29/05/2026
🍪🌿 Минт колачиња
Меки во средина, крцкави однадвор и полни со свеж mint вкус ✨
Состојки:
220g ладен путер
150g кафеав шеќер
100g бел шеќер
2 јајца
400–450g брашно
Свеж матичњак или свежо нане
зелена прехранбена боја
150g темно чоколадо
Подготовка:
Путерот и шеќерот кратко се матат, па се додаваат јајцата, свежиот матичњак и зелената боја. Постепено се додава брашното додека не се добие густо тесто, а потоа се додава и чоколадото. Од тестото се формираат топчиња и се оставаат 30 минути во фрижидер.
Се печат на 180°C околу 10–12 минути, за да останат меки во средина 🍫🌿