24/09/2026
Стагнираат затоа што твоето тело сеуште се рехабилитира, регулира хормони, менаџира притисок и што е најважно УЧИ КАКО ДА РАБОТИ БО ЦЕЛИНА ОД ПОЧЕТОК.
Како физиотерапевт кој е обучен за женско здравје и карлично дно, секој ден гледам жени кои "прават најдобри и исправни вежби", но го пропуштаат главното правило. (Особено жени со породување со царски рез).
1️⃣ Доење
Хормоните prolactin+relaxin овозможуваат поголемо складирање на масти, закрепнување и зголемување на силата. Ова не е загуба ➡️ ова е биологија.
2️⃣ CORE - балансира притисок
Кога јадрото е слабо, трпи цела околна мускулатура. Може да добиеш симптоми на подмочување, болка во долен дел на грбот, болка во карлично дно, болка при сексуален однос.
3️⃣ Дишење
Доколку телото е во грч и немаш широк опсег на активирање на дијафрагмата, правиш уште поголем притисок на абдомен и карлично дно.
4️⃣ Прескокнуваш редослед во рехабилитацијата
Одиш директно на advanced , а забораваш на стабилизација и контрола најпрво.
5️⃣ Карличното дно може да е ПРЕАКТИВНО или ПОМАЛЦЕ АКТИВНО
Двете може да дадат исти симптоми на "слабост".
Тука е важна координацијата.
6️⃣ Нервниот систем е сеуште во survival mode
Недоволно спиење + хроничен стрес = намалена регенерација