Bilna Apteka

Bilna Apteka Чаевите кои ги има во Билна аптека се исклучиво составени од растенија кои современата медицина ги потврдува како лековити.

Употребата на растенијата како неисцрпен извор за лекување и за негување на здравјето на луѓето има долга традиција на овие простори бидејќи Македонија е исклучително богата со високо квалитетни растенија и со лековити билки. Билна аптека преку својата широка палета чаеви ја продолжува оваа традиција и во текот на своето работење практикува да ги запознава своите пациенти со сите новитети кои прои

злегуваат од неа. Важно е да се напомене дека интересот на пациентите за користењето на растителните билки, односно чаевите, во функција на нивното здравје не опаѓа и покрај фактот за развојот и моќта на фармако-хемиската индустрија, која секоја година произведува сè поголем број нови лекови со познат хемиски состав и со постојано физиолошко дејство. Илјадници стручни раце да се соберат во која било од најсовремените лаборатории во светот не можат да го синтетизираат она што може една растителна клетка во природата.

Чаевите со кои располага Билна аптека, било да се монолитни било да се комбинирани, се во изворна форма, дејствуваат со сите активни компоненти од својот состав и се составени од растенија кои современата научна медицина ги потврди како лековити. Предноста на нашите чаеви е и во тоа што потекнуваат од ова поднебје, од природен екосистем и го носат во себе квалитетот на сонцето, почвата и на влагата. Токму поради тоа, тие во својот квалитет се ненадминливи и единствени, а од друга страна се едноставни за употреба во домашни услови, не предизвикуваат несакани ефекти и сè уште се едни од најпознатите, најевтините и најлесно достапните лековити суровини. Постојат повеќе докази за нивниот придонес во зачувување на здравјето. Чаевите содржат полифеноли, пигменти и етерични масла кои го намалуваат штетното влијание на пероксидите во организмот. Популарно се вели дека тие се чувари на здравјето и „ловци“ на слободните радикали. Тие го обезбедуваат организмот со потребните микроелементи, минерали, со потребната количина вода, која лесно продира во меѓуклеточниот простор и воедно, брзо и ефикасно го чисти организмот од насобраните токсини. Тоа е важно да се нагласи за сите, особено за децата и за постарите лица кај кои потребата за овие материи е нешто поголема. Најчеста асоцијација за чај е закрепнувачки топол напиток, здравје, опуштање или природна стимулација, затоа што употребен навечер, чајот опушта од напорниот работен ден, смирува, го олеснува варењето на храната и обезбедува подобар и помирен сон, а наутро буди, го освежува духот и мислата, ја поддржува креативноста и ја поттикнува волјата. Токму поради тоа, секој од нас во својата домашна аптека треба да има барем десетина лековити растенија или чаеви, како на пр.: камилица, мајчина душица, коприва, бозел, јаглика, кантарион, босилек, ајдучка трева, коишто во секое време ќе ни бидат на располагање за да се решат едноставни здравствени проблеми.

Пациентите, кои во сè поголем број се заинтересирани за природниот начин на лекување, во нашата Билна аптека можат да добијат комплетен асортиман чаеви, како и исцрпни стручни информации за нивната примена. Многубројните чаеви кои ќе ги најдете во аптеката, како и помошните лековити средства, сочинуваат една од најбогатите палети, чија композиција е идеална, а во медицинската практика тие се потврдени со нивната 30-годишна традиција како темел на лекувањето. Вработените во аптеката секогаш се подготвени и расположени да Ви предложат комбинации од повеќе чаеви или еднокомпонентни билки, како и готови производи за точно определена индикација и болест, да Ви го објаснат начинот на подготовка на чајот, како и начинот на негово користење. Честопати, посетителите во Билната аптека по сопсвтвено барање добиваат информации и за собирање на лековитите билки, за условите и за начинот на нивно сушење, како и информации за подготовка во домашни услови на некои кремови, облоги или друг вид препарати од билки. Поради наведеното, аптеката претставува не само продажен туку и едукативен и консултативен центар, единствен од овој вид во Македонија.

Што ѝ треба на твојата кожа – хидратација или регенерација🌺? Sattwa поливитамински крем за ден и ноќ, комплетна нега што...
04/06/2026

Што ѝ треба на твојата кожа – хидратација или регенерација🌺?

Sattwa поливитамински крем за ден и ноќ, комплетна нега што ја следи кожата низ целиот ден.

Дневната формула помага да се задржи свежината и заштитата, додека ноќната ја обновува кожата и ја храни во длабочина со витамини А, Е и Ф и D-пантенол.

Баланс што се гледа наутро!

