Когниција

Когниција Центар за невропсихологија, психотерапија и за психодијагностика

Даваме услуги од следниве области:
• невропсихолошка процена на внимание, концентрација, помнење, говорно- јазични способности, визуелна перцепција, процена на конструктивни капацитети, на егзекутивни способности, на промени во однесување и сл.;
• индивидуално приспособени програми за когнитивен тренинг и за неврокогнитивна рехабилитација;
• психолошка евалуација т.е. процена на интелектуални спос

обности, профил на личност и сл.;
• индивидуална психотерапија;
• поддршка на семејства;
• едукација од област на клиничка невропсихологија и од останати области во домен на психологија.

За помош можете да ни се обратите:
• доколку имате било какви тешкотии во Вашето когнитивно функционирање, без разлика дали се работи за помнење, внимание, говор и сл.;
• доколку чувствувате најразлични стравови, изразена загриженост, анксиозност, доколку имате соматоформни нарушувања, лоша концентрација, нарушен сон, недостаток на волја и мотивација...;
• доколку немате психички тегоби, но сакате подобро да се запознаете себе си, да го подобрите секојдневното фукционирање, побргу да учите, да
бидете поуспешни во улогата на родител, да бидете поспонтани...;
• доколку сакате процена на интелектуалните способности, процена на структура та на Вашата личност, за профил на личноста;
• доколку доживувате интензивна трема при јавни настапи и останати слични ситуации;
• доколку имате конфликти во семејството, со професорите, на работното место...;
• доколку имате проблем во препознавање и во изразување емоции;
• доколку сте изложени на стрес и сакате да го намалите неговото влијание и да научите да го неутрализирате;
• доколку имате криза во учењето или во професионалниот развој.

Услугата можете да ја добиете во живо или он-лајн, по претходно закажување на термин на понудените контакт телефони, на и-мејл адресата или на веб страната на Когниција. Основните научни, професионални и етички начела и принципи коишто важат за психотерапијата и за советувањето во кабинет важат и за онлајн-психотерапија и онлајн-советување.

"Пустината не учи за водата на начин на кој океанот никогаш нема да може". Често токму недостатокот ни ја открива вистин...
11/06/2026

"Пустината не учи за водата на начин на кој океанот никогаш нема да може".
Често токму недостатокот ни ја открива вистинската вредност. Кога нешто е постојано присутно, мозокот се навикнува на тоа и го зема здраво за готово. Но кога го нема - љубов, сигурност, мир, внимание, здравје..., почнуваме подлабоко да ја разбираме улогата која ја има во нашиот живот.

Парадоксот е што страдањето не нѐ учи само што ни недостига, туку и колку сме способни да издржиме. Во моментите кога мислиме дека сме останале без ресурси, често откриваме внатрешни сили за кои не сме знаеле дека постојат.

Затоа, понекогаш најголемите животни лекции не доаѓаат од изобилството, туку од недостатокот.

Знаењето малку е опасна работа! Создава илузија на разбирање. Луѓето понекогаш имаат тенденција да ја преценуваат својат...
10/06/2026

Знаењето малку е опасна работа! Создава илузија на разбирање.

Луѓето понекогаш имаат тенденција да ја преценуваат својата компетентност, затоа што сè уште не знаат колку многу има да се научи.
Па така некој ќе прочита неколку статии за психологија и ќе почне да им поставува "дијагнози" на сите околу себе. Некој ќе изгледа неколку видеа за инвестиции и ќе биде убеден дека го разбрал пазарот...

Интересно е што како што расте вистинското знаење, често расте и свесноста за сопствените ограничувања. Експертите неретко звучат попретпазливо од почетниците затоа што подобро ја разбираат сложеноста, неизвесноста и исклучоците.

Од психолошка перспектива, скромното знаење може да биде опасно бидејќи создава лажна самодоверба, го намалува интересот за понатамошно учење, води до брзи заклучоци, може да ги направи луѓето помалку отворени за корекција...
Интелектуална зрелост не е моментот кога мислиш дека ги имаш сите одговори, туку моментот кога почнуваш да ги гледаш границите на сопственото разбирање: "Колку повеќе учам, толку повеќе сфаќам колку не знам!"

Човек може да замине на одмор, но неговото внимание, грижи и емоционален товар да останат врзани за секојдневните обврск...
08/06/2026

Човек може да замине на одмор, но неговото внимание, грижи и емоционален товар да останат врзани за секојдневните обврски.
Нашиот ум не се префрла моментално од "работен" режим во режим на "одмор". Ако со недели или месеци сме биле фокусирани на рокови, проблеми и одговорности, мозокот создава навика постојано да скенира закани и нерешени задачи.
Затоа, и кога сме на плажа или планина, вниманието спонтано се враќа на работни обврски, финансиски грижи, семејни проблеми, идни планови.
Телото е на одмор, но умот останува во состојба на мобилизација.
Незавршените обврски имаат тенденција да останат активни во нашата свест повеќе отколку завршените. Тоа создава внатрешен шум и го отежнува релаксирањето.

