Реплек

РЕференца за одговорност | Ристо Алајџајков, сменоводител во производство во Реплек.„По 25 години работа во фармацевтско...
04/09/2026

РЕференца за одговорност | Ристо Алајџајков, сменоводител во производство во Реплек.

„По 25 години работа во фармацевтското производство, научив дека професионалноста не е само да ја завршиш работата, туку да ја завршиш правилно, без компромиси со квалитетот и процедурите“ – вели нашиот колега Ристо, кој меѓу нас е пример за одговорност.

За Ристо, 25 години во Реплек се многу повеќе од работен стаж. Тоа се години на професионален развој, постојано учење, приспособување на нови технологии и преземање сè поголема одговорност. Но, и покрај сите промени низ годините, едно останува непроменето – дисциплината, посветеноста и почитувањето на квалитетот.

Како сменоводител, тој верува дека успешниот тим се гради врз доверба, почит и добра комуникација, а одговорноста почнува од личниот пример.

Неговиот РЕцепт е едноставен: работата да се извршува со одговорност, чесност и љубов кон она што го правиме.

02/09/2026

🍂 Season alert: почнува сезоната на настинки.

Кога настинката ќе донесе болка и треска, не мора да ѝ го препуштиш денот.
🟥 Брзо против болка. 15 минути до акција.

Парафен со комбинација од ибупрофен и парацетамол делува брзо – уште во првите 15 минути – против болка и треска при настинка и грип, но и при главоболка, забоболка, болка во мускулите, грбот и зглобовите.

💊 Парафен од Реплек.
Брзо против болка. За да продолжиш со денот.

Нови знаења. Нови предизвици. Нови можности.Секој нов почеток е можност за раст, откривање и чекор напред.На сите учениц...
01/09/2026

Нови знаења. Нови предизвици. Нови можности.
Секој нов почеток е можност за раст, откривање и чекор напред.
На сите ученици им посакуваме успешна учебна година, исполнета со љубопитност, инспирација и многу причини за гордост. 💚
А додека тие учат, растат и го откриваат светот, Реплек останува посветен на она што е најважно – грижата за здравјето и добросостојбата на секоја генерација.
РЕ+ за знаење.
РЕ+ за успешна учебна година.
Среќен почеток! 📚✏️

31/08/2026

🌅 Зајдисонце. Магичниот Охрид. Добра музика. Многу насмевки и позитивна енергија.

Вака изгледаше јубилејното 10-то издание на РЕсет со Елена Бубало и Емилија Колоска, зачинето со одличната атмосфера и музиката на диџеј Климент. 💚

Ви благодариме што повторно ја споделивте оваа енергија со нас. До следниот РЕсет... ✨

🎒 Започнува новата учебна година, а бидејќи грижата за имунитетот е важен дел од почетокот, подготвивме акција во сите п...
31/08/2026

🎒 Започнува новата учебна година, а бидејќи грижата за имунитетот е важен дел од почетокот, подготвивме акција во сите подобро снабдени аптеки: со купени 2 кутии Бактоблис пастили, добивате 1 пакување Бактоблис ќесички гратис. Акцијата почнува од 01.09.2026 и трае до 30.09.2026.

За навремена поддршка на имунитетот пред повторно да заѕвони училишното ѕвонче. 🔔
🎒 Подготвени ранци, купени тетратки, поддржан имунитет = поубав почеток на учебната година.
👩‍⚕️ Бактоблис – препорачано од Здружението на педијатри.
🛡️ Поддршка за здраво грло и помалку стрептококни инфекции.
БАКТОБЛИС – штитот од кој започнува одбраната.

🧘‍♀️ ♀ пРЕпорака од Генерација-РЕАна Ќулумоска, аналитичар во лабораторија за контрола на квалитет, препорачува:🧘 Одвојт...
29/08/2026

🧘‍♀️ ♀ пРЕпорака од Генерација-РЕ

Ана Ќулумоска, аналитичар во лабораторија за контрола на квалитет, препорачува:
🧘 Одвојте неколку минути дневно за јога или за свесно движење.
🌬️ Застанете и обрнете внимание на сопствениот здив.
💚 Прифатете ги телото, денот и моментот такви какви што се – без потреба сè да биде совршено.
✨ Потсетете се дека мирот не е место до кое треба да стигнеме, туку избор што го правиме секојпат кога ќе се вратиме кон себе.
„Ја избирам јогата како мојот РЕсет – затоа што секое враќање кон себе е нов почеток.“

Кафето може да почека. Водата не. 💧Особено во денови со високи температури, кога на организмот му е потребна редовна хид...
26/08/2026

Кафето може да почека. Водата не. 💧
Особено во денови со високи температури, кога на организмот му е потребна редовна хидратација.
Денес, наместо уште едно кафе, избирам вода.
Можам ако сакам 💙

Десет изданија.Една идеја.Да си подариме време за себе.Јубилејното десетто издание на РЕсет во Охрид го одбележавме онак...
24/08/2026

Десет изданија.
Една идеја.
Да си подариме време за себе.
Јубилејното десетто издание на РЕсет во Охрид го одбележавме онака како што најдобро знаеме – со движење, инспирација, музика и со прекрасно зајдисонце покрај езерото.
Заедно со Елена Бубало и Емилија Колоска се раздвиживме и се насмеавме, со диџеј Климент уживавме во ритамот на летната вечер, а најважно од сè – повторно се потсетивме колку е важно да се грижиме за себе.
Ви благодариме што сте дел од оваа приказна и што веќе десет изданија заедно ја градиме РЕсет – платформа за добросостојба, за ведар дух, за здраво тело и за ментална сила.
Се гледаме повторно. 💚

Секој ден е нова можност.Да научиш нешто.Да создадеш нешто.Да направиш разлика.Добре дојде во Генерација-РЕ.Следи нѐ и б...
21/08/2026

Секој ден е нова можност.
Да научиш нешто.
Да создадеш нешто.
Да направиш разлика.
Добре дојде во Генерација-РЕ.
Следи нѐ и биди дел од приказните што инспирираат. ✨

На Светскиот ден на хуманитарноста оддаваме РЕспект на оние за кои грижата за другите е секојдневна мисија.На медицински...
19/08/2026

На Светскиот ден на хуманитарноста оддаваме РЕспект на оние за кои грижата за другите е секојдневна мисија.

На медицинските работници кои со знаење, посветеност и човечност се грижат за здравјето и животот на секој од нас – ви благодариме.

За вашата грижа. За вашата истрајност. За човечноста што ја покажувате секој ден.

РЕспект за хуманоста во бел мантил.

Address

Козле 188
Skopje
1000

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Реплек posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Business

Send a message to Реплек:

Shortcuts

Share