ЈЗУ Спец. болница за геријатриска и палијативна мед. 13 Ноември Скопје

  • Home
  • Macedonia
  • Skopje
  • ЈЗУ Спец. болница за геријатриска и палијативна мед. 13 Ноември Скопје

ЈЗУ Спец. болница за геријатриска и палијативна мед. 13 Ноември Скопје Специјалистички интернистички прегледи за матични и приватни пациенти

🏥 ЈЗУ Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина „13 Ноември“ – Скопје со особено задоволство ја нај...
31/08/2026

🏥 ЈЗУ Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина „13 Ноември“ – Скопје со особено задоволство ја најавува Втората годишна научна конференција за геријатриска и палијативна медицина.

📌 Тема на конференцијата:

„СИНДРОМИ И СИМПТОМИ ВО ГЕРИЈАТРИЈАТА И ПАЛИЈАТИВАТА“

Конференцијата претставува можност за размена на современи научни сознанија, професионални искуства и добри практики од областа на геријатријата и палијативната медицина, со посебен фокус на синдромите и симптомите кои се среќаваат кај старите лица и пациентите кои имаат потреба од палијативна грижа.

🌐 За сите информации во врска со конференцијата, темите, условите и начинот на пријавување на трудови, посетете ја официјалната веб-страница на конференцијата:

👉 https://gerontology.org.mk/konferencija2026/index.php

📩 Пријавете го вашиот труд и бидете дел од научната програма на Втората годишна научна конференција за геријатриска и палијативна медицина.

🤝 Заедно да придонесеме кон унапредување на знаењата, размената на искуства и развојот на современата геријатриска и палијативна медицина.

#Геријатрија #ПалијативнаМедицина #НаучнаКонференција #ГеријатрискаМедицина #ПалијативнаГрижа #Наука #Медицина #13Ноември #Скопје

СО ЗАЕДНИЧКИ СИЛИ ЗА ПОУБАВ ДЕКСИОН – НАШИТЕ ВРАБОТЕНИ ДЕЛ ОД АКЦИЈАТА ЗА ПОЧИСТА НАСЕЛБАДенес, вработени од нашата уста...
26/08/2026

СО ЗАЕДНИЧКИ СИЛИ ЗА ПОУБАВ ДЕКСИОН – НАШИТЕ ВРАБОТЕНИ ДЕЛ ОД АКЦИЈАТА ЗА ПОЧИСТА НАСЕЛБА

Денес, вработени од нашата установа земаа активно учество во хуманата и општествено-корисна акција „Clean up session" на детското игралиште во Дексион, организирана од Општина Ѓорче Петров во соработка со Центарот за климатски промени.

Заедно со ООУ „Ѓорче Петров", Трокенбауер, Вардар Градба, Комуналниот пункт и вработените на општината, го расчистивме просторот и ги обновивме клупите, а наскоро следува и обнова на кантите и детските реквизити.

Со задоволство се приклучуваме кон вакви иницијативи, свесни дека грижата за најмладите и за просторот во кој растат е одговорност на сите нас - институции, компании и граѓани.

Продолжуваме да бидеме дел од промените - за почист, позелен и посигурен Ѓорче!

Активноста е дел од проектот WeLEADRural, во рамки на BOOST Balkans, со поддршка од ALDA и AFD.

На 10 август, со длабока почит и благодарност се потсетивме на хероите кои ги положија своите животи во масакрот кај Љуб...
11/08/2026

На 10 август, со длабока почит и благодарност се потсетивме на хероите кои ги положија своите животи во масакрот кај Љуботенски Бачила.

По повод одбележувањето на годишнината од овој трагичен настан, делегација на „ЈЗУ Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина" положи свежо цвеќе во знак на почит кон загинатите бранители.

Нивната жртва и храброст остануваат трајно врежани во нашата меморија и претставуваат вечен потсетник за љубовта кон татковината, достоинството и вредноста на слободата.

Нека е вечен споменот за нив и нека почиваат во мир.

Слава им.

ЈЗУ Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина „13 Ноември" – Скопје беше домаќин на висока делегаци...
30/07/2026

ЈЗУ Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина „13 Ноември" – Скопје беше домаќин на висока делегација од Светска банка.

