и ментална хигиена за подобро здравје и ослободување на обрасците на однесување и верувања што ги ограничуваат вашите способности и таленти.
Ние го создаваме светот во којшто живееме. Ако живееме во согласност со својата божествена природа, тогаш создаваме хармоничен свет на љубов, почитување, поврзаност и убавина. Освестување на моќта за креација што ја имаме.
ПРАКТИКА:
Медитации – со седење и во движење – увид во природата на умот, свесност за мислите и емоциите, влегување во состојба на свесно присуство што ве поврзува со божественото.
Мона – останување во тишина (не зборување и внатрешна тишина)
Асани (телесни положби), пранајама (техники на дишење) и релаксација.
Ќе вежбаме во природа.
Хотел „Молика“ – Пелистер, Битола
Се наоѓа на 1350 м.н.в., сместен во борова шума, молика.
ЦЕНА НА ЕДЕН ПОЛУ-ПАНСИОН: ᴥ 1890 ден. во двокреветна соба
ᴥ 2190 ден. во еднокреветна соба
За сместувањето плаќате директно во хотелот.
ПРЕПОРАЧАНО МЕНИ ВО ТЕКОТ НА СЕМИНАРОТ