17/09/2026
🤝 Кога бизнис лидерите се обединуваат за децата, заедно избираме подобра иднина.
Со гордост споделуваме дека основавме Бизнис советодавен одбор во Северна Македонија, платформа која ги поврзува влијателните лидери од приватниот сектор со нашата мисија за секое дете да има можност да преживее, да напредува и да го достигне својот целосен потенцијал.
„Секое дете заслужува еднаква можност да учи, да расте и да го достигне својот целосен потенцијал. За остварување на оваа визија е потребно лидерство од сите сегменти на општеството, вклучувајќи ја и бизнис заедницата. Исклучително сум благодарна на членовите на Бизнис советодавниот одбор на УНИЦЕФ што го вложуваат своето знаење, искуство и ентузијазам во оваа заедничка цел“, изјави Лесли Милер, претставничка на УНИЦЕФ во Северна Македонија
Заедно, ќе работиме на иновативни решенија и партнерства за повеќе деца, особено најранливите, да го добијат најдобриот можен почеток во животот.
Повеќе информации на линкот во коментар.