Промедика Офталмологија

Промедика Офталмологија Гледајте подобро, живејте подобро!

👓 Колку време, пари и нерви трошиш на очила и контактни леќи секоја година?Сега замисли поинакво секојдневие.Да се разбу...
11/06/2026

👓 Колку време, пари и нерви трошиш на очила и контактни леќи секоја година?

Сега замисли поинакво секојдневие.

Да се разбудиш и веднаш јасно да го видиш часовникот.
Да отпатуваш без 3 пара наочари, резервни леќи и раствори.
Да трчаш, вежбаш или пливаш без постојано да мислиш на очилата.

✨ Ласерската корекција не значи само јасен вид.

Таа значи повеќе слобода, повеќе удобност и помалку ограничувања во секојдневниот живот.

Скролај низ објавата и откриј 3 придобивки кои можат целосно да го променат начинот на кој го доживуваш светот и 3 активности кои ќе ти се овозможат по ласерската корекција на диоптрија. ➡️

📩 Закажи го твојот преглед и дознај дали си кандидат!
👉 Бесплатен број: 0800 301 30.

09/06/2026

Некои работи се најубави кога се споделуваат. Па дури и храброста да се направи чекор кон подобар вид. 💙

Руди и неговата мајка Мери дојдоа во Промедика Офталмологија со иста желба – повторно да гледаат јасно.

Руди како професионален возач кој сакал навреме да го реши проблемот, додека пак неговата мајка сакала повторно најубавите спомени со најблиските да ги гледа кристално јасни.

Денес и двајцата зад себе имаат успешно извршени операции на катаракта во нашата болница Промедика Офталмологија и со нас ја споделија својата приказна.

Ваквите моменти нè потсетуваат дека не лекуваме само очи – им помагаме на луѓето повторно да уживаат во секојдневните моменти кои значат најмногу. 💙

08/06/2026

Секој што носи очила или контактни леќи има свои мали навики.

Да провери каде се очилата пред да излезе од дома.
Да понесе резервни леќи на патување.
Да внимава кога влегува во море.
Да ги избрише стаклата по влегување во климатизиран простор.

Со текот на времето, тие стануваат толку нормални што речиси и не ги забележуваме..

Сѐ додека еден ден не исчезнат.

Во видеото ќе видите само неколку минути од една ласерска корекција на диоптрија. Но зад тие неколку минути стојат години навики, желби и моменти во кои пациентот посакал да го гледа светот појасно.

А најубавиот дел од приказната доаѓа потоа.

Кога ќе се разбудиш едно летно утро и ќе сфатиш дека повеќе не размислуваш каде ти се очилата.
Кога ќе влезеш во вода без грижа.
Кога ќе тргнеш на патување без резервни леќи во куферот.
Кога ќе го доживееш летото онака како што отсекогаш требало да изгледа – јасно, слободно и без ограничувања. ☀️

👩‍⚕️ Д-р Фанка Гилевска

Доколку размислувате за ласерска корекција на диоптрија, закажете преглед и дознајте дали сте кандидат.

📞 Бесплатен број: 0800 301 30

26/05/2026

„Што не сте гледале до вчера, за 15 минути ќе прогледате.“ ✨

Ова се зборовите на нашата пациентка Даниела Михајловска, која по нејзината операција на катаракта во Промедика Офтамологија повторно ужива во јасен и чист вид.

Катарактата е една од најчестите причини за намален вид, но благодарение на современата технологија и искуството на нашиот тим офталмохирурзи, денес во нашата очна болница таа успешно се решава со брза и безбедна процедура која трае само околу 15 минути.

Токму затоа, Промедика Офталмологија е изборот на илјадници пациенти за нивната операција на катаракта.

Доколку се соочувате и вие со заматен вид, време е да го закажете својот преглед. Не заборавајте, моментално имаме 50% попуст на прегледот за катаракта и промотивна цена за операцијата - 36.000 денари. 💙

📞 Бесплатен број 0800 301 30.

Барате слобода од очила и контактни леќи? 🕶️Ласерската корекција на диоптрија може да биде вистинското решение! Не само ...
21/05/2026

Барате слобода од очила и контактни леќи? 🕶️

Ласерската корекција на диоптрија може да биде вистинското решение! Не само што долгорочно ќе ви заштеди средства, туку и ги елиминира секојдневните непријатности како замаглени очила и постојаната потреба секогаш да ги имате со себе.