Работиме заедно да отвориме нови можности за унапредување на условите и негата за нашите пациенти. Секој чекор напред е чекор поблиску до подобра иднина за оние на кои најмногу им е потребна грижа.

Денес во ЈЗУ Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина „13 Ноември“ – Скопје се одржа стручен и лек...
06/07/2026

Денес во ЈЗУ Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина „13 Ноември“ – Скопје се одржа стручен и лекарски колегиум, на кој беа разгледани актуелни теми поврзани со функционирањето на установата, унапредувањето на здравствените услуги и понатамошниот развој на стручната работа.

Во рамките на колегиумот се дискутираше за тековните активности, организацијата на работниот процес, како и за мерките насочени кон подобрување на квалитетот на здравствената заштита што им ја обезбедуваме на нашите пациенти.

Продолжуваме посветено да работиме во интерес на пациентите, со цел обезбедување квалитетна, навремена и професионална здравствена грижа.

06/07/2026

Разговараме со прим. д-р Ленче Нелоска, директорка на ЈЗУ Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина „13 Ноември“ – Скопје.

📌 Прочитајте повеќе на линкот во првиот коментар.

Денес сме домакини на Претседателката на Здружението на просветни работници и литературни творци Г- ѓа Благојка Филипчев...
30/06/2026

Денес сме домакини на Претседателката на Здружението на просветни работници и литературни творци Г- ѓа Благојка Филипчева и нејзиниот тим кои ни ја донесоа Благодарницата за нашата корисничка Мирослава Богатинова за нејзината творба Врела Солза од Видовдански песнички сусрети 2026 ....
Доследно спроведување на концептот Активно стареење ....

Во знак на почит кон делото и жртвата на големиот македонски револуционер и идеолог Ѓорче Петров, по повод 105-годишнина...
29/06/2026

Во знак на почит кон делото и жртвата на големиот македонски револуционер и идеолог Ѓорче Петров, по повод 105-годишнината од неговото убиство, делегација на ЈЗУ Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина „13 Ноември“ – Скопје, предводена од директорот, прим. д-р Ленче Нелоска, положи свежо цвеќе пред споменикот на Ѓорче Петров во паркот во Општина Ѓорче Петров.

Со овој чин оддаваме длабока почит кон ликот и делото на еден од најзначајните македонски национални дејци, кој својот живот го посвети на борбата за слобода, достоинство и национална самобитност на македонскиот народ.

Нека споменот на Ѓорче Петров биде трајна инспирација за идните генерации да ги негуваат вредностите на патриотизмот, пожртвуваноста и љубовта кон татковината.

🏥 Нова метода во Хоспис „Сју Рајдер" – Битола!Од 27 мај 2026 година, за надворешни пациенти е достапен ехосонографски пр...
27/05/2026

🏥 Нова метода во Хоспис „Сју Рајдер" – Битола!
Од 27 мај 2026 година, за надворешни пациенти е достапен ехосонографски преглед на абдомен (ехо на абдомен) — по систем на претходно закажување на Мој термин.
На пуштањето во употреба присуствуваа заменик министерот за здравство г-дин Јовица Андоновски и заменик градоначалникот на Битола г-ѓа Марина Крстиќ, со што беше потврдена институционалната поддршка за развојот на здравствените услуги во регионот.
Хоспис „Сју Рајдер" – Битола продолжува да го проширува спектарот на специјалистички услуги за граѓаните на Битола и регионот, обезбедувајќи современа здравствена заштита — на едно место.

Social Activе Day 2026 год  со компанијата Johnson Matthey кои ни донираа компостери за производство на биохумус и репро...
21/05/2026

Social Activе Day 2026 год со компанијата Johnson Matthey кои ни донираа компостери за производство на биохумус и репроматеријали за нашата работна терапија

Address

Борис Сарафов бр. 129, Скопје
Skopje
1000

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when ЈЗУ Спец. болница за геријатриска и палијативна мед. 13 Ноември Скопје posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Business

Send a message to ЈЗУ Спец. болница за геријатриска и палијативна мед. 13 Ноември Скопје:

Shortcuts

Share