Armadea

Armadea HOLISTIC EDUCATION for children and adults,
CERTIFIED TEACHINGS, WORKSHOPS, INDIVIDUAL CONSULTATIONS, EVENTS Design projects �

Продолжуваме со шаманските патувања започнати од минатата сезона пролет/лето, од 14.5, секој четврток од 18ч.
11/05/2026

Продолжуваме со шаманските патувања започнати од минатата сезона пролет/лето, од 14.5, секој четврток од 18ч.

Учество со донација 👇✨
11/05/2026

Учество со донација 👇✨

Овој четврток, првата средба од 18ч.
04/05/2026

Овој четврток, првата средба од 18ч.

30/04/2026
Следната ЗВУЧНА КУПКА ќе биде на 19ти мај 🎵✨🎶 во два дела: од 18ч за деца низ игра (со родител ако се мали), од 20ч за в...
27/04/2026

Следната ЗВУЧНА КУПКА ќе биде на 19ти мај 🎵✨🎶 во два дела: од 18ч за деца низ игра (со родител ако се мали), од 20ч за возрасни.

💫LifeCell  (Животна Клетка)💫 како тивка  поддршка на животот, создадена со намера за светлина и нежна сила, за себе и за...
27/04/2026

💫LifeCell (Животна Клетка)💫 како тивка поддршка на животот, создадена со намера за светлина и нежна сила, за себе и за младите душички во кристалите, што се на почетокот на своето инкарнациско патешествие. Во нејзината срцевина мируваат минерали, древни чувари на Земјата, носители на меморија, стабилност и хармонија. Во нејзината форма пулсира симболиката на клетката, првиот дом на животот, светата искра од која сѐ започнува.
💫LifeCell 💫е безвременска љубовна симбиоза меѓу човекот, природата и невидливата мудрост. Се носи блиску до срцето, се подарува како благослов, се чува како спомен на светлината во себе.✨

ЗВУЧНА КУПКА 🎵🪗🎶🎼🪇📀Постои место ( АРМАДЕА 😁) каде што зборовите не допираат… каде што мислите се растопуваат како магла ...
22/04/2026

ЗВУЧНА КУПКА 🎵🪗🎶🎼🪇📀
Постои место ( АРМАДЕА 😁) каде што зборовите не допираат… каде што мислите се растопуваат како магла и останува само вибрацијата на присуството.
Звучната купка не е само нешто што се слуша. Таа е нешто што те пронаоѓа.
Во мигот кога телото ќе легне и ќе се предаде, садовите почнуваат да зборуваат на јазик што не сме го заборавиле, тивок и сеприсутен, јазикот на клетките, на водата во нас, на тишината што памети.
Секој тон е бран што поминува низ тебе,
ги допира местата каде што збор не стигнува, ги отвора вратите што долго биле затворени, нежно, без напор, без намера.
И нешто во тебе почнува да се подредува…
како да се враќаш во првобитен ред, во природен склад што одсекогаш бил таму.
Петер Хесс садовите создаваат точно определен звук и со тоа тие создаваат безконечен,, магичен простор.
Простор во кој можеш да се растопиш,
да се исцелиш, да се сетиш.
Таму каде што нема „треба“ и нема „мора“
само дишење и бран и меко присуство.
Тогаш телото се опушта и се ослободува од тежини што не се негови, умот се смирува и тивко се повлекува, енергијата се усогласува во својот природен тек,
внатрешниот простор се отвора и почнува да свети.
Ова е сеќавање.
Сеќавање на тишината од која си создаден/а.
Сеќавање на звукот што те држи жив/а.
Сеќавање на домот во себе.
И кога ќе заминеш…можеби ништо надвор нема да се промени, но ти ќе бидеш поинаква/ов.
Помек/а. Поприсутен!/на.
Повеќе ТИ.

Своето знаење и вештини со нас ги споделува Снежана.
Датум: 24.4
Место: Рузвелтова 22
Време: 18 ч.
Учество: 1200 ден.
Пријавување: 070204998 или порака✨

По трет пат 😊 само уште 6 слободни места 🌸✨
17/04/2026

По трет пат 😊 само уште 6 слободни места 🌸✨

✡️ Шри Јантра е света геометрија и еден од најмоќните духовни симболи, за кој се верува дека ја носи енергијата на целот...
17/04/2026

✡️ Шри Јантра е света геометрија и еден од најмоќните духовни симболи, за кој се верува дека ја носи енергијата на целото создание.

