06/08/2026
Доколку сончањето е дел од вашите летни ритуали, путерот за тело Black Up за интензивно потемнување е идеален сојузник за постигнување природен, рамномерен и интензивен бронзен тен.
Збогатен е со масло од орев, β-каротен, кокосово масло, какао-путер и со витамин Е, комбинација која ја негува кожата, го поттикнува процесот на потемнување и придонесува за прекрасен летен изглед.
Неговата богата, кремаста текстура се топи при нанесувањето, а златестите честички обезбедуваат моментален ефект на сјајна кожа и суптилен бронзен сјај.
Дерматолошки тестиран и препорачан за лицата со потемна кожа, кои подобро го поднесуваат сончањето.
Путерот Black Up не содржи УВ-филтри и не обезбедува заштита од UVA- и од UVB-зраците. За безбедно изложување на сонце секогаш комбинирајте го со производ со соодветен SPF.
#АлкалоидСкопје #ЗдравјетоПредСѐ