Класика што никогаш не излегува од стил!Црн освежителен чај со богат вкус и лесна овошна нота што ја прави секоја голтка...
31/05/2026

Класика што никогаш не излегува од стил!
Црн освежителен чај со богат вкус и лесна овошна нота што ја прави секоја голтка поинтересна.

За утро кога ти треба фокус… или пауза кога ти треба мир.

Жалфија — билка што со генерации има свое место во секој дом.Позната по својот интензивен природен состав и препознатлив...
27/05/2026

Жалфија — билка што со генерации има свое место во секој дом.

Позната по својот интензивен природен состав и препознатлив вкус, жалфијата најчесто се користи кога ни треба чувство на олеснување и свежина.

Топла шолја жалфија понекогаш е токму тоа што му треба на денот.

За што ти најчесто ја користиш жалфијата?

Што да изберам🌸?Со текот на времето, кожата има различни потреби – хидратација, регенерација, намалување на брчки…Sattwa...
23/05/2026

Што да изберам🌸?

Со текот на времето, кожата има различни потреби – хидратација, регенерација, намалување на брчки…

Sattwa нуди различни креми – со колаген, витамини, матични клетки од јаболко, маслиново масло и регенеративни формули, кои помагаат кожата да ја задржи својата еластичност, свежина и младешки изглед.

Но, најважно е да го одбереш вистинскиот производ за тебе.

Пиши ни каква кожа имаш (сува, зрела, чувствителна…) или што сакаш да подобриш – ќе ти помогнеме да го направиш вистинскиот избор.

Good Nature чаевите што ги сакаш, сега по акциски цени во Билна Аптека 💚Камилица за секојдневни чајни паузи, а Детокс ми...
21/05/2026

Good Nature чаевите што ги сакаш, сега по акциски цени во Билна Аптека 💚
Камилица за секојдневни чајни паузи, а Детокс микс и Зелен чај за посвежо чувство во текот на денот. ☕🍃

📣Ново во Билна Аптека Професионална пена и марамчиња за чистење патики што помагаат вашите омилени модели секогаш да изг...
20/05/2026

📣Ново во Билна Аптека
Професионална пена и марамчиња за чистење патики што помагаат вашите омилени модели секогаш да изгледаат чисто и свежо. Практично решение за брзо освежување и темелно чистење, дома или во движење.

📍Достапни по промотивни цени во Билна Аптека

Што ѝ недостига на твојата кожа во моментов? YOUNG DERM крем со масло од чајно дрво за длабински третман на акни и почис...
17/05/2026

Што ѝ недостига на твојата кожа во моментов?
YOUNG DERM крем со масло од чајно дрво за длабински третман на акни и почиста кожа.

Маслото од чајно дрво помага да се намалат акните, вишокот маснотија и бактериите, додека камилицата ја смирува кожата и го намалува црвенилото.

За кожа што изгледа почисто, помирно и избалансирано 🌸.

Кога ти треба мал boost во денот☺️! Енерго Ц – чајна мешавина со витамин Ц што внесува свежина и енергија во твоето секо...
15/05/2026

Кога ти треба мал boost во денот☺️!
Енерго Ц – чајна мешавина со витамин Ц што внесува свежина и енергија во твоето секојдневие.

Комбинација од хибискус, шипка, портокал и ѓумбир, природно освежување што помага да се намали заморот и да се разбудат сетилата.

Без кофеин, но со ефект што се чувствува.

✨Со GLOSS универзалните марамчиња чистењето е побрзо, а ти добиваш повеќе време за она што навистина значи, додека домот...
10/05/2026

✨Со GLOSS универзалните марамчиња чистењето е побрзо, а ти добиваш повеќе време за она што навистина значи, додека домот останува чист и свеж.
Ефикасно отстрануваат нечистотии и дамки од керамички, метални, пластични и стаклени површини, брзо и без компликации.

За моменти кога избираш повеќе време за себе и за своите најмили!

Топол, богат и природно освежувачки!Органски чај од шипка со хибискус, комбинација што го буди телото и вкусот.Шипката е...
05/05/2026

Топол, богат и природно освежувачки!
Органски чај од шипка со хибискус, комбинација што го буди телото и вкусот.

Шипката е природен извор на витамин Ц, додека хибискусот дава свежина и лесна киселкаста нота, совршено за секој ден.

Address

11 Oktomvri 46
Skopje
1000

Opening Hours

Monday 07:00 - 20:00
Tuesday 07:00 - 20:00
Wednesday 07:00 - 20:00
Thursday 07:00 - 20:00
Friday 07:00 - 20:00
Saturday 07:00 - 14:00

Telephone

+38923237975

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Bilna Apteka posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Share