Таа претставува мапа на универзумот и на човечката свест - симболичен пат од надворешниот свет кон најдлабокото внатрешно јас.

Преку боење и водена медитација, ќе се поврземе со нејзините девет слоеви. Ова е процес што смирува, фокусира и отвора внатрешен простор на свест и мир.

✨ На крај, секоја Шри Јантра ќе биде благословена и учесниците ќе ја понесат дома како лична духовна поддршка и заштита за својот дом.

Обезбедени се сите потребни материјали и бои.
Не е потребно претходно искуство.
Сите (15+) се добредојдени 🌿

🗓️ 23.04.2026
⏰ 17:30 – 20:30
📍 АрМаДеа, Скопје
💰 1500 ден.

📩 Пријавување: 071 348 354


https://www.instagram.com/p/DXM5hMsCs8u/?igsh=YWk3NnBjZHV3cXZz

ОГНОТ ШТО СЕ ВРАЌАРеики работилница за работа со родовите записи од предците како живи потоци на енергија по таткова и м...
26/03/2026

ОГНОТ ШТО СЕ ВРАЌА
Реики работилница за работа со родовите записи од предците како живи потоци на енергија по таткова и мајчина линија.

Постојат моменти кога не сте „скршени“,
туку носите нешто што одамна бара да се помести. Нешто што не е само ваше. Ехо од таткова линија. Длабочина од мајчина линија. Едната ве турка да одите напред.
Другата ве учи да чувствувате длабоко.
А помеѓу нив… стоите вие, вашиот оган, вашата суштина која чека слободно да се изрази.
Ова не е работилница за „исцелување“
или за поправање. Ова е простор каде се гледа што сте носеле од машката линија,
се чувствува што сте задржале од женската линија и се враќа вашата сопствена сила во движење.

Во овие три трочасовни средби ќе работиме преку:
- поврзување со мајчина линија (чувство, длабочина, носење)
- поврзување со таткова линија (насока, сила, движење)
- препознавање на внатрешниот застој, интегрирање на двете линии и активирање на личната животна енергија.

Ќе правиме кармичко ослободување на семејството. Чистење на родовски клетви по мајчина линија и по таткова линија.
Ослободување од завети и договори од други животи. Со тоа го враќаме слободното течение и светлината во својата родова линија.

Во оваа година на Оган, во која:
сè се движи брзо, манифестацијата станува речиси моментална, решенијата се појавуваат брзо, кармичките долгови се активираат и се завршуваат со интензитет, битно е да си го осветлиме патот.

Зошто е важно да се прави кармичко чистење на родот?
Енергијата на вашиот род, и по мајчината и по татковата линија, останува во вашите енергетски полиња сè до 9-тата генерација.
Кога овие енергии не се исчистени, кога нема енергетски разврзувања, прочистувања, ослободување од родовски клетви, вие и вашите деца продолжувате кармички да плаќате.
На работилницата, преку работа со Реики, медитација и молитва, можете да ги направите овие ослободувања и за себе и за вашите потомци, и да живеете слободен, радосен и хармоничен живот.
Во исто време го лекувате минатото,
енергијата што доаѓа од зад вас станува позитивна, им давате сила на вашите предци и тие ќе ве поддржуваат.

Минатото на нашиот род ни влијае енергетски. Нашата сегашност ја обликува иднината на нашите деца.

Сè се случува СЕГА, во сегашниот момент.

Каква можност имаме?
Да го исчистиме родовото минато до 9-тата генерација. Длабоко да го трансформираме нашиот личен живот.
Да подготвиме почисто и посвесно енергетско поле за нашите деца

Термини: 2 април, 16 април и 30 април, од 18ч.
Локација: АРмаДЕА, Рузвелтова 22, Скопје
Учество: по 1800 ден. за секоја средба(местата се ограничени)
За пријава: во порака или на 070204998

Address

Skopje

Opening Hours

Monday 13:00 - 20:00
Tuesday 13:00 - 20:00
Wednesday 18:00 - 23:00
Thursday 18:00 - 23:00
Friday 13:00 - 20:00

Website

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Armadea posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Share