Замислете пливање, планинарење или патување без грижа за очила или контактни леќи.

Закажете го вашиот преглед за ласерска корекција на диоптрија на 0800 301 30.

19/05/2026

Најголемата доверба секогаш доаѓа од искуство што искрено се споделува од човек на човек. 💙
Кога задоволен пациент ќе ја пренесе својата приказна, тоа станува најсилна препорака.

Токму така, по препорака од нејзина пријателка, нашата пациентка Дубравка дојде кај нас, каде ја направи својата операција, имплантација на леќи и денес е со одличен вид.

📞 Закажете го и вие вашиот преглед на нашиот бесплатен број 0800 301 30.

14/05/2026

Носиме европска експертиза и најсовремени офталмолошки практики таму каде што е најважно — во хируршката сала.

Овој викенд во Промедика Офталмологија го пречекавме Prof. Dr. Martin Sin од Чешка, кој одржа практична витреоретинална работилница заедно со нашите хирурзи Д-р Ивана Петковска, Д-р Кристина Шишарица и Д-р Агон Абдија.

За време на работилницата беа реализирани сложени витреоретинални операции и практична едукација, со фокус на размена на искуства, современи хируршки техники и унапредување на витреоретиналната хирургија.

Со секоја ваква соработка продолжуваме да инвестираме во знаење, современи техники и професионален развој — затоа што веруваме дека врвната медицина започнува со континуирана едукација.

Горди сме што сме дел од европска мрежа на знаење, соработка и хируршка експертиза која постојано се развива според највисоки стандарди.

Медицината секогаш оди напред — а ние заедно со неа ❤️

Нашите Докторки Д-р Александра Гочева Јерчиќ од Систина Офталмологија и Д-р Наташа Георгиевска од Промедика Офталмологиј...
13/05/2026

Нашите Докторки Д-р Александра Гочева Јерчиќ од Систина Офталмологија и Д-р Наташа Георгиевска од Промедика Офталмологија беа дел од “14th Balkan Ophthalmic Wetlab” курсот, кој се одржа од 6–9 Мај 2026 во Софија, Бугарија. 👁️

Интернационален курс кој ги обединува офталмолозите од Балканот и Европа со една цел — преку hands-on wetlab работилници и работа со врвни експерти, постојано да се унапредуваат хируршките вештини и самодовербата во секојдневната пракса.

Размена на искуства, нови техники, многу практична едукација и мотивација за уште поголем професионален раст. 🤍

Постојат луѓе кои не лекуваат само со знаење, туку и со внимание, трпение и топол пристап. 💙Нашите медицински сестри се ...
12/05/2026

Постојат луѓе кои не лекуваат само со знаење, туку и со внимание, трпение и топол пристап. 💙

Нашите медицински сестри се срцето на секојдневната грижа за пациентите и неизоставен дел од секој успешен третман и операција.

Ви благодариме за вашата сила, хуманост и посветеност.

Среќен Интернационален ден на медицинските сестри! 💐

Имате страбизам? Ние го имаме решението. 👁️Најсовремена хирургија на страбизам — достапна во Македонија!Без разлика дали...
08/05/2026

Имате страбизам? Ние го имаме решението. 👁️
Најсовремена хирургија на страбизам — достапна во Македонија!

Без разлика дали се работи за Вас или за Вашето дете, во Промедика Офталмологија успешно третираме страбизам — од најрана возраст па сè до зрелите години.

✨ Специјализиран врвен тим
✨ Најголемо искуство во земјата
✨ Преглед и третман од 0+ години
✨ Современо хируршко решение — без потреба од третман во странство

👩‍⚕️ Д-р Викторија Филева Фотевска - спец. офталмолог (детска офталмологија и страбологија)

📞 Бесплатен број за закажување: 0800 301 30.

Address

Св. Кирил и Методиј бр. 50
Skopje
1000

Opening Hours

Monday 08:00 - 20:00
Tuesday 08:00 - 20:00
Wednesday 08:00 - 20:00
Thursday 08:00 - 20:00
Friday 08:00 - 20:00
Saturday 09:00 - 14:00

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Промедика Офталмологија posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Business

Send a message to Промедика Офталмологија:

Share