Кога нервниот систем е навикнат на постојана активност мирот може да изгледа чудно, неработењето може да создава вина, одморот може дури и да предизвика анксиозност.
Таквите луѓе често велат: "Не знам како да се исклучам."
Стресните обрасци патуваат со нас. Ако не се промени начинот на кој се однесуваме кон сопствените мисли, новата локација сама по себе има ограничен ефект.

Што стои меѓу "сакам да продолжам" и "сакам да се откажам"?Простор на внатрешна напнатост! Еден дел од нас гледа смисла,...
06/06/2026

Што стои меѓу "сакам да продолжам" и "сакам да се откажам"?
Простор на внатрешна напнатост! Еден дел од нас гледа смисла, надеж, можности и причини да истраеме. Другиот дел е изморен, разочаран, повреден или исплашен и сака да престане да се бори.
Во таква состојба чувствуваме ментална исцрпеност, неодлучност, постојано преиспитување, чувство дека секоја одлука носи загуба, колебање меѓу надеж и резигнација...

Оваа состојба не значи слабост или недостаток на одлука. Понекогаш таа е знак дека две важни потреби се судираат. Потребата за раст наспроти потребата за мир... Љубов наспроти самозаштита... Верност кон целта наспроти грижа за сопствените граници...
Често луѓето ја доживуваат како чувство на "заглавеност", но всушност тоа е период во кој умот се обидува да пресмета што е повредно да се зачува, а што е потребно да се пушти.

Ако си дадете себеси 1 недела да ја исчистите куќата, ќе ви треба 1 недела. Ако си дадете 1 ден, ќе ви треба 1 ден. Слич...
05/06/2026

Ако си дадете себеси 1 недела да ја исчистите куќата, ќе ви треба 1 недела. Ако си дадете 1 ден, ќе ви треба 1 ден. Слично е и со многу други цели што си ги поставувате.

Од психолошка перспектива "работата се шири за да го исполни времето што ѝ е доделено". Кога имаме премногу време, често одолговлекуваме, се занимаваме со детали што не се суштински или ја губиме фокусираноста. Кога рокот е пократок, мозокот полесно ги препознава приоритетите и ја насочува енергијата кон она што е навистина важно.

Сепак, поентата не е да живееме под постојан притисок. Премногу кратките рокови можат да создадат стрес, исцрпеност и чувство на неуспех. Вистинската вредност е во поставувањето јасни и реални временски рамки.
Кога рокот е предалечен, итноста исчезнува. Но кога знаеме што точно треба да направиме и до кога, веројатноста да преземеме акција значително се зголемува.
Затоа, прашањето е: Кое е најмалото реално време во кое можам да го направам првиот чекор?

Премиерата на мјузиклот "Као какао", активира слоеви на лични и колективни спомени. Носталгијата не е само враќање кон м...
04/06/2026

Премиерата на мјузиклот "Као какао", активира слоеви на лични и колективни спомени. Носталгијата не е само враќање кон минатото, таа помага во зачувување на чувството на континуитет на сопствениот идентитет. Кога слушаме музика што нѐ придружувала низ различни животни периоди, добиваме чувство дека нашата приказна има смисла и поврзаност.

Ваквите настани исто така создаваат чувство на припадност. Заедничкото присуство во сала, споделениот аплауз потсетуваат дека сме дел од нешто поголемо од себе. Луѓето имаат силна психолошка потреба да чувствуваат дека припаѓаат на заедница со заеднички приказни и вредности.

Кога едно дело, какво што е музиката на Влатко Стефановски, е дел од културниот код на повеќе генерации, неговото оживување на сцена станува повеќе од уметнички чин - тоа е потврда дека некои вредности и емоции преживуваат и покрај брзите општествени промени.

Од емоционален аспект, музиката има уникатна способност да ги активира чувствата. Затоа една мелодија може во ист миг да разбуди радост, тага, гордост, нежност... Таквите искуства често носат чувство на катарза т.е. можност да се доживеат и обработат емоции кои во секојдневниот живот остануваат потиснати.

На крајот, потребата од вакви урбани културни настани е и потреба за смисла. Во свет исполнет со информации, луѓето бараат искуства што не се само консумирање содржина, туку доживување.

Ваквиот мјузикл е начин луѓето повторно да се поврзат со себе, со другите и со приказните што ги обликувале.

Лицето кое ќе дознае дека боледува од сериозна болест корисно е да не заборави каков и кој бил/а пред добивањето на дија...
03/06/2026

Лицето кое ќе дознае дека боледува од сериозна болест корисно е да не заборави каков и кој бил/а пред добивањето на дијагнозата. Основно е да не се идентификува со својата болест. Важно е да ги задржи своите улоги; И понатаму е партнер, родител, сестра, брат, раководител....
Често се случува да се поистоветат со својата болест, да ги заборават сите други улоги и да станат "само" пациенти.

Нормално е да се појават страв, тага, лутина, неизвесност, разочарување... Овие чувства не се знак на слабост, туку природна реакција на тешка животна ситуација. Кога ги препознаваме и прифаќаме, полесно можеме да се справиме со нив.

Психолошката сила не значи да се минува сам низ целиот процес. Разговорот со блиските, со психолог или со група за поддршка може значително да го намали стресот и чувството на осаменост.

Животот не застанува со поставување на дијагнозата. Иако болеста носи промени, таа не ја одзема целата личност. Секој човек има свои вредности, соништа, интереси, односи и способности кои постојат и понатаму. Одржувањето на секојдневни активности, колку што е тоа можно, помага да се зачува чувството на контрола и личен идентитет.
Човекот е многу повеќе од својата дијагноза. Болеста е дел од неговото искуство, но не е неговиот целосен идентитет.

Мозокот е дизајниран пред сè да препознава и да автоматизира обрасци, а не да следи апстрактни цели. Секојпат кога практ...
01/06/2026

Мозокот е дизајниран пред сè да препознава и да автоматизира обрасци, а не да следи апстрактни цели.
Секојпат кога практикуваме одредено однесување (читање, вежбање, реакција, пушење...), врските помеѓу невроните се засилуваат. Нашите навики се моќни затоа што тие всушност ја менуваат структурата на нашиот мозок. Целите се апстрактни, а мозокот реагира на конкретни повторувања.
Како се создава нова навика на невронско ниво?
Замисли дека мозокот е шума со патеки. Секоја мисла, емоција или однесување е одење по одредена патека.
1. Сѐ започнува во префронталниот кортекс, делот од мозокот задолжен за планирање и донесување одлуки. Таму се појавува намера.
Пр.: "Ќе вежбам секое утро."
Во оваа фаза патеката сѐ уште не постои.
2. Кога почнуваш да го практикуваш однесувањето, мозокот троши многу енергија. Секојпат кога стануваш рано, облекуваш спортска опрема, почнуваш да вежбаш, се активира истата невронска мрежа. Тука важи принципот:
"Невроните што се активираат заедно, се поврзуваат заедно."
Со секое повторување врската станува малку посилна.
3. Борба меѓу старото и новото! Ова е фазата каде повеќето луѓе се откажуваат. Стариот образец има "автопат" во мозокот. Новиот образец е само тесна патека.
Затоа често се јавуваат мисли: "Утре ќе почнам", "Само денес ќе прескокнам."... Од невропсихолошка перспектива, ова не е недостаток на карактер. Старите мрежи едноставно се посилни.
4. Следи автоматизација. По доволен број повторувања, контролата постепено се префрла кон базалните ганглии. Тогаш однесувањето бара помалку свесен напор. Повеќе не размислуваш: "Треба да вежбам." Едноставно почнуваш да го правиш.
Навиката станува дел од твојот автоматски репертоар.
5. Најдлабоката промена не е во однесувањето туку во самоперцепцијата.
Од: "Се обидувам да вежбам."
До: "Јас сум човек што вежба."
Кога навиката станува дел од идентитетот, мозокот почнува да ја брани како дел од сопствената слика за себе.

Мозокот не се менува најмногу преку силни намери, туку преку повторени искуства.
Не стануваме она што сакаме да бидеме.
Стануваме она што постојано го практикуваме.

Мајчиниот јазик е јазикот на нашите први мисли, први емоции и први спомени. Преку него чувствуваме кои сме.Соништата се ...
30/05/2026

Мајчиниот јазик е јазикот на нашите први мисли, први емоции и први спомени. Преку него чувствуваме кои сме.

Соништата се повеќе слики и емоции отколку зборови, но кога зборуваме или комуницираме во сонот, јазикот обично е оној што е најпознат и најудобен, а тоа е најчесто мајчиниот јазик.

Плачењето се јавува независно од јазикот, но како бебето расте, тоналитетот и ритамот на плачењето може да се прилагодат на мајчиниот јазик т.е. "имитираат" ритам и мелодија од мајчиниот јазик.

Луѓето обично доживуваат посилни емоции на мајчиниот јазик отколку на втор јазик (пр. заклетви, навреди, интимни разговори...).

Мајчиниот јазик е често поврзан со семејни и културни вредности. Овие се "вградуваат" во психолошкиот идентитет.

Мајчиниот јазик е дом на нашите мисли и огледало на нашиот идентитет.
Да го негуваме ❤️

Честопати луѓе со скромно знаење и скромни капацитети немаат доволно увид за да ја препознаат сопствената ограниченост, ...
29/05/2026

Честопати луѓе со скромно знаење и скромни капацитети немаат доволно увид за да ја препознаат сопствената ограниченост, па затоа се преценуваат. Наспроти тоа, поискусните луѓе често се посвесни колку е сложена реалноста и стануваат повнимателни и без тенденција да си додаваат на вредност.

Исто така луѓето не проценуваат секогаш според вистинска вредност, туку според групно мислење, потреба да припаѓаат, изглед, емоционална потврда наместо факти...

Затоа во јавноста често најгласните личности добиваат најмногу внимание, иако не се најкомпетентни.

Address

Pariska 22/11
Skopje
1000

Opening Hours

Monday 09:00 - 20:00
Tuesday 08:00 - 20:00
Wednesday 08:00 - 20:00
Thursday 08:00 - 20:00
Friday 08:00 - 20:00

Telephone

+38976350820

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Когниција posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Business

Send a message to Когниција